Тихомир Стојановски
КУЛТУРОЛОШКИ ФЕНОМЕН НА ТЕАТАРОТ
И секако кога веќе дојдовме до котата на словото, на зборот, не можеме да избегаме од неговата боженственост нели: “Во почетокот беше словото и словото беше во Бога и Бог беше словото”10. Тоа македонскава земја ја прави како земја на словата, по доаѓањето на Апостолот Павле во Македонија, по сонот на Македонецот
ја покрстува првата христијанка во Европа, Лидија. Сонот на Апостол Павле во кој го сонува Македонецот кој му вели:”… премини во Македонија и помогни ни…”11. Потоа Господ ги испраќа Петар и Павле во светата земја да го шират евангелието.
На таа тема повеќепати веќе е пишувано и во други студии во последниве години. И ние сценските верници со театарот “Скрб и утеха” ја имаме играно таа сцена со Апостолот Павле и Лидија, во 1996, како пример дека се прекршуваат театарот и историјата. Ја поставивме во драмата “Ние”. Ја одигравме на “мајката сцена”. Ја споделивме со гладачите. Ја допревме точката на театарот и религијата, на театарот и историјата, и на театарот и самиот живот. Или на театарот и запишаниот збор, секако од Светото писмо, како дел од религијата. И ако потоа повлечеме културолошка линија меѓу словата и македонскава земја, секако не зборавајќи го театарот во кој се играат и озвучуваат во сценски дејства словата, би требало да ги споменеме Свети Климент со кирилицата, Свети Кирил со глаголицата, и секако митскиот македонски цар Орфеј кој бил “пронаоѓач на азбуката”12 како следственост, како запишана историја од претходниците. Како запис од животната драма на тлото на Македонија. Како запис за македонската историска, но и духовна драма. Барем така може да се прочита во напишаните книги. Во напишаните драми. И нели да споменеме уште една реплика запишана во животната драма и театар дека: “историјата ја пишуваат победниците”. И затоа историјата треба да ја разбереме како драма. Како театарско дело напишана од оној кој победил. Но, сепак и да ја бараме нејзината следственост во однос на македонската култура. На културата која се создавала на македонското тло. Со оглед дека нé има како култура и духовност. Дека именувањето Македонија и Македонци трае и денес. Не исчезнало како во случај на одредени антички именувања како Скити, Траки, Илири, Дардани, Пеонци кои исчезнале како именувања што не значи дека ги нема и како култура. За да се разбере историскиот запис и неговата врска со театарот. За да се разбере именувањто и историската, културолошка следственост.