КИРЕ Ѓоревски актер

 

 

Во прво лице 

ЗА ЗЛОТО Е КРИВ БОДЛЕР

 

  1. ЗА СЕБЕ
    Кире од Битола.

2 . ЗА ЉУБОВТА:
Сестра на Стравот.

  1. ЗА ЖИВОТОТ:
    Ренде.Рендаме со полна снага,понекогаш и себеси.
  2. ЗА ТЕАТАРОТ:
    Светилиште.Живот во друг мултиверзум.Екстаза на друго постоење,поразлично.
  3. ЗА ДОБРОТО
    Пишува во учебниците за основно образование.
  4. ЗА ЗЛОТО
    е крив Бодлер.
  5. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ
    Мракот е единствено недостаток на светлина.Се е светлина.
    За другото се информираме од ТВ кутијата.

 – А, ПРИЈАТЕЛИТЕ?
Amicus animae dimidium.

  1. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ
    Парфем со лош квалитет.
  2. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА
    Се будиме наутро и легнуваме навечер.
  3. ЗА КОЛЕГИТЕ
    Подеднакво важно делче од мозаикот.
  4. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ
    Секоја година нова реколта компири.
    Многу е важно да уживаш.

12 . ЗА ИДЕЈАТА
на креативните,искрените и добрите.

  1. ЗА СОНОТ
    како спектакуларен перформанс на Филип Декуфле/
    Philippe Decouflé.
  2. ЗА ЈАВЕТО
    честа сериозна душевна проблематика кај вљубените.
  3. ЗА ВИНОТО
    на татко ми… Само тоа.
  4. ЗА СЕМЕЈСТВОТО
    Алеја на безгрижноста.Бесценето.
  5. ЗА КРАЈ
    Чет Барет.И после пак 🙂

 

Изабел Ипер, Франција и Благој Мицевски Македонија ПОРАКА за светскиот ден на театарот – 2017

 

https://www.world-theatre-day.org/index.html

Интернационален театарски институт ИТИ Светска организација за изведбените уметности Порака за Светскиот ден на театарот за 2017 Изабел Ипер, Франција

Еве веќе 55 години, секоја година во пролет се собираме за да го прославиме Светскиот ден на театарот. Само еден ден, само24 часа за да се прослави театарот во целиот свет, почнувајќи од Но и Бунраку театрите, преку Пекиншката опера и Катукали, задржувајќи се меѓу Грција и Скандинавија, од Есхил до Ибсен, од Софокле до Стриндберг, меѓу Англија и Италија, преку Сара Кејн и Пирандело, а тука е и Франција меѓу останатите, и Париз кој како светски град и понатаму дочекува најголем број на театарски групи од целиот свет. Нашите 24 часа од Франција нèводат во Русија, од Расин и Молиер до Чехов, а оттаму преку Атлантикот во некој кампус во Калифорнија каде млади луѓе можеби повторно ќе го измислат театарот. Бидејќи театарот секојпат повторно се издигнува од својата пепел; се ослободува од старите конвенционалности заземајќи некоја модернистичка форма: тој така останува жив.Театарот има плоден живот кој им пркоси на просторот и времето; најсовремените пиеси се потпираат на достигнувањата од минатите векови, а дури и најкласичните репертоари стануваат модерни и витални кога повторно ќе се постават на сцена. Тогаш Светскиот ден на театарот очигледно не е обичен ден споен во процесија со други обични денови. Тој ни овозможува пристап до еден огромен просторно-временски континуум. За да можам да го концептуализирам ова, дозволете ми да цитирам еден француски писател на драми, толку генијален колку што беше и дискретен, Жан Тардје: Кога се мисли на просторот, Тардје вели дека е разумно да се праша „која е најдолгата патека од една точка до друга?“… За времето тој предлага мерење „во десетинки од секунда, на времето кое е потребно да се изговори зборот ’вечност’“… За просторот и времето, пак, вели: „пред да заспиеш, фиксирај во умот две точки во просторот и искалкулирај го времето потребно на сон, да се стаса од едната до другата точка“. Фразата на сон останала со мене. Како Тардју и Боб Вилсон да се сретнале. Светскиот ден на театарот можеме да го сумираме и потсеќавајќи се на Семјуел Бекет кој на Вини ѝги дава зборовите: „Ах, колку убав ден ќе беше“. Кога размислував за оваа порака, а за којашто покана да ја напишам се чувствувам почестена, се сетив на сите соништа за сите овие сцени.Така што во оваа сала на УНЕСКО не доаѓам сама; секој лик кој некогаш сум го играла е тука со мене, улоги кои само навидум заминуваат отако ќе се спушти завесата, но кои во мене издлабиле подземен живот, спремни да им помогнат или да ги уништат улогите кои следат; Федра, Араминт, Орландо, Хеда Габлер, Медеа, Мертеј, Бланш Дибуа… Додека стојам денес пред вас ме надополнуваат и сите ликови кои сум ги сакала и на кои сум им аплаудирала како пиблика. И токму затоа му припаѓам на светот.Јас сум Гркинка, Африканка, Сиријка, Венецијанка, Русинка, Бразилка, Персијка, Римјанка, Јапонка, Њујорчанка, Марсејка, Филипинка, Аргентинка, Норвежанка, Кореанка, Германка, Австријка, Англичанка – вистински граѓанин на светот, благодарение на личниот ансамбл кој постои во мене. Бидејќи токму тука, на сцената, во театарот, се наоѓа вистинската глобализација. На Светскиот ден на театарот во 1964, Лоренс Оливие изјави дека после еден век борба во Обединетото Кралство тукушто се формирал Национален театар којшто веднаш сакал да го пробликува во меѓународен театар барем во поглед на репертоарот. Тој добро знаеше дека Шекспир му припаѓа на светот. Истражувајќи кој сè ја пишувал поракава, ми беше задоволство да дознаам дека пораката за инаугурацискиот Светски ден на театарот му била доверена на Жан Кокто, достоен кандидат имајќи предвид дека е автор на книгата „Повторно на пат околу светот за 80 дена“. Јас поинаку патував околу светот, јас патував преку 80 претстави или 80 филмови. Ги сметам тука и филмовите бидејќи не наоѓам разлика меѓу играњето во претстави и играњето во филмови, што ме изненадува секој пат кога ќе го кажам, но вистина е, така е, не гледам разлика меѓу двете. Додека ви се обраќам, јас не сум јас, не сум актерка, јас сум една од многуте луѓе благодарение на кои театарот постои. Тоа е и наша должност, но пред сè наша потреба; како се вели: „Не постои театарот поради нас, туку ние постоиме благодарејќи му нему. Театарот е силен. Тој се спротивставува и преживува сè: војни, цензури, сиромаштија. Доволно е да се каже дека „театарот е гола сцена од некое неодредено време“ – сè што и треба е актер. Или актерка. Што ќе прават? Што ќе кажат? Ќе зборуваат ли? Публиката чека и ќе дознае. Конечно, без публика нема театар – тоа никогаш да не го заборавиме. И само еден човек е публика. Но да се надеваме на помалку празни столчиња.Освен можеби во „Столовите“ од Јонеску… таму на крај старата вели: „Да, да, да умреме во полна слава. Да умреме за да влеземе во легендите… барем некоја улица да наречат по нас…“ Светскиот ден на театарот постои веќе 55 години. Во 55 години јас сум осма жена која е поканета да ја сочини пораката, ако ова може да се нарече порака. Моите претходници (машкиот род се наметнува!) зборуваа за театар на имагинацијата, на слободата и на оригиналноста за да се евоцира убавина, мултикулурализам, за да се постават неодговорливи прашања. Во 2013, пред само 4 години, Дарио Фо рече: „Единственото решение за кризата лежи во надежта дека ќе се организира еден голем „лов на вештерки“ против нас, а особено против младите луѓе кои сакаат да ја изучуваат уметноста на театарот: новатадијаспора на театарски уметници која од оваа лоша состојба несомнено ќе извлече незамислива корист за еден нов театар“. ’Незамисливакорист’, звучи како добра фраза, достојна за некоја политичка програма, зарем не? И бидејќи сум во Париз непосредно пред претседателските избори, би сакала да им предложам на оние кои копнеат да нè управуваат да бидат свесни за незамисливатакорист која ја носи театарот. Но притоа да истакнам: без лов на вештерки!! За мене театарот е онојдругиот, тој е дијалог, тој е отсуство на омраза. Пријателство меѓу народите – не знам што тоа точно значи, но верувам во заедницата, во пријателството меѓу публиката и актерите, во трајното единство меѓу народите кои театарот ги спојува – преведувачи, едукатори, костимографи, декоратери, професори, практичари и публика. Театарот нè штити, нè засолнува… Јас верувам дека театарот нè сака… онолку колку што ние го сакаме… Си спомнувам на еден стар режисер од стар ков со кого работев, кој секоја вечер пред да се крене завесата ќе викнеше на цел глас: „Направете пат за театарот!“ – и тоа нека бидат моите завршни зборови за вечерва. Ви благодарам.

Превод од француски и англиски: Кристина Пешева-Диновска

Mакедонската порака ја напиша Благој Мицевски, костимограф, режисер, уметнички директор на Народниот театар од Битола.

Во македонската порака Благој Мицевски вели дека театарот е рудник во кој уметниците секојдневно се спуштаат длабоко во окното на своето тело и душа и си посакуваат среќа. Таму го наоѓаат своето богатство, за потоа, секојдневно исправени пред публиката да кажат:

– Сведоци сме дека тоа не е така, но, сепак, театарот има моќ да го менува човекот, да создава подобри светови од оној во којшто секојдневно живееме, да создава слики што порано не сме ги виделе, јазик што сите го разбираме и на кој заедно се смееме или плачеме. Некои, пак, велат дека театарот е во криза. И со тоа не се согласувам. Во криза е човекот кој не сака безгрижноста на својот дом, удобноста на својата фотелја и виртуелниот свет да ги замени со реален, вистински контакт и возбуда. Во светот во кој еден фејсбук-статус ве прави да се чувствувате како херој или како голем уметник или како сестран експерт, знам дека е тешко да се биде реален, пишува Мицевски.

„Еве ме, тука сум, сум бил и ќе бидам!“ – Многумина, исто така, ќе речат дека театарот има моќ да го менува светот на подобро. Сведоци сме дека тоа не е така, но, сепак, театарот има моќ да го менува човекот, да создава подобри светови од оној во којшто секојдневно живееме, да создава слики што порано не сме ги виделе, јазик што сите го разбираме и на кој заедно се смееме или плачеме, истакнува Мицевски. Според него, театарот е храна и тоа онаа многу популарната – органска.

– Затоа што сами ја засејуваме, затоа што знаеме на каква почва ја одгледуваме, затоа што не ја прскаме со вештачки ѓубрива, туку ѝ подаруваме љубов, а не лажни ветувања. Храна, која иако понекогаш ни го превртува желудникот, нѐ прави да се чувствуваме добро и долго да живееме, вели Мицевски во пораката.

Никола Ристановски 27 март 2010

 

ПРЕД 17 ГОД ЗА ДЕН НА ТЕАТАРОТ РЕКОЛ

 

актер од Македонскиот народен театар 

 

Далеку од мојата земја – ме прашуваат за мојот театар. Никогаш не сум имал доволно дистанца од него, за да знам се за него… Ја немам ни сега. Но, сигурен сум, дека спецификата на тој Театар – е детерминира на од поднебјето, од менталитетот, јазикот, насле-дството, опште ствениот момент… И се разбира – од поединци. – Индивидуи.. Некои Глумци, режисери… Живи луѓе.Во конкретниов случај – И со уште нешто – кое незнам како точно се нарекува – но силно го чувствувам. Нешто што не е правец – ниту вид. Нешто што не е систем – туку инстинкт. Нешто што не е естетика – туку антрпологија… Нешто што има свои подеми и падови. Но и свои длабо ки корени. Тоа е мојот Театар.Вечерва повторно ќе бидам дел од него – и сосема – инстиктивно ќе ја оставам пред неговите врати – целата таканаречена култура што ја создава современиот поредок,- користејќи ги технолошките митови од една страна, и прин-ципот на задоволување на физиолошките потреби – од другата.И повторно – како и секогаш – ќе ги затворам вра тите на сето она што го спречува – вистинско то поимање на човековата суштина и инди видуал-ност. Ќе ги оставам надвор – сите слатки вистини – бранети со бедеми од лаги, и сето она – што коренито ги навредува – сеопфатните и разно-бојни човечки искуства.Освен нив, во него ќе ги најдам – сите оние хумани вредностии – што сме ги подзаборавиле патем – силувани од оние кои владеат со светот надвор – со законот на посилниот, со поредокот, со принуди и награди и со привидот на обра-зованието.Тој Театар – силно ќе се спротистави на исто-ријата – затруена со митологија, ќе ја воспостави – сегашноста – како единствена возможна рамка за вистинска љубов, и – суптилно, чувствено и разумно – ќе ја насети смислата на нашата иднина и идентитет.Мојот Театар – вечерва – повторно ќе се пре-соблече во рувото на Дон Жуан, ќе ја отфрли бесмилата на апсурдот и погубноста на малогра-ѓан шти ната. И по којзнае кој пат – ќе се обиде да ги напипа -принципите за човечката несреќа, како и изворите на неговата бесконечна сила. Ќе се обиде да го спротивстави – убавото на грдото. Да го просее доброто од злото. Помислу-вам дека таквиот Театар би можел да биде – но ва Но ева барка….Далеку од дома – си ја допуштам себеси оваа Илузија, зашто – конечно – без илузии – во ова време на “чисти сметки” и ”реални нешта“ – ние се повеќе нема да бидеме во состојба да живееме како човечки суштества,Можеби затоа – сеуште верувам во луѓето – кои се во состојба да сонуваат преку Театарот. И да бидат негова суштина .Тие едноставно – понекогаш имаат талент – да го замислат оној Живот, – кој неличи – на животот што го живееме денес. И тие имаат моќ да го менуваат на подобро.

Песна – Ристо Шишков ( 23 март 1940 – 17 јуни 1986 )

 

 

Песна од Ристо Шишков

Земи ги… очиве
моиве две остри сабји
нанижи си ги како два…
златни синџири
околу твоите бели гради.
Земи ја… устава
од неа вода да пиеш
јас ќе си одам в планина
и ќе ти бидам комита.
Јас сум ти твојот комита
Ристо Беломорски,
од Грамос и Вичо Планина
роден во време опасно,
време комунистичко.
Комунистиве глава кренаа
и мене в зандана турија
за моја жална
Македонија.
Комунистиве ми даваат
рубата комитска
да се претворам во
Турунџе
да се претворам во Гули
војвода
за да си ладам душава
душава моја изгорена.
Не сум ти јас Турунџе
ниту сум Гули војвода
јас сум си самиот комита-
Ристо Беломорски
Дај ми го….шмајзерот
јас да си одам в планина
там да си најдам дружина
дружина одбор комити.
На Грамос
ќе најдам Делчета
на Пирин ќе најдам
Сандански
на Бигла ќе најдам Јордан
Пиперка.
Дружба да дружам
со комити
дружба да дружам,
бој да си бијам
бој да си бијам со три
ламји со три аждаи
со варварите, татарите и
србоманите
што ми грабнаа убава
девојка,
ја грабнаа и оковаа со три
синџири.
Роб робува убава девојка
роб робува седумдесет
години.
Дај ми ја….сабјата
сабјата дипленица
да си искинам синџири
седумдесетгодишни
да си ослободам девојка
робинка
девојка робинка – лична
Македонија.
Земи ги……..очиве
моиве две остри сабји
нанижи си ги како два
остри синџири
околу твоите бели гради.
Земи ја……..устава
од неа вода да пиеш
јас ќе си одам в планина
и ќе ти бидам комита.
Јас сум ти твојот комита
Ристо Беломорски
од Грамос и Вичо
Планина.

( Песната за прв пат беше и е објавена ов монаграфијаѕта ШИШКОВ од Гоце Ристовски 1999 год )

СУЗАН АКБЕЛГЕ – АКТЕРКА

 

ВО ПРВО ЛИЦЕ

 

“Without Love breath is just a clock ticking.”

 

1. ЗА СЕБЕ : Не се променив, само се пронајдов себеси.

2 . ЗА ЉУБОВТА: “Without Love breath is just a clock ticking.”

3. ЗА ЖИВОТОТ: Животот е достапен само во сегашниот миг … не губете време

4.ЗА ТЕАТАРОТ: Повторно се вљубив.

5.ЗА ДОБРОТО : Потруди се да го најдеш и во себе и во другите.

6. ЗА ЗЛОТО : Губи на кондиција.

7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ: Претплатникот не е достапен – А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? Колку и да не сте се виделе, продолжувате од таму каде што сте застанале, ,како да факторот време воопшто не постои.

8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ : Губење на време .

9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА Половина од мојот живот заедно..а сеуште ме привлекува и повикува на танц .

10. ЗА КОЛЕГИТЕ Ми недостасуваат….Некои се тука ..но некои не се тука и додека се тука.

11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ Се во свое време

12 . ЗА ИДЕЈАТА : Совршенство ; Недопирлива и Бесмртна..Ако тргнала ништо не може да ја сопре.

13. ЗА СОНОТ : “You may say I’m a dreamer ; but I’m not the only one ”

14. ЗА ЈАВЕТО : На тенка линија дали сонувам со отворени очи или пак живеам во соништата.

15. ЗА ВИНОТО : Да се конзумира со одбрани луге

16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО : Таму каде што животот започнува, а љубовта никогаш не завршува.

17. ЗА КРАЈ : Секогаш нов почеток.

Две во едно

 

Кон премиерата на претставата „ Авантурите на Аладин“ на големата сцена на МНТ

Според прикажаното во оваа бајка, таа е легитимен театарски чин, колку за деца, толку и за возрасни.

На 22 Март, на големата сцена на МНТ, се одржа премиерата на детската претставата „ Авантурите на Аладин“. Според приказните за Аладин, од збирката „ Илјада и една ноќ“, чии творби настанале меѓу 9 и 14 век, адаптацијата ( драматизацијата) и режијата ги направи Бојан Трифуновски. Неговиот концепт на ниво на нарација се разликува од оригиналните приказни за Аладин, но останува пораката дека љубовта, добрината и истрајноста победуваат, наспроти злобата и алчноста за материјални вредности и висок општествен статус.

Адаптираните приказни за Аладин , ја прикажуваат љубовта меѓу сиромашниот син на перачката и ќерката на императорот , Џасмин, уште од мали нозе. За таа љубов да биде крунисана со брак, Аладин мора да стане принц зашто императорот не ја дава ќерка си за сиромашни. Од тие причини , за да заработи пари и слава, Аладин се впушта во авантури. Ја прифаќа поканата на лошиот Абаназер Велики , (во оригиналното дело е Великиот везир Јафар), да ја извади од мрачната пештера волшебната ламба , за што ќе биде богато награден. Но, по таа случка, кога Аладин се враќа променет, благодарение на магијата на добриот дух од ламбата, Абаназер ќе се обиде да ја украде ламбата. Но, на среќата на Аладин и Џасмин работат и Робинката од прстенот, со магија и нејзиниот сакан, принцот Леополд. Тие на момчето му подаруваат килим што лета за да си ја спаси идната сопруга. Ова е накратко сижето на првата детска претставата , поставена на големата сцена во новиот објект на МНТ.

Сижето е подредено на класичната драмска структура, со почеток, средина и крај. Така дејствието е погодно за разбирање од страна на децата. Авторот на овие редови имаше можност во тоа лично да се увери на предпремиерната изведба, на која имаше деца од предучилишна и училишна возраст. Нивните реакции пријатно изненадија и беа доказ дека Трифуновски успешно си ја завршил работата. А, кон целоклупното доживување на младата публика, влијаеше и употребата на адаптирани сонгови на светски поп и рок хитови , хуморот, афтентичните костими и сценографија што ја доловија убавината на источната традиција и култура од приказната . Но, според прикажаното во оваа осовременета верзија, приказната за Аладин е легитимен театарски чин и за возрасни. Присутниот аспект на борбата за егзистенција на Аладин и неговата мајка, во нарацијата, отвора простор претставата , чиј драмски материјал потекнува од дамнина, да се чита како коментар за екстремно изразениот материјализам денес во светот. Во таа насока, режисерот на крајот има порака за сите гледачи, без разлика на годините, дека не треба да се биде себичен во животот.

Абаназер Велики – Сашко Коцев

Од аспект на актерски креации, „ Авантурите на Аладин“, е претставата на Сашко Коцев. Тој настапува во улогата на злобниот и алчен Абаназер Велики, кој колку е страшен за децата, толку е и комичен. Оваа постигната мерка меѓу две крајности, Коцев ја темели врз сугестивна и сочна креација, за почит. Тука некаде е и Никола Ацески, во ликот на веселиот Дух од ламбата кој копнее по слобода. Неговата жовијалност произлегува од текстот, но и од темпераментот на Ацески. Тој направи улога со особен печат, како што и Славиша Кајевски го прикажа Императорот. Но кај Кајевски, костимот , а пред се гласот кој минува низ семплер, многу помогна за ефектната креацијата. Тоа, за жал, не е случај со останатите учесници во претставата. Тргнувајќи од Александар Михајловски, кој ја толкува улогата на Аладин, преку неговата мајка и перачка – Камка Тоциновски, Дарија Ризова во улогата на Џасмин, Драгана Левенска како Робинката од прстенот и Леонора, до Ненад Ангелковиќ во улогите на Страшилото и Принцот Леополд. Овие актери дадоа се од себе на сцената, беа забавни, играа коректно, но кај нив недостасуваше трансформација, таман толку за да не ги гледаме на сцената нивните прикажани способности во постари претстави или нив самите. Тоа посебно важи за Михајловски како протагонист, кој неодамна успешно настапи во ликот на Силјан Штркот Шанца, на малата сцена на МНТ, а овдека како Аладин не отиде ни чекор понапред. Веројатно, сличните мотиви на двата тинејџерски лика го спречија во тоа. Во претставата настапуваат и деца од Драмското студио на актерката Магдалена Ризова Черних : Анастасија Ташковска како малата Џасмин, Дарио Ефтимовски како Малиот Аладин и Енџи Николоска, Изабела Јакимова, Бранко Атанасов, Ема Давчева, Стефан Миленков, Мина Јелушиќ, Магдалена Младеновска и Лазар Христов. Тие толкуваа епизодни улоги на слуги и поданици во дворецот на императорот. Нивната менторка добро ги подготвила за говорење текст и за сценски движења, па нивниот аматеризам ни во еден миг не беше „ изеден“ од професионализмот на останатите актери во претставата. Напротив, сите заедно се бореа за пополнување на големата сцена, при што најпроблематично на пати се покажа пласирањето на текстот во салонот.

Авторка на сценографијата, која го доловува раскошот на Средниот Исток, е Илина Ангеловска. Како костимографки за прв пат во МНТ работеа Антонија Гугинска- Јорданоска и Елена Вангеловска. Тие направија функционални костими со кои се заокружува бајковитоста на претставата, со акцент на социјалните разлики на ликовите. Автор на обработките на сонговите е Џијан Емин, а кореографијата е на Александра Кочовска Начева. За сценските борби и видео анимациите беше задолжен Миодраг Константинов.

Накратко, „ Авантурите на Аладин“ е обид да се направи спектакл и со него да се привлече нова, млада публика во МНТ. Сега, кога целта е постигната, останува да се види колку тоа ќе се одрази на билетарницата.

Сотир Трајков

Театарски маски на античкиот свет на Грција

 

 

Грчкиот театарски маски (Сл. Ендрју Тарнер / Flickr)

Денес театарот е најстариот секуларна институција. Можеби тоа е причината зошто е толку тешко да се поверува дека во неговото јадро на стариот обреди и ритуали, и дека само со текот на времето, како резултат на постојана трансформација, тој изгубил карактеристики на “светост”.

Ова се случи во Грција, но дури и пред Египќаните и Сумерите. Театарот не е, сепак, само откривањето на нашата култура. Долгата традиција на театарот, исто така, Индија и Јапонија. Секаде театар се појави од обреди. Со проучување на раните форми на театар во Крит, наидуваме на мистериозен феномен на Игрите. Тие се состоеше од еден вид на дуел човек со бик. Точно бик тој се уште не може да го замени човекот во маска. Ние не се потсетиме во овој момент Минотаурот? Слична основни верска култура мешавини медитеранска култура и далечна со во Индија. harappańską. Фактот наоѓајќи кај хаубата во облик на глава со рогови, како и цртежи на човечки фигури на грбот на еден моќен бик докажува дека тука се одржа игри и мистерии, слични на оние на островот Крит. Веројатно раѓањето на индискиот театар, исто така, не е без инспирација obyły форми на ритуал. Во индиската традиција е мај, кој се однесува на светот како илузија, која не е проекција на човечките pojmującego божествена Мај, или маска на богот.

Грчкиот театарски маски

Театар, кој денес го знаеме во Европа, е изведен од верски прослави во чест на Дионис – богот на екстази, плодна силите на природата, култури и вино. Во Елада театар беа дел од култот и е роден со колективното искуство на светоста и искуство на магиско-религиозни. Зборот “трагедија” се преведува како “коза песна” (Tragos = коза, од пеење =). Таа се однесува на примарна жртва на коза посветен на Дионис, чија кожа стави случуваат актер и месото добие награда за најдобар пејач. Главниот елемент на овие обреди, поврзани пред се одгледувањето на виновата лоза и производството на вино, беа паради, ора и песни. Од особено значење беа во декември Dionizje Мали (рурален развој) и пролет Велика Дионисија (Сити), бидејќи тоа доведува до грчката трагедија.

Правилната театарска маска појави во Атина прибл. 500 години стр. Гл., Но, десетици години порано Tespis, креаторот на грчката трагедија, насликани бели ликови од водечките актери. Театарски претстави, одигра во култот активностите на градови-држави функции. Нивната содржина беше прашањето за трагичната судбина на човекот со маската изразија близок однос со Бог – Дионис спасител. Дури и подоцна, во театарот целосно секуларизирани, се уште одекнува често не е нешто што може да се пренасочат надвор од секојдневниот живот и да доведе до катарза и духовно ослободување.

Маски за грчкиот актер го замени шминка, која учесниците се користи дионизиски фестивали, бидејќи мал број на уметници мораше да се справи со неколку ликови на сцената. Покрај тоа, растојанието на уметникот од гледачот беше во грчкиот театар толку голем што ќе биде изрази на лицето невидливи актерот. Освен тоа, широк удирани со тупаници дупка во устата служеше како soundboard, зајакнување на глас. Употребата на маски е дозволено истовремено да играат повеќе улоги од страна на еден изведувач. Имаше, исто така, важни причини за религиозна природа, добиени повеќе од оригиналниот церемонии во чест на Дионис, кој придонесе за фактот дека маската стана траен театарска конвенција.

Златна маска на Агамемнон Микена

Маските се направени од платно, плута или дрво, а потоа насликани. Тие се состоеше од делот со здолниште и дел на лицето за покривање на задниот дел од главата. Тоа беше обезбедена под брадата на лигаментите. Дупките се мали очи со обележани протеини и обиколен ученици. Маските се поделени во стрип, трагично и сатирични, секој се карактеризира со различни својства. Некои од нив се карактеризира со “трајна” насмевка (еквивалент на различни нијанси емоционални), други – карактеристични изразување (одраз на силна, минливи емоционални состојби). Од друга страна, имаше многу подвидови на маски, зборува за некаква форма, нејзиниот социјален статус, возраста или полот. Нивната појава веднаш интимизирана гледачот, obeznanemu конвенција, со кој карактер театарот мораше да се справи со. Боја на косата маска укажа на возраста. Маски на жените обоен во бело, и сатири обично црвено. Сето ова значи дека маската стана помалку и помалку реална личност. За таа е додаден карактер атрибути. Царот се појави со жезол, supplicants со маслинови гранки. Комичарот исто така носеше маска, но без onkosu (висока Шапка, што се издига над капакот на моторот, може заедно со клинови за зголемување на актерот колку што е една петтина од нејзиниот раст), својствена само за актерот во трагедија. Комедија создадена видови своите маски, кои постепено skonwencjonalizowały нагоре.

Од грчкиот театарски маски зеде Рим

Процес (роман) – Франц Кафка

 

 
Автор Франц Кафка
Наслов на
оригиналот
Der Process
Земја Австрија
Јазик Германски
Жанр(ови) Филозофски роман
Издавач Курт Волф Ферлаг, Минхен
Издадена 1925

Во своето дело „Процес“, Франц Кафка ја опишува судбината на една обвинета личност во светот на институциите и нејзината агонија при талкањето низ лавиринтот наречен бирократија. Извонредна алегорија за апсурдната борба на поединецот за зачувување на својот интегритет во машинеријата на инсинуациите и шпекулациите кои се обидуваат да ја разградат личноста. Наметнување на вина за случај базиран на сплет од околности кои заедно креираат димензија на испланиран, координиран хаос. Преку најразлични психолошки методи, со обвинувања и заплашувања, се создава слика на безизлезна состојба во која некој мора да ја превземе одговорноста. Влијанието на насоченото јавно мислење станува фатален при пресметката на таа одговорност.

Значење на делото

Преку овој алегоричен романКафка kритикува бирократијата на Австро-унгарската власт, која била имуна на сѐ што е човечко и човекот го поистоветувала со формулар. Тој сметал дека тогашните судови биле премногу исполитизирани за да му овозможат да поединецот да се брани, па аналогно на тоа таквите институции не носеле правилни одлуки. Дел од литературните експерти ја поврзуваат пораката на „Процес“ со еврејското прашање, односно прашањето за вина е одредено според припадноста на поединецот во определена групација, нација или класа. Преку карактерот на Јозеф К. се согледува дека луѓето спротивно на своето достоинство им се додворуваат на властите како би ја придобиле нивната наклонетост.

Идејата на ова дело е немоќта на човекот како единка да ги разбере принципите и механизмите на власта, како и неможноста за отпор спрема неа. Кафка го кренал гласот против малите луѓе кои ја барале милоста на големите. Во идејата на романот некако потајно провејува нишка за апсурдноста на постоењето, што подоцна ќе ги инспирира Албер Ками и Жан Пол Сартр да ги постават темелите на егзистенцијализмот.[5] Што се однесува до темата, таа е пеколот на човековата интелектуална свест во борбата против бирократијата и злото кое го наметнува власта.

Театарски адаптации

  • Сценаристот и драмски режисерСтивен Беркоф приспособил неколку од романите на Кафка за сценска изведба. Неговата верзија на „Процес“ била премиерно одиграна во Лондон, 1970 год, додека во пишана форма верзијата била издадена 1981 год.
  • Грег Ален, драмски сценарист одЧикаго, направил доста успешна театарска претстава темелена на овој роман. Истата била на репертоарот на локалните театри неколку месеци.
  • Драмата Јозеф К. е напишана од Том Базден, која претставува современа верзија на култниот роман, а својата премиера ја доживеала во театарот воНотинг ХилЛондон.
  • Готфрид фон Еинемја создал операта Der Prozeß, што било прв случај некој да компонира музичко дело базирано врз дејството во романот.

Французинот Серж Ламот направил сопствена драмска преработка на „Процес“ во 2004 год., која одреден период се прикажувала низ театрите во Монтреал и Отава.

 

Филмски адаптации[

ТЕАТАТАРСКА СЦЕНОГРАФИЈА

ДЕФИНИРАЊЕ НА ТЕАТАРСКАТА СЦЕНОГРАФИЈА

Под поимот театарска сценографија се подразбира обликување и креирање на сценскиот простор во кој се игра драмската/балетската/оперската претстава. Поимот потекнува од старогрчкиот збор (скенографиа), сцена, цртање; што упатува на сликање на сценскиот декор, театарско сликање; сликање на предмети во далечина, перспективно сликање. Овој поим е интернационално прифатен театарски израз и се користат и поимите: сценограпхѕ / стагецрафт / сет десигн (анг.), сзенограпхие/ бüхненбилд (герм.), сцéнограпхие (франц.) и есценографíа (шпан.). Човекот што се занимава со креирање/создавање на сценографијата се нарекува сценограф. За различното гледање на поимот сценографија се изјасниле голем број сценографи. Дефинициите кои следат се дел од искажаните гледања за сценографијата на некои од најдобрите сценографи од светот, кои се поместени во книгата Šта је сценографија? од Памела Хауард. (стр. 11 – 15) – Жером Меклберг, Белгија: Прилагодување на дадениот простор за театарското случување; – Хозе Карлос Серони, Бразил: Просторно толкување на сцената; – Јозеф Свобода, Чешка: Взаемно дејствие на место, време, движење и светло на сцената; – Ги-Клод Франсоа, Франција: Уметност на создавање на оној вистински простор за игра за секој сценографски медиум; – Таурус Ва, Хонг Конг: Визуелна уметност и дизајн во различни медиуми; – Рони Торен, Израел: Облик, боја и светло претворени во нереална реалност; – Казуе Хатано, Јапонија: Живот на просторот и визија на човештвото; – Хамзах Мохамед Тахир, Малезија: Визуелна уметност која опфаќа елементи на драма, емоции и комуникација; – Јозеф Цилер, Словачка: Материјализација на фантазијата; – Џорџ Алекси-Мескишвили, САД: Свет на фантазија, место каде можам да патувам низ иднината и минатото и да го покажам сопствениот свет на сцената; – Јаго Перикот, Каталонија: Визуелизација на драмскиот текст – да се види значи да се верува; – Владимир Аншон, Естонија/Русија: Ова е игра на времето, просторот и чувствата во услови на некоја ситуација; – Ерик Кауенховен, Холандија: Наговестување на просторот кој во главата на гледачот се трансформира во што било; – Миодраг Табачки, Србија: Идејно решен визуелен простор на претставата кој е обликувам во физичка и архитектонска целина. Она што ги карактеризира и поврзува овие познати и реномирани светски сценографи во дефинирањето на оваа област се поимите: визуелна уметност, дизајн, простор, време, дејство, движење, светло, текст, боја, актер, режисер, гледач. Општо гледано, сценографијата е спој на ликовната уметност, скулптурата, архитектурата и дизајнот; неразделна е од оптиката, односно светлината. Таа во себе обединува неколку различни категории од кои зависи и кои се нејзини неразделен елементи: односот и читањето на текстот; визијата и гледањето на режисерот; видот и употребата на материјалите, бојата и светлото; костимот, движењето, ритамот и технологијата на изработка. Според сценографот Памела Хауард, сценографијата подразбира склоп на неколку аспекти, кои имаат иста тежина и значење во целата претстава и каде секој извира и зависи од претходниот. Сфаќањето на сценографијата започнува со разбирањето на потенцијалите на празниот простор во кој ќе биде изведена претставата. Потоа врз основа на текстот се истражува контекстот на претставата за да се одберат правите објекти, форми или бои кои треба да се вградат во просторната композиција што на текстот ќе му дадат виталност и визија. Според Хауард, просторот е мртов сé додека не го населат актерите кои ќе станат движечки елемент на сценските слики, толкувајќи ја приказната која се нагласува со употреба на тој простор. Соработката помеѓу театарските уметници понатаму е насочен кон режисерската визија, и сето тоа го оживува простор и го обликува во согласност со потребите на претставата. Конечниот елемент, кој го затвора овој кругот, е публиката која го исполнува заедничкиот простор на театарската зграда и која е онаа причина за која се создава делото. Сценографијата се подразбира онаква какво што е само ако овие седум аспекти имаат еднаква тежина и значење во целата театарска претстава, каде секој од нив извира од претходниот и зависи од него. (Хауард, 2002: 19) Шематски прикажан процесот на изработка на една сценографија може да се прикаже на следниов начин: ТЕКСТ РЕЖИЈА СЦЕНОГРАФ ЦРТЕЖ (ПРОЕКТ) технички цртежи избор на материјал ИЗВЕДБА Столарска работилница Декоратери Сликање/ боење ПОСТАВУВАЊЕ НА СЦЕНА СВЕТЛО МАЈСТОР АКТЕРИ.

Магистерски труд на Ивана Jарчевска