НАМЕСТО ХЕПИЕНД

 

проф.д-р Христо Петрески

КРАТКАТА ПРОЛЕТ И НАСОЛЗЕНАТА ЗАВЕСА

  • ДВОВЕКОВИЕТО НА ЈОРДАН ХАЏИ КОНСТАНТИНОВ – ЏИНОТ

Или: за генезата на неговото стамено име и џиновскиот книжевен, културен и образовен придонес

Сестрана, несекојдневна, самопрегорна личност

Два века од постоењето и дејствувањето на Јордан Хаџи Константинов – Џинот, една несекојдневна личност, индивидуалец, книжевник, драматург и учител од Велес.

Толку многу нешта иницирал и реализирал Џинот, што со право може да се наречат неговиот лик и дело џиновски. Тој, заедно со Кирил Пејчиновиќ и Јоаким Крчовски, е еден од нашите први и најзначајни преродбеници и просветители, иако до денешни дни сî уште не е адекватно вреднуван во македонската историја и култура.

Јордан Хаџи Константинов – Џинов припаѓа на група македонски просветители и преродбеници од ЏИЏ век. Со својата просветителска дејност придонел за создавање граѓанска култура и литература во Македонија.

Со својот труд длабоко ја задолжил Македонија, а бил пионер во многу области, поради што бил во немилост на грчките владици, па бил прогонуван, затворан и негиран. Прв извел метеоролошки мерења во Македонија; тој ги поставил основите на образовниот световен систем, бидејќи духовниот веќе постоел во црквите; вовел нови предмети: мајчин јазик и географија, кои дотогаш не биле познати; имал посебен режим на учење и на настава, спроведувајќи го новиот учителски метод.

Некои од неговите драмски текстови ја изразуваат идејата за ослободување од долговековното турско ропство и од духовното туторство на грчката црква и за македонското национално единство и за соработката со словенските земји и народи. Пишувал драмски текстови и заедно ги изведувал со своите ученици.

Џинот четири децении работел на воведување на просветата на народен мајчин јазик, како писател и сестран творец од областа на културата. Џинот, исто така, се занимавал и со преведувачка дејност, со собирање народни умотворби, со пишување афоризми, правел преписи, собирал стари ракописи, имал огромна библиотека со повеќе од 1.500 книги…

 

TЕАТАРОТ КАКО МАСОВНА И ЕЛИТНА КУЛТУРА

 

Тихомир Стојановски

  1. КУЛТУРОЛОШКИ ФЕНОМЕН НА ТЕАТАРОТ

Но, да се вратиме на феноменот, на посебноста на театарот. Тој може да појде од една реченица, една загатка и да ја рашири во драма, да ја провери на сцената, да ја соочи со своето време и својата култура. Сега и овде, како што велат познавачите, како на пример К.С. Станиславски. Дека театарот се случува “сега и овде”. Потоа таа реплика од пишан и кажан збор излегува од театарската наука и практика и влегува во животната драма како општо кажуван поим и вистина. Знаење кое се повторува масовно на театарските проби, претстави, изјави, соочувања. Реплика, која од театарот влегла во животот. И секако како основа за “психодрамата” на Едгар Морено со која ги лекувал пациентите откако ќе го одиграат својот “проблем” на замислената сцена. Психотерапија низ игра по урнек на театарот. Можеби како “показ” дека на сцената актерот црпи и доаѓа до границата меѓу свесното и несвесното. Тоа, пак, открива уште една точка која ја објаснува длабоката духовна природа на театарот. Театарот е на некој начин лечилиште на потсвесната народна состојба и општеството. Кога на пример, ги игра судирите и конфликтите на нашето современие и нé соочува со нив. Ни помага да ги разбереме и доживееме и надживееме во себе. “Нејсе”.

Драги Костовски ( 1930 – 1980 )

 

Драги Костовски

dragi-kostovski-208x300
Роден 22 април 1930 Битола
Починал 3 декември 1980 Скопје
Националност Македонец
Познат по улогата во:
Републиката во пламен
Волшебното самарче
Патот кон иднината
Занимање глумец
Драги Костовски (роден на 22 април 1930 во Битола – починал на 3 декември 1980 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.

Биографија[уреди | уреди извор] Во 1947 година се запишал на Државната театарска школа во Скопје. Уште од почетокот на својата театарска кариера (1949) играл значајни улоги. Својата надареност ја потврдил и како филмски актер. На филм дебитирал со својата улога во Мис Стон (1958), по што следувале низа од филмови во коишто како носител на главни и епизодни улоги ја потврдил својата извонредна способност за типолошки преобразувања. Настапувал и на телевизија[1].

Џенап Самет, актер

 

 

Во прво лице  

 

 

Животот е војна, бори се !

 

  1. ЗА СЕБЕ

Нека кажат другите😊

  1. ЗА ЉУБОВТА:

Најбитна и вечна

  1. ЗА ЖИВОТОТ:

Животот е војна, бори се !

  1. ЗА ТЕАТАРОТ:

Живот

  1. ЗА ДОБРОТО

Најбитната работа во светот

  1. ЗА ЗЛОТО

Непознат поим !

  1. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ

Нека си го живеат животот

 – А, ПРИЈАТЕЛИТЕ?

Секогаш подготвен за нив

  1. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ

Глумата треба да остане само и само во театарот 😄

  1. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА

Нека е вечна, а за мене е неодолива

  1. ЗА КОЛЕГИТЕ

Нека се помножат

  1. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ

Има уште време.

12 . ЗА ИДЕЈАТА

Би сакал да постои додека сум жив.

  1. ЗА СОНОТ

Реална фантазија

  1. ЗА ЈАВЕТО

Без јавето не можеме да сонуваме

  1. ЗА ВИНОТО

За кого како 😊

  1. ЗА СЕМЕЈСТВОТО

Единствена најубава животна награда

  1. ЗА КРАЈ

Бидете среќни, бидете насмеани

 

 

ЖАК ПРЕВЕР 4 февруари 1900 – 1977

СВЕТСКИ ЛЕГЕНДИ: ПОЕТОТ ОД ПАРИЗ

За тебе љубов моја … празник на зборовите

Критиката за Превер: Имаме впечаток дека тој всушност не ја пишува, туку ја говори, ја кажува својата песна, зашто во неа има повеќе елементи на устен, одошто на писмен стил. Затоа неговите песни се податливи за компонирање и лесно се пеат…
Неговата смрт во голема жал и црнина го беше завила Париз и цела Франција, претворајќи се во национална жалост

 

FRANCE. Paris. French poet, Jacques PREVERT. Contact email: New York : photography@magnumphotos.com Paris : magnum@magnumphotos.fr London : magnum@magnumphotos.co.uk Tokyo : tokyo@magnumphotos.co.jp Contact phones: New York : +1 212 929 6000 Paris: + 33 1 53 42 50 00 London: + 44 20 7490 1771 Tokyo: + 81 3 3219 0771 Image URL: http://www.magnumphotos.com/Archive/C.aspx?VP3=ViewBox_VPage&IID=2S5RYDY4LXFI&CT=Image&IT=ZoomImage01_VForm

Биографија
Роден: 4 февруари 1900
Починал: 11 април 1977
Занимање: поет, сценарист
Жанр: поезија
Литературно движење: симболизам

ЗА ЗБОРОТ…Неговата поезија е мошне едноставна и разбирлива, полна со народна лексика и изрази земени од секојдневниот живот од вистинските среќни или несреќни, драматични или комични судбини на луѓето. Во сосема слободен стил или во своевидна ритмика и со понекоја рима, тој пишува за да ја воздигне мелодичноста на песната.

Големиот поет на љубовта, Жак Превер јасно се спротивставува на извештачениот поетски јазик и израз. Тоа го чини еден од најпопуларните француски поети на сите времиња, веднаш по Беранже и Виктор Иго. Во тоа се согласуваат и критичарите и читателите. Неговите стихозбирки се печатени и препечатувани во огромни тиражи и по стотини илјади примероци, рамо до рамо со најчитаните романи и бестселери од неговото време. Неговиот пример одлично говори за тоа дека поезијата за која се мисли дека времениот свет ја губи смислата и својата моќ заедно со нејзиниот шарм, може и тоа како да биде популарна творечка дејност. За тоа меѓу другото ќе се изјасни и критиката: Имаме впечаток дека тој всушност не ја пишува, туку ја говори, ја кажува својата песна, зашто во неа има повеќе елементи на устен, одошто на писмен стил. Затоа неговите песни се податливи за компонирање и лесно се пеат…За тоа жив пример е чудесната интерпретација на фамозниот Ив Монтан, кој музички ја доловува неговата “Мртви лисја”, која и до ден-денешен се слуша.

Мошне широк е и тематскиот круг на неговата поезија: од љубовна среќа и радост, од животните разведрувања и надежи, до очајот, недовербата, болеста, кукавичлакот, заморот и смртта. Но, сепак во центарот на се е љубовта, разноличјето на љубовта, нејзината магија и моќ, нејзината нежност и жестокост, нејзините трагични или хумористични страни, нејзината вечна привлечност… Поезијата на Жак Превер е чист плод на францускиот дух и шарм, на француската неисцрпна творечка имагинација… тој шармантен дух ја прави татковината на Превер (Франција) привлечна за луѓето од сите меридијани…

Значи, почнувајќи од неговата најпозната стихозбирка “Зборови” (достигнала тираж од еден милион примероци), па преку “Спектакли”, “Дождот и убавото време”, “Куп од разни нешта” и “Други работи”, тој не престанува да ја задлабочува својата трага во европската и светска уметност и култура. Затоа, останува единствен во љубењето на љубовта, во животот и смртта…

ЗА ЖИВОТОТ И СМРТТА…
Прогледал во градот на светлината Париз (4 февруари 1900), а починал во 1977 година, покрај својата животна придружничка Жанин. Неговата смрт во голема жал и црнина го беше завила Париз и цела Франција, претворајќи се во национална жалост. На радиото и телевизијата со денови се емитувани неговите песни, напати текстуално, напати со потресната музика на Јозеф Козма, а во малите париски бистроа и ресторански тераси што поетот толку ги сакал и посетувал, или во тесните улички по булеварите, во некое оградено паркче, љубовните парови си ги потпевнувале токму тие песни… како нешто блиско, свое, народно…

А бил и воспитувач во различни интернати, живеел боемски живот и скитал по париските улици и ноќните локали. Пред војната (1925-1929) бил активен во надреалистичката група за потоа да се оддели и да тргне по свој пат. За време на Втората светска војна, како наставник во една провинциска гимназија пишувал многу песни… Така настанала легендарната “Збирка зборови”… Еден од најголемите настани на тогашниот културен живот на Франција. Од тогаш па до денес блеска неговата слава, која трае до и по неговата смрт.

 

Библиографија:

Стихозбирки

“Зборови” (1945)
“Спектакли” (1951)
“Дождот и убавото време” (1955)
“Куп од разни нешта” (1966)
“И други работи” (1972) и др.

Сценарија за филмови

“Брег во магла”
“Смешна драма”
“Денот се раѓа”
“Вечерниот посетител”
“Децата на рајот” и др.

За тебе љубов моја
Отидов на пазарот за птици
и купив птици
за тебе
љубов моја
Отидов на пазарот за цвеќиња
и купив цвеќе
за тебе
љубов моја
Отидов на пазарот за железо
и купив пранги
тешки пранги
за тебе
љубов моја
Отидов на пазарот за робови
и те барав тебе
но не те најдов таму
љубов моја.

Празник
Чашите беа празни
и скршени шишињата
Постелата беше разместена
и вратата заклучена
И сите ѕвезди од стакло
од среќа и убост
блескаа во правот сур
на нечистата соба
А јас бев мртов пијан
и во огнот на радоста
А ти пијана жива
и сосема гола
во моиве врели раце.

Подготвил: Борче ГРОЗДАНОВ

Александар Ѓорѓиоски – актер

 

 

Во прво лице

 

НЕПРИЈАТЕЛИТЕ Ги има насекаде.

 
ЗА СЕБЕ –
Мал
ЗА ЉУБОВТА:
Кога умот е тивок а срцето гласно
ЗА ЖИВОТОТ:
Бараме живот на друга планета, а на оваа го толчиме со пета.
ЗА ТЕАТАРОТ:
Прилично моќен медиум
ЗА ДОБРОТО
Сигурно има “добро” само тогаш кога има тотално внимание – внимание без никаков
мотив.
ЗА ЗЛОТО
На злото му треба мотив
ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ
Ги има насекаде.
– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ?
Малку се но заедно сме посилни од овие погоре.
8.   ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ
Сте излажале некогаш некого?
9.  ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА
Да, понекогаш на сцената се собира многу прашина, но и покрај тоа, земам длабок здив и  храбро излегувам да играм!
10.  ЗА КОЛЕГИТЕ
Поздрав колеги!
11.  ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ
Па.. еве, чекаме да дојдат да си поиграме малку.
12 . ЗА ИДЕЈАТА
Доколку не се пренесе во акција, останува само мисла.
13.  ЗА СОНОТ
Не го сакам кога е лош.
14.  ЗА ЈАВЕТО
‘Hell is empty and all the devils are here.’
15.  ЗА ВИНОТО
Бело
16.  ЗА СЕМЕЈСТВОТО
Да се сака и почитува, со сите пороци и доблести. Во добро и зло.
17.  ЗА КРАЈ
Леее прашањава немаат крај човече  ☺

ФИРДАУС НЕБИ актер

 

 

Роден во Скопје 1952

Основно и средно ( Цветан Димов ) Скопје

Дипломец на ФДУ 1975 ( тогаш Висока Музичка Школа )

Од 1975 – 1982 член на Турска драма при Театарот на Народностите – Скопје

Од 1982 -1986 член на ‘’Камерни 55’’ – Сарајево

Од 1986 – 1989 Генерален директор на Театарот на Народностите

(ООЗТ Албанска драма – ООЗТ Турска драма-ООЗТ Техника) – Скопје

Од 1989 – 1992 Сопственик на ланец бутици ‘’СХЕ’’ во Сарајево

Од 1992 – 2000 Сопственıк на атеље за проıзвотсво вратоврскı ‘’ БАРБАРОС ’’-Скопје

Од 1994 – 2000 Асистент на ФДУ по предметот актерска игра .

Од 2000 Сопственик и управıтел на ‘ ’САНТЕМ-ФФ ’’ – Скопје, организација за проектирање, опремување и изведба на СПА  ПРОГРАМИ ( базени, сауни, џакуззи, парни купатила, хамами)

За време на целиот периодот на активно бавенје со актерство,за учество во реалıзација на разни ликови во безброј театарски престави или учество во филмска,ТВ реализачıи на разни ликови, добитник на следни награди:

  • ЗЛАТЕН ЛОВОРОВ ВЕНЕЦ, за главна машка улога на МЕС – Сараево на Југословенско ниво
  • Три патı наградуван,за главна машка улога, со престижна награда ВОЈДАН ЦЕРНОДРИНСКИ – Прилеп
  • Глумец на годината ( Екранова награда ) – Скопје
  • Најдобра глумачка креација – Сараево (слична на Екранова награда)

За период од 2000 наваму, како сопственик и раководител на фирмата, САНТЕМ-ФФ имаме добиено разни признанија и пофалници за архитектура и технички решенија на сајмови во Скопје, Измир и Истанбул.

Последни проекти:

*Жената која ги избрıса солзите/целовечерен игран филм

*Соба со пијано/целовечерен игран филм 

Ристо Крле „Парите се отепувачка“

Ристо Крле  „Парите се отепувачка“ (1938)
Risto Krle.jpg

Портрет на Ристо Крле
Роден 3 септември 1900
Струга, Македонија
Починал 29 октомври 1975 (воз. 75 г.)
Скопје, Република Македонија
Занимање Писател
Жанр Драма

Ристо Крле (Струга, 3 септември 1900Скопје, 29 октомври 1975) бил македонски драмски писател и еден од првите членови на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). За своето творештво, тој бил добитник на наградата „11 Октомври“ за животно дело.

Живот

Ристо Крле е роден во 1900 година во Струга, како син на кондураџија. Неговото школување било краткотрајно со чести прекини. До Првата Светска Војна, тој го завршил основното училиште и една година од средното училиште. Потоа, до 1916 година паузирал со образованието. Кога Македонија била под српска окупација, тој решил да го продолжи своето образование и успешно завршил уште една година од средното образование. Но, за жал, образованието на Ристо Крле било уште еднаш прекинато поради смртта на неговиот татко. Потоа, тој немал можност да го продолжи своето образование. Како младинец, тој се вработил, и по завршувањето на Првата светска војна, ја наследил професијата на својот татко – станал кондураџија.

Неговата активност започна со групата на културните изведувачи „Црни Дрим“ од Струга. Четири години подоцна, Ристо Крле се приклучил на аматерската група на актери – изведувачи и неговата желба беше да напише сопствена драма. Но, таа негова желба не се реализирала во скоро време. Во 1925 година, тој заминал во Поградец, на албанска територија, каде што живееле голем број Македонци. Таму, тој прифатил да работи како комуналец, останувајќи една година. Кога работел во Албанија, Ристо ја добил идејата за неговата прва драма: „Парите се отепувачка“, која била премиерно изведена многу подоцна – на 27 декември 1938 година, на сцената на скопскиот театар.[1] По враќањето од Поградец во Струга, Ристо Крле се вработил, но по две години бил отпуштен како вишок. За да може да опстане со неговото семејство, тој отворил своја чевларска работилница, но поради конкуренцијата од поголемите компании, морал да ја затвори.[2]

Ристо Крле променил многу работни места и по Втората Светска Војна, т.е. во кратки периоди работел во Скопје и во Белград. Ристо Крле, исто така, бил и активен член на Друштвото на Писателите во Македонија. Починал на 75-годишна возраст во Скопје.[3]

Творечкиот пат на Ристо Крле

Ристо Крле се смета за еден од најзначајните драматурзи во македонската литература.

Во својата „Автобиографија“, Ристо Крле искрено раскажува како тој, иако физички работник, дошол на идеја „да продава памет“. Него го потресол еден трагичен случај – убиството на единствениот син кој по долги години се вратил од печалба дома. Не препознавајќи го, неговите родители, подмамени од можноста за лесно збогатување, го убиле, а потоа, кога дознале што сториле, мајката ја удрила капка, а таткото се самоубил. Ваквите случаи, иако драстични, не биле осамени и кај нас, а и во многу други земји што живееле во слични услови. Крле укажува дека сказната за оваа потресна случка ја слушнал од некој селанец во Поградец, каде што тој извесно време работел како кондураџија. Селанецот дошол во дуќанот на неговиот мајстор да побара чевли за убиените. Иницијално, Крле немал поинакви претензии освен, прогонуван од потресноста на оваа неизмислена животна драма, да го опише случајот, да си го испроба талентот, т.е. како што кажувал самиот тој, да се отсрами пред жена си, пред која не еднаш се фалел дека ќе го опише ова, по малку неверојатно, убиство.[4]

Според неговите сведоштва, цели единаесет години, го прогонувала оваа мисла. И не еднаш се обидувал раката што била научена да држи само чекан, да ја принуди да го прифати и перото, да започне со совладувањето на еден нов занает, за кој Крле речиси воопшто не бил подготвен. Единствен поблизок контакт со новата професија Крле го имал кога бил член на културно-уметничкото друштво „Црни Дрим“. Но, тоа било премалку за да се здобие со неопходните знаења, да се влезе во проблематиката на драматургијата. Сепак, тоа било доволно да се почувствува неговата наклоност кон овој литературен род. По повеќе обиди, Крле речиси одеднаш го создаде својот прв драмски текст „Парите се отепувачка“, иако многупати пред тоа, се обидувал драмски да го возобличи сижето на пиесата, подоцна позната како „Милиони маченици“.[5]

Токму во периодот кога Крле целосно се зафатил со драмската литература, дошла и изведбата на повеќе драмски дела од Македонци и на македонски јазик. Настојувајќи да се доближи до пошироките македонски маси, кои дотогаш биле рамнодушни за дејноста на тогашниот скопски театар, неговиот управник Велимир Живоиновиќ – Масука се обидел да исфрли на сцената пиеси што ќе бидат блиски до народниот бит и менталитет. Тоа наишло на голем одѕив ширум Македонија и поттикнало многумина, дотогаш непознати, автори да ги испробаат своите сили како опишувачи на народниот живот.[6]

Самиот Крле, кој во 1937 година ја завршил драмата „Парите се отепувачка“, не чекал многу на оваа шанса. Велимир Живоиновиќ и режисерот Јосиф Срдановиќ ја откриле надареноста на струшкиот чевлар и веќе на 27 декември 1938 година, Крле им се претставил на скопските гледачи со својата драма.[7] Но, на сугестија на Живоиновиќ, Крле морал да го измени крајот на драмата. Наместо да биде убиен синот-печалбар од страна на своите родители, убиството било навестено само како намера. Ова дело предизвикало контроверзии кај домашните гледачи, најмногу поради можноста да се добие впечаток дека Македонецот е готов да убие за пари. Меѓутоа, овие забелешки не влијаеле врз несекојдневната надареност на овој драматург – чија смисла за ненаметливо водење на драмско дејствие и создавање на психолошки набој и атмосфера била видлива. Така, дотогашниот непознат струшки чевлар, речиси неочекувано се приклучил кон веќе познатите тогашни наши драматурзи Антон Панов и Васил Иљоски.[8]

Успехот што Крле го постигнал со „Парите се отепувачка“ бил не само потврден туку и надминат со неговиот следен текст. Тоа е „Антица“ која била премиернодо изведена во почетокот на 1940 година. Сижето на оваа драма е слично на неговиот драмски првенец, т.е. повторно било инспирирано од непосредниот народен живот. Но, и овде, како и во „Парите се отепувачка“, сосем ненаметливо Крле исфрлил еден сериозен проблем за нашите услови: погрчувањето на дел од нашите чорбаџии зад кое се крие амбицијата за власт и лесно збогатување. И, како што во „Парите се отепувачка“ Крле ја покажал опачината на алчноста за пари, во „Антица“ тој ја наслика превртливоста и бескрупулозноста на оние кои се одродуваа и стануваа полоши дури и од вистинските поробувачи.[9]

Следното попознато дело на Ристо Крле е пиесата „Милиони маченици“. Таа била изведена при крајот на 1940 година, а нејзиниот мотив повеќе години го преокупирал Крле и тој не еднаш се обидувал да го реализира, независно од деликатноста на материјата. Пистателот-самоук не можел да не ги ангажира гледачите со еден од најактуелните проблеми на своето време: продирањето на странскиот капитал и изумирањето на занаетите од кои живеел голем дел од населението во Македонија. Во конкретниот случај, продирањето на фирмата „Бата“ во предвоена Југославија, која во тогашните услови била супермодернизиран концерн за производство на чевли и слични производи, ги присилило домашните чевлари да ги затворат дуќаните. Оваа нелојална конкуренција на свој грб ја почувствувал и авторот на „Милиони маченици“. Затоа, со нескриена горчина, тој се обидел да го опише пропаѓањето на сопствениот занает, како и безизлезноста во која се нашле бројните негови колеги кои речиси преку ноќ останале без минимална заработувачка. По повеќе преправки што се наметнале како неопходни, за да биде одобрено прикажувањето на оваа пиеса, таа на крајот се појавила пред гледачите, за уште еднаш да ги увери дека во лицето на струшкиот кондураџија македонската литература се здобила со писател кој не бара само инспирација во народниот фолклор, туку и живо го следи пулсот на современоста, заедно со нејзините опачини.[10]

По ослободувањето, Крле напишал уште две драми и неколку раскази. Пиесата „Гроф Миливој“ не враќа во времето на српското владеење во Македонија, чиј непосреден сведок бил самиот автор, расветлувајќи ја корумпираноста на владеачкиот режим. „Голем ден“ задира во деновите на ослободувањето и во неа, покрај ентузијазмот својствен за овој период, доаѓа до израз и црнобелото сликање на ликовите, карактеристично за македонската литература до тој период.[11]

Литературно творештво

  • „Парите се отепувачка“ (1938)  parite-se-otepuvachkax2                                                                                      ПРЕМИЕРА: 15.03.2002 Битола
  • „Милиони маченици“ (1940) [9]
  • „Антица“ (1940) [10]
  • „Велик ден“ (1950)
  • „Гроф Миливој“ (1958)
  • „Автобиографија“ (прв дел, 1990)

“Госпоѓа министерка” по 150. пат за театарските сладокусци

МНТ ЌЕ ОДБЕЛЕЖИ УШТЕ ЕДЕН УБАВ ЈУБИЛЕЈ

“Не ни сонував дека ќе доживееме 150 изведби на “Госпоѓа министерка”. Кога почнувавме, се надевавме на 40-50 изведби, но енергијата и поддршката од публиката не донесоа до оваа фантастична бројка. Се надевам дека ќе доживееме барем уште толку изведби иако јас потајно се надевам и на 500-ка”, на шега додаде Петрушевска на вчерашниот прес по овој повод

Еден од најпрепознатливите брендови на МНТ “Госпоѓа министерка”, претставата која речиси шест децении е нераскинлив дел од нашата национална куќа, во своето “најново, петто продолжение” ќе ја доживее својата 150. изведба на 4. февруари (20 ч).

Наследничка на легендарната Мери Бошкова која Живка ја играше претходните 4 видувања (1953, 1965, 1977 и 1983) е Весна Петрушевска-Бејби која е новата, неприкосновена Живка од 28 март 2009 година.

“Не ни сонував дека ќе доживееме 150 изведби на “Госпоѓа министерка”. Кога почнувавме, се надевавме на 40-50 изведби, но енергијата и поддршката од публиката не донесоа до оваа фантастична бројка. Се надевам дека ќе доживееме барем уште толку изведби иако јас потајно се надевам и на 500-ка”, на шега додаде Петрушевска на вчерашниот прес по овој повод.

Режисерот Наташа Поплавска најави дека “Госпоѓа министерка” во блиска иднина може да ја видиме во ново руво: “Дојдов до податок дека при секоја обнова режисерот Димитар Ќостаров воведувал по нешто ново, интересно и актуелно во моментот на актуелната постановка. Во оваа смисла сметам дека и нашата “… министерка” треба да доживее нешто ново, односно заедно со сценографот Тања Блажевска, костимографот Александар Ношпал, треба да размислиме за некаков нов концепт и видување, односно да ја доведеме претставата во актуелен контекст”.

Заедно со Весна Бејби, актерите Александар Микиќ (кому ова му е 4. преминување на 150-ката во различни претстави) и Нино Леви, се единствените кои ги “преживеале” сите 150 изведби на оваа веќе култна претстава.

“Интересно е што речиси секогаш се наоѓа нов мотив и причина одново да се изигра со речиси истиот жар и затоа никогаш не ни е здодевно рече Нино Леви. Микиќ пак, за мотивот додаде:

“Секогаш кога сакам одново да се мотивирам, пред очи ми излегува моментот /сликата кога се видов на списокот на примени студенти на ФДУ. Тогаш мислев дека буквално сиот свет можам да го носам на моите плеќи, а се трудам тоа да го применувам и при секое мое ново излегување на сцена”.

А дека “Госпоѓа министерка” е навистина бренд со кој МНТ треба и мора да се гордее говори и фактот посочен од директорот Дејан Пројковски што досега 149-те изведби ги виделе 58 172 гледачи.

“Ако ја споредиме оваа бројка ќе можеме да се пофалиме дека толку публика собира само на еден поголем европски и светски стадион”, изјави Пројковски.

Во Министерка играат уште и Јелена Јованова, Драгана Костадиновска, Сашко Коцев, Благица Трпковска, Марија Новак, Драгана Левенска, Софија Насевска -Трифуновска, Томе Витанов, Емил Рубен, Славиша Кајевски, Борче Начев Трајче Георгиев Магдалена Ризова-Черних, Даница Ѓеоргиевска Драгана Босниќ- Миленковска.

НИНА ДЕАН akтерка

 

 

 

Во прво лице

САКАМ ДА СОНУВАМ

1. ЗА СЕБЕ: Не сакам премногу да зборувам за себе на глас, пред други, инаку постојано водам внатрешни монолози.

2 . ЗА ЉУБОВТА: Мистерија од суштинско значење… или само хемиска реакција? Заради неа се водат војни, од неа се раѓа уметност, а никој точно не знае да ја дефинира.

3. ЗА ЖИВОТОТ: Неизвесен. Убав. Краток. Не сме свесни колку.

4. ЗА ТЕАТАРОТ: Го сакам театарот. Тој секогаш има потреба да оди напред, да се менува, да критикува, да образува. Театарот не е зградата во која играме претстави – театрот сме ние. Затоа ајде да се бориме за себе!

5. ЗА ДОБРОТО: имам неколку недоговорени прашања. Се прашувам дали вреди да се трудиме да сме добри? Зошто на добри луѓе им се случуваат лоши работи? Покрај сите прашања, секогаш се стремам кон доброто.

6. ЗА ЗЛОТО: Последица на незадоволство, траума, страв. Катастрофална себичност и немоќ. За жал, често поминува неказнето.

7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ: Јас ги немам, а Нив секогаш ќе ги има… Не можам секогаш да им ги предвидам чекорите.

– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? Луѓето кои ме познаваат. А и јас ги познавам. Нема маски, нема ѕидови. Кај нив дома можам сама да си сварам кафе.

8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ : Сакаме да играме улоги- без нив би изгубиле дел од себе. Јас доволно глумам на сцена, па се трудам помалку да глумам во животот.

9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА: Магичната прашина на Ѕвончица, од која понекогаш добиваме алергија.

10. ЗА КОЛЕГИТЕ: ….јунаци, кукавици, учители, ученици, таленти, антиталенти, колегијални, кодоши, искрени, лицемери, сестрани, празни, уметници, политичари, работољупци, работници, директори, извршители, чудни, јасни, тивки, гласни….

11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ: Има време. Не се брзам.

12 . ЗА ИДЕЈАТА: добра- создава, лоша- руши. Опасна.

13. ЗА СОНОТ: Сакам кога го има. Сакам кога го нема. Сакам да сонувам. Ама сакам и да сум будна.

14. ЗА ЈАВЕТО: Самите сме одговорни.

15. ЗА ВИНОТО : Одамна не сум се напила вино…

16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО: Луѓето кои (свесно и несвесно) ми помогнаа да сфатам колку сум силна. Оние кои ме научија на храброст, лојалност, искреност… Некои од нив веќе ги нема, а некои се далеку. Но, сите се секогаш тука- во мене.

17. ЗА КРАЈ: Сонцето мора да зајде, музиката мора да заврши, завесата мора да се спушти… Крајот е тажен ама неизбежен. Што сакаме да остане после нашите краеви? На тоа треба да мислисме сега.