МИЛИЦА СТОЈАНОВА 1932 ГОД.

 

ТЕАТАРСКА ЖИВА ЛЕГЕНДА

МИЛИЦА СТОЈАНОВА

(КРИВА ПАЛАНКА 1932 ГОД.)

Нашата жива легенда, некогашна првенка на Драмскиот театар од Скопје и е една од водечките и најреноминирани актерки во македонскиот театарски простор воопшто. Таа, по принципот искажан преку нејзината желба и кога ќе ја снема да не ја бараме некаде горе, туку во театарските простори е се уште присутна и како гледач и бодрач на нејзините колеги, но напати и покажувајќи ги се уште активните актерски мајсторства кои ги поседува.
Стојанова има завршена средна државна театарска школа. Пред да стане член на драмата на Македонскиот народен театар, кратко време работи и во Радио драмата на Радио Скопје, учестувајќи во нивните први зафати и пројавувајќи се уште тогаш со страствена љубов кон уметничкиот збор. На сцената на некогашната бела театарска зграда крај Вардар (на чие место сега е новиот Македонски народен театар), таа настапува и уште како ученичка на школата, го покажува својот буен талент, посебно во насловната ролја на ” Ана Франк ” во истоимената претстава, како и во ролјите на Марија Јозева во ” Домот на Бернарда Алба” од Лорка, Химена во ” Сит од Коренеи “, Елиза во ” Пигмалион ” на Бернар Шо, на Кате во ” Манде ” од Дундо Марое…
Во 1964 година заедно со една поголема група арстисти на МНТ преминува во Скопскиот драмски театар, на чии сцени (Малата и Вечерната) остварува капитални артистички улоги: Петруњева  во ” Дундо Марое ” од Држиќ, Леди Магбет во “Магбет” од Шекспир, Беатриса во ” Дејството на гама зраците врз Сенишните невени ” од Зиндел, Малина во ” Еригон ” од Плевнеш, ” Старицата во Партија Реми” од Кобурн, Касандра во ” Тројанки ” од Сартр… Листата на навистина незаборавни ролји е импресивна!

За неа карактеристично е и дека го негува рецитирањето повремено настапувајќи на разни манифестации. Особен придонес има и во снимвањето на поголем број радио драмски емисии во кои демонстрира квалитети на високо говорно мајсторство. Зад се и повеќе филмски остварувања, во кои се истакнува како карактерна актерка со многу богати внатрешни доживувања и бранувања, својствени само за неа, како пред камерите, така и на сцената.
Добитник е на повеќе високи признанија: највисока републичка награда 11 Октомври и тоа и за ролја и за животно дело, награда 13 Ноември, Стериијна награда, како и на наградата за најдобра ролја на театарските игри Војдан Чернодрински во Прилеп, двапати е прогласена за артист на годината од некогашната ревија Екран од Скопје.

” Алма Малер“ што на 28 јануари 2015 ќе оживее во „Балетската сала“ на Македонскиот Народен Театар.

Фасцинантно тешкиот живот на една од најубавите австриски девојки, композиторката и сопруга на големиот Густав Малер, Алма Малер.

Легендата на македонскиот театар, Милица Стојанова со посебен шарм по кој и воопшто е препознатлива, говореше за огромната чест таа да и пренесе на публиката дел од животот на Алма Малер.

„Морам да признаам дека ме фати малку паника од комплексноста на улогата, кога пред една година за прв пат ми ја понудија. Но, кога го прочитав текстот, тој ме зароби, јас живеев со Алма, се обидов да ги почувствувам сите нејзини трауми, задоволства и пред сѐ огромната трпеливост што ја поседувала. Ќе кажам повторно дека во нашата професија не е најважна возраста на актерот, туку енергијата да се опстои“, посочи Стојанова.