Илија Џувалекoски ( 1915 – 2004 )

Илија Џувалекоски
Idzuvalekovski.jpg

Илија Џувалековски (Прилеп, 20 декември 1915Скопје, 18 октомври 2004) бил македонски актер, режисер и педагог.

Пред Втората светска војна студирал Музичка академија во Белград. Во август 1944 година заминал на Вис каде под раководство на Вјекослав Африќ настапувал во Театарот на Народното ослободување. По кратко време заминал во Москвакаде што станал член на уредувачкиот одбор на радио-станицатаСлободна Југославија“.

Во 1945 година се вратил во Македонија и се решил за актерскакариера. Првите успеси ги постигнал во Македонскиот народен театар во Скопје.

Во 1964 година заминал во Загреб каде настапувал за Хрватскиот народен театар, а од 1967 ја водел катедрата за глума на македонски јазик при Академијата за театар, филм и телевизија.

Во Скопје се вратил во 1972 година и продолжил со својата педагошка работа на Факултетот за драмски уметности, а истовремено и со својата актерска кариера.

Филмови

Актерскиот придонес на Џувалековски на филмот не е ништо помал од театарскиот. Во својата актерска кариера остварува над 60 улоги низ кои ја изразува својата актерска индивидуалност.

Првата филмска улога ја добива во 1952 година во филмот „Фросина“. Глумел и во: „Волчја ноќ“, „Малиот човек“, „Мис Стон“, „Виза на злото“, „Дубровски“, „Мирно лето“, „Денови на искушение“, „Каде по дождот“, „Републиката во пламен“, „Јад“, „Оловна бригада“, „Црвениот коњ“, „Јужна патека“ и други.

Препознатлив е и како Баба Мулон во серијата „Белото циганче“, снимена по истоимениот роман на познатиот македонски писател Видое Подгорец.

Награди

Во 1977 година е добитник на наградата „АВНОЈ“, а во 1983 година ја доби и наградата „11 Октомври“ за животно дело.