Во прво лице
Луѓето по бакнежот се познаваат!
ЗА СЕБЕ
-Дупли близнак, ќе треба да се консултирам и со другите во мене, па ќе одговориме накнадно… а не, еве сега ми спомнаа, немале коментар.
2 . ЗА ЉУБОВТА:
-Луѓето по бакнежот се познаваат.
– Добра ноќ мил мој…
– Добра ноќ мила моја…
- ЗА ЖИВОТОТ:
-Дотако сааам дно живота, а не тоа друго беше. Знаеш, ние луѓето премногу дозволуваме животот во чекање да ни помине, чекаме подобра работа, подобро време, подобар момент, подобра среќа, се утепавме чекајќи да живееме, а денот еве го веќе си замина бадијала, и нема никогаш да се врати.
- ЗА ТЕАТАРОТ:
*-Понекогаш ми се чини дека единственото правилно, крајно вистинско и знчајно нешто што го правам, чуствувам, живеам, е тоа кога сум само и само на сцена во театар пред нив, публиката, со нив заедно сонуваме убаво, а кога не е убаво знаеме дека наскоро ќе се разбудиме и лошото ќе помине, ќе го поздравиме со еден обичен аплауз и тоа ќе го снема засекогаш, исто како да не се случило, а убавото ќе остане, да не потсети дека сме сонувале и тогаш јас ќе се повлечам во мракот , насмеан, среќен и убаво ми е .
- ЗА ДОБРОТО
-Се најдобро
- ЗА ЗЛОТО
-Зло да не забраве
- ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ
-Тежок епитет, како ли се носат со него, жал ми е за нив
– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ?
-Ќе утепаш цел ден со два збора разменети и се сте си кажале,
- ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ
-Па не не оставаат нас глумците да си ја тераме работата, сите глумат тоа што не се во животот.
- ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА
–Сами ќе избегаат лошите дохови и на крај пак ќе остане сцената празна и со една влажна крпа ќе ја поминеме прашината и се ќе бие чисто и спремно за почетокот и така…
- ЗА КОЛЕГИТЕ
-Во секој од нив има многу талент и добрина, можеби повеќе или помалку задскриена… ама ако малку повеќе се почитуваме ќе видиме, ќе излезе, ќе се спои со нашето, ќе се роди партнерство ќе настане сцена, театар, уметност.
- ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ
-Епа дајте менаџерите на театарите наши мили, да направат стратегија за секој актер, со тек на време да исчезнат.
12 . ЗА ИДЕЈАТА
-Сега се карам сам себеси во себе ” Глуп, земи запишија, пробај ја, оживеј ја”
- ЗА СОНОТ
-Ќе легнам да заспијам, барем таму уште некој сон ми остана, не ми се спие , ми се сонува, несоница ко лента стопати преснимена, превртува, чашата вода веќе испиена, а нема крај на програмата, го нема мечето Ушко, на youtube се префрлило, ќе се свиткам на фотељата, ќе лажам дека не спијам, ќе заборавам да се префрлам, како мал кога бев ќе заспијам…
- ЗА ЈАВЕТО
-Нека ми се јаве хахах
- ЗА ВИНОТО
-За мене една чаша добар француски коњак, ако може!
- ЗА СЕМЕЈСТВОТО
Подржувајте се колку можете почесто и поинтензивно
- ЗА КРАЈ
The end…