Во прво лице
НИШТОТО Е ДОВОЛНО
ЗА СЕБЕ – Драматична.
ЗА ЉУБОВТА – Тоа е најголемата слобода. Ќе го цитирам Едвард Олби. “Без оглед на предизвиците, на сите предизвици…доаѓаме до моментот кога сфакаме дека, без оглед на тоа што сме направиле, без оглед колку било успешно, колку храбро, колку… “добро”, доаѓаме до моментот кога сфаќаме дека во сето тоа нема никаква разлика. Зјапаме во мракот и сфакаме дека – НИШТОТО е доволно. ”
- ЗА ЖИВОТОТ: Треба да го погледнеш директно во очи.
- ЗА ТЕАТАРОТ: Уфф ќе паднам во сопствената глупост ако почнам да го објаснувам J Тоа е исто како кога ќе прашате некој сликар за тоа какви чувства имал дури насликал некое дело или идентично на она кога ќе му влезете во спалната соба на некој пар.
- ЗА ДОБРОТО – Добрината не се учи.
- ЗА ЗЛОТО – Ни тоа не се учи, но не треба да му се пристапува со страв.
- ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ – Ме инспирираат.
– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? – Пријателството е слобода.
- ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ – Јас цело време мислам дека глумам, а глумата е вистината. Парадокс.
- ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА – Нека се исчисти, ќивам непрекинато J
- ЗА КОЛЕГИТЕ – Мое, твое, сечие.
- ЗА НЕНАПРАВЕНИТЕ ПРЕТСТАВИ – Јас секој ден си правам претстави J
12 . ЗА ИДЕЈАТА – Највистинска е кога е инстинктивна.
- ЗА СОНОТ – Јас имам еден сон, неотсонуван е тој.
- ЗА ЈАВЕТО – Го предизвикувам секојдневно.
- ЗА ВИНОТО – Разрешува сцени.
- ЗА СЕМЕЈСТВОТО – Моето семејство е приватна театарска “институција” која ги живее сите емоции, која има слух и за чујното и за нечујното. Во таа приватна театарска “институција” секој проблем се разбира и прифаќа како предизвик.
- ЗА КРАЈ – Крајот е МИГ.
Мигот е само нов предизвик за Наше Театарче J