Во прво лице
Секој на секого му е Минхаузен
ЗА СЕБЕ: Не би инсинуирал дека доволно се познавам. Малку музика,малку цинизам,многу грижи и малку време за се.
ЗА ЉУБОВТА: Од петти елемент направи трансфер во петтоколонаш. Имам кого и зошто да сакам, но и без зошто.
ЗА ЖИВОТОТ: Состојба на ентропија и константно распаѓање сместен во четвртата димензија, поднослив само поради точка број два.
ЗА ТЕАТАРОТ: Немам коментар кој не е циничен или претенциозен. Работа,страст и пропаст.
ЗА ДОБРОТО: Клучни години на вечната битка за превласт во нашата галаксија. Себична изјава која подразбира дека демек само сега е така.
ЗА ЗЛОТО: Маскирано во прагма и потреба. Составен дел на нашата равенка. Нужно или не, од се срце им посакувам на злобниците, да одат по нужда, во перпетуум мобиле. Види коментар 3.
ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ: Сите сме ние идентично глупави и суетни. Ми се потроши црниот тефтер, решив да го престорам во пепел или песмарица.
– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? Едно буфче и една муза. Еден сладок скулптор и еден ерудит.Еден градител и неколку кловна.
ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ: Составен дел на луѓето во нашиве емотивно фрагилни професии. Мерак,возбуда и внимателност. Секој на секого му е Минхаузен.
ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА: Само од таква немам алергија.
ЗА КОЛЕГИТЕ: Се најдобро.
ЗА ИДЕЈАТА: Метастазиран сон. Надеж и потреба за подобри равенки.
ЗА СОНОТ: Зрното на моето постоење. Во тоа кралство има повеќе логика. Јавето е во сериозен дефицит на мотиви. Еден резонира само, преживеј…
ЗА ЈАВЕТО: Сон
ЗА ВИНОТО: Башка муабет е ова, Еликсири има мноштво, ви посакувам да ги пробате и уживате додека можете.
ЗА СЕМЕЈСТВОТО: Се најдобро. Луѓе што во темната материја гледаат импресионизам.
ЗА КРАЈ: поздрав дома, се гледаме на некоја премиера.