RLТ – Регина Мал Театар во Канада

 

Театар РЛТ Канада

 

Театарот РЛТ ја има гордоста да биде најстара театарска компанија со континуирана продукција на претстави на англиски јазик во западна Канада. Тоа е всушност непрофитабилна театарска компанија, посветена на обезбедување на креативните можности на театарските изведувачи и персоналот зад сцената. Управувана е од волонтери па дури и во текот на Втората светска војна, кога другите театарски компании ги супсендирале нивните активности ова #театарче# не го прекина текот на работата. Во Канада само ОЛТ (мало театарче – Отава)  има подолга историја.

На 21 мај 1926 група вљубеници на театарот од Регина се собрале во канцеларијата на Рид.Смит&Компани да дискутираат за можноста за формирање на аматерска компанија. Одлучено е да бидат поканети за членови само личности кои се искрено заинтересирани за драмската уметност и литература. Покрај тоа, одлучено е членовите да работат во хармонија едни со други, да го стават интерест на групата пред личната амбиција и лојално да го поддржуваат управителството. Ова се темелите врз кои е изградена РЛТ. Речиси 25 луѓе се присутни на првата генерална средба во хотелот #Кидченер# на 7.6.1926, кога е оформен и устав на компанијата. Прв претседател е потполковникот Френсис Б.Вар. Но, движечката сила на штотуку оформеното РЛТ здружение се Волтер Рид и капетанот Г.Р.Читвунд.

Првите две претстави прикажани во театарот се #Распеаната душа# и #Старата дама ги покажува нејзините медали#. Тие беа поставени на сцената, наменети само за членовите на здружението на 29.11.1926 во Гимназискиот Театар во Регина. Првата официјална претстава за широка публика беше долгометражната комедија #Службеникот 666# одиграна на 28 февруари и 1 март 1927, во театарот Гранд, за која билетите чинеле 1 долар. Актерите кои играа во оваа претстава се починати одамна, а последна од нив беше Алис Дукет, која почина во 2007 година.

Во 1928 е изградена салата Дарк Хол на улицата #Колиџ Авенју#. Волтер Рид оваа нова установа ја опишува како #Театар за восхит, што ретко го има во други градови#. РЛТ овде останува многу години за годишна кирија од 30 долари.

Во 1930, РЛТ помага во формирањето на драмскиот фестивал #Доминион#, во Саскатченјан и поддржува формирање на низа аматерски театарски клубови низ цела провинција. Оваа компанија за првпат учествува на #Доминион# во 1933 и оттогаш освојува многу државни награди за своите продукции, се до 1971, кога овој фестивал е прекинат.

Во 1956 Самсон Ј. Гудфелоу ја купува поранешната пченична фабрика на некогашната Јужна Железничка Авенија и ја донира на РЛТ за да служи за проби, складирање, социјални собири и мали претстави. Поголемите проекти и натаму се изведуваат во Дарк Хол и во локалните средни училишта.

Кога во 1989 година се отвора Ценатарот за изведувачки уметности во Регина, РЛТ се сели таму. Зградата на Јужната Железничка Авенија е продадена, а целиот театар и нивниот инвентор се преместени во долниот дел од Центарот за уметности. Низ годините започнувајќи со 160 членови со годишна членарина од 2 долари, денес РЛТ брои над 600 членови.