Е трагикомедија на Вилијам Шекспир за која се смета дека била напишана помеѓу 1596 и 1598 година. И покрај тоа што е класифицирана како комедија во Првото фолио и поседува одредени аспекти од другите романтични комедии на Шекспир, оваа драма веројатно е најзапаметена по своите драматични сцени и е најпозната по ликот на Шајлок и познатиот говор „Нема ли Евреинот очи“. Главниот лик е трговецот Антонио, а не Eвреинот и лихвар Шајлок, кој е највпечатливиот и најславeн лик од драмата. Ова јасно се прикажува и на насловната страница на првото кварто: ”Најславната приказна за Венецијанскиот трговец.Со невидената суровост на Eвреинот Шајлок кон споменатиот трговец, и сечењето на фунта од неговото месо: како и освојувањето на Порција со избирањето на еден од трите ковчежиња.”
Датум и текст кога, каде…
Се верува дека Венецијанскиот трговец е напишан помеѓу 1596 и 1598 година. Драмата била спомената од страна на Френсис Мерес во 1598 година, така што веројатно била поставувана на сцена дотогаш, а насловната страница на првото издание во 1600 година наведува дека била изведувана „многупати“ дотогаш. Споменувањето на бродот на Саларино „Андреа“ (I,i,27) најверојатно алудира на шпанскиот брод Св. Андреа заробен од страна на Англичаните во Кадиз во 1596 година. Датумот 1596–97 се смета за конзистентен со стилот на драмата.
Драмата била внесена во Регистарот на Здружението на книжари, начинот на кој во тоа време се добивало авторско право за нова драма, од страна на Џејмс Робертс на 22 јули 1598 година под наслов Венецијанскиот трговец, познат и како Евреинот од Венеција. На 28 октомври 1600 година, Робертс го префрлил своето право врз претставата на сопственикот на книжарница Томас Хејс; Хејс го објавил првото кварто пред крајот на годината. Повторно било отпечатено како пиратско издание во 1619 година, како дел од таканареченото Лажно фолио на Вилијам Џагард. (Потоа, синот и наследник на Томас Хејс, Лоренс Хејс, побарал и добил одобрување за неговото право врз претставата, на 8 јули 1619 година). Воглавно се смета дека изданието од 1600 година е точно и доследно, и е основата на текстот објавен во Првото фолио од 1623 година, во кое се наведени неколку сценски упатства кои главно се однесуваат на сценската музика.
Изведба – Најстарата изведба за која е зачуван запис била одржана на дворот на Кралот Џејмс во пролетта 1605 година, по која следела и втора изведба неколку дена подоцна, но нема никаков запис за други последователни изведби во седумнаесетиот век. Во 1701 година, Џорџ Гренвил поставил успешна адаптација, насловена Евреинот од Венеција, во која Томас Бетертон ја играл улогата на Басанио. Оваа верзија (пропратена со маска) била популарна, и се одигрувала во наредните четириесет години.
Краток синопсис – Во 14 век градот Венеција во Италија бил еден од најбогатите градови во светот. Меѓу најбогатите трговци во овој град бил Антонио. Басанио, млад венецијанец и благородник кој го потрошил својот имот, сака да отпатува за Белмонт
за да и се додворува на убавата и богата наследничка Порција.
Порција – богата наследничка
Во Белмонт, Порција и Басанио се венчаваат, исто како и Грацијано и помошничката на Порција, Нериса. Басанио добива писмо во кое му се соопштува дека Антонио не е во можност да го врати заемот земен од Шајлок. Во шок, Басанио и Грацијано веднаш заминуваат за Венеција , со пари од Порција, за да го спасат животот на Антонио нудејќи му пари на Шајлок. Без знаење на Басанио и Грацијано, Порција го испраќа нејзиниот слуга, Балтазар, по совет од роднината на Порција, Беларио, адвокат, во Падова.
Во Белмонт, Порција и Нериса се подбиваат и се преправаат дека ги обвинуваат нивните сопрузи пред да откријат дека тие биле всушност маскирани како адвокатот и неговиот помошник (V). Откако сите други ликови се помируваат, Антонио дознава од Порција дека три негови брода не биле загубени во морето и на крајот безбедно се вратиле.