(По повод претставата „Лазаревото писмо“ автор. Ж.Чинго, режисер Љ. Ѓеорѓиевски, продукција на НУЦК „Ацо Шопов“ – Театар Штип, 2016 година)
Бродот „Големиот свети Антоан“, пишува Антонен Арто, во статијата „Тетарот и чумата“, во 1720 година, побарал дозвола од властите да се вкотви во пристаништето на „Сен Реми“. Вицекралот на Сардинија, кој пред само неколку дена од пристигнувањето на бродот сонил сон во кој јасно видел дека чумата во градот ќе биде донесена токму од бродот кој барал дозвола да се вкотви во пристаништето, одговорил негативно на дозволата, дури се заканил на посадата дека ако насилно сакаат да влезат во пристаништето, ќе биде принуден да преземе поинакви мерки, односно со сила да ги истера. Бродот го продолжил патот кон Марсеј каде и добил дозвола за престој. Откако се раширила чумата по Марсеј, многумина го окривиле бродот, но белешките што можеле да се најдат подоцна во пристанишните архиви, откриваат дека чумата веќе била во Марсеј. Зошто го земам овој пример ? Зашто можам да повлечам паралела со новелата на Живко Чинго ,,Лазаревото писмо“ во кое се обвинува мајсторот Лазар од Енкола, дека со писмото што го испрастил на жена му, ја донел чумата во селото. И во новелата кај Чинго, излегува дека чумата, стаорците, скапотијата, сиромаштијата, распадот на системот, не го донел, односно, предизвикал мајстор Лазар, туку тие веќе биле таму. А тој со писмото како што тоа би го направил театарот (Според Антонен Арто) „ги наведува луѓето да се видат такви какви што се, им ги слекува маските, ја разоткрива лажата, расипаноста, нискоста, лицемерието, ја открива отровната инерција на материјата која навлегува во најтенките својства на сетилата и откривајќи им ја на заедницата нивната мрачна снага, нивната скреина моќ, ги повикува пред лицето на судбината да заземат херојски и возвишен став… „ Но, како што се прашува Арто, така можеме и ние читајќи ја новелата на Чинго да се најдеме пред дилемата: „Дали во светот кој се лизга, кој се убива, не забележувајќи го тоа, постојат луѓе способни , да речеме и во театарот зашто Арто тоа го потенцира, кои ќе ни дадат природна и маѓијска надокнада за догмите во кои не веруваме.“ Чинго решението го гледа во силата и волјата човекова која може да се спротивстави на болеста што може да му ги откопа ниските страсти, желбата да се преживее по секоја цена, односно да му се препуштиш на развртот, на ниските страсти за да се допре до можноста да се поседува животот. Што се однесува до претставата, режисерот Љ.Ѓеорѓиевски, не ја заборавил функцијата на театарот, односно не ја оставил поезијата да проговори низ марчните особености на средствата за живот, туку низ форма што изгледа и звучи магиски, ја одердува, односно ја дозира силата на сценската моќ која и помага на публиката во одлучноста да се ја прифати како свој израз на општесвената стварност.
Актерската екипа не одејќи подалеку од своите творечки можnoсти, на фигурално предметната композиција и дава одмерен ритам, темпо и звучност, за да се доживее сценската реалност како ставрен и уметнички чин.
Костимите се соодветни на времето и настанот, но и на карактерните особености на ликовите во пиесата.
Музиката дава инзворедна подршка во ритмот на претставата и озвучувањето на текстот. Сценографијата е функционална, односно дава сериозен прилог во магичниот израз на сценкиот реалитет. Веднаш по премиерната изведба на претставата „Лазаревото писмо“, на кејот на пресушената река, се сретнав со девојката која ми вети дека ќе напише рецензија за претсавата. Беше возбидена од сценскиот реалитет и рече: „Времето на оваа претства и е токму погодено.“ „Не“, и реков, „претставата му е погодена на времето.“
Тука го завршивме разговорот но, за крај на текстот што го пишувам по повод претставата ќе се послужам повторно со изјавата на Антонен Арто : „Театарот е создаден колективно да ги испразни моралните и општествените гнојници.“
Пишува Трајче КАЦАРОВ