Така убав, перфиден, луциден, господин, над сите. Во се најдобар. Тој си го чисти патот, мирно, тивко, без многу врева. Полека, бесчујно, ги сместува сите таму во лудницата, преку едниствениот грев, со кој сме во допир секоја секунда, и кој не мами нас, луѓето, скришно, неусетно, ни се пика под кожа… а Парите?! Хартија, лажна…
Никој него не го вознемирува…
Убедувањето околу тоа дали тој постои или не, вечна дилема, а најлошо од се е кога тој ќе те убедува дека Тој постои, а ти не, не, не хахах… се смееш на секој негов сериозен збор. Атеист си нели!?
Кога ќе ти седне на клупа тој, кој се знае за тебе, а ти си веруваш дека првпат те гледа. Кога ќе ти ја претскаже мислата, а не ја знеш… Во мигот на смеа и волшебство и пари, ќе го погледне родот, паднат пред себе. Род на кој и тој припаѓа. Го демне и набљудува од театарските столчиња. Во мигот на тага, во крвавите очи за тој исти род и ќе рече, пред да почне магијата ‘‘ Мене ме интересира, дали се тие сменети одвнатре … ‘‘ , но ‘‘… Луѓе ко луѓе, од секогаш сакале пари, а ете, по некогаш и милосрдие… ‘‘.
Кога ќе ја донесе до работ, неа, онаа, која Љуби и само со збор – таа ќе ти ја предава душата своја. Ќе се појави неговиот посланик, во миг, и тој знае се за тебе, што и сама не знаеш, зошто оној претсходно му кажал, оди таму и таму, и таа ќе каже вака и вака, прискокни во помош. Шепни нека дојде, за него. Ќе ја даде душата своја во неговите раце, но тој е милостив и ‘ништо‘ не бара од неа, а му дала се.
Ноќ. Балови. Непокајното, е тука, иде со векови при него, а тој, среќен зошто му се поклонуваат нему, не сака да остане без поклоненици, ни тогаш, а ни сега не го сака тоа. Стадото да му се намали. А таму, на балот, гревот царува, и неговото величество Темниот цар, скриен. Меѓу своите!
Што би правело злото, без доброто и обратно?!
Барај од мене, Љубов вечна, земна за себе, за него, а за вечната љубов ќе ми слугувaте мене. Безумието е тешко да се опише и заслепената љубов те носи во неговите раце, а од таму, при него, каде има ‘‘вечен‘‘ живот. Со само малку еликсир од неговите раце, тоа ќе ве спои. Повторно тој ништо не прави, неговите раце се ‘‘чисти‘‘, а рацете на слугите негови…
Не бара блудни страсти од неа, и колку да ја поскаува грешно вљубената жена, која за само еден миг сака и да ја допре, но тоа не е неговиот стил, не е тоа она што него го велича, храни, го прави благороден, а најмногу ја сака блгородничката крв. Најчесто, тие се избраните за неговата свита.
Сето ова и уште многуте негови карактеристики ќе ги видиме во ликот на Воланд или …?!
(инспирирано од претставата ‘‘ Мајсторот и Маргарита‘‘ одиграна во МНТ – Скопје )
https://www.facebook.com/MakedonskiNarodenTeatar/
Катерина Грозданова