Жан-Пол Сартр
Роден: 21 јуни 1905 Париз, Франција
Починал: 15 април 1980 (воз. 74 г.) Париз, Франција
Период: Филозофија на XX век
Подрачје: Западна философија
Школа: Егзистенцијализам, Континентална философија, Марксизам
Претежна дејност: Метафизика, Епистемологија, Етика, Литература, Политика, Феноменологија, Онтологија
Значајни идеи
(Постоењето ѝ претходи на суштината – (француски: L’existence précède l’essence), Лоша среќа, Ништожност.
Жан-Пол Сартр — француски филозоф,писател (драматург и романописец) како и критичар од XX век. Неговото дело ја одбележа средината на векот, а неговиот интелектуален ангажиран живот поттикна разни полемики. Верен на себеси и на своите идеи, секогаш ги одбивал признанијата посебно во 1964 Нобеловата награда за литература. Хиперактивна личност, тој е познат по своето дело, особено по неговите философски парадигми кои се групираат под името егзистенцијализам, како и по неговиот политички ангажман, радикална левица. Сартр е познат и по неговата долгогодишна врска со Симон де Бовоар.
Биографија
Жан Пол Сартр е основоположник на француската егзистенцијалистичка школа и импресивна фигура во современата литература на својата земја. Најпознати негови дела се романите „Тегобност“, „Патишта на слободата“, драмите „Валкани раце“, „Зад затворени врати“, философските дела „Битие и ништожност“ и „Критика на дијалектичкиот ум“.
Во 1964 година ја добил Нобеловата награда за литература, но ја одбил велејќи: „писателот мора да одбие да си дозволи да биде преобразен во институција, дури и ако таа е во најчесна форма.“
На 25 јули 1956 година, на пропатување, заедно со Симон де Бовоар, Сартр доаѓа во Скопје.