Театар на апсурдот е термин кој се користи за извршување на апсурдот фикција и укажува на достигнувањата на неколку драматурзи кои твореле од крајот на 40-тите години, па се до 60-тите од минатиот век. Тој е израз и верување дека безбожниот универзум, човековото постоење нема значење и цел и затоа нема комуникација, што пак создава бесмисла. Ова на оние кои веруваат во апсурдот им дава за право да говорат за ирационален и нелогичен свет, што пак доведува до конечен заклучок кој е неодминлив дел од театарот – тишината.
Инаку, терминот театар на апсурдот прв го користи критичарот Мартин Еслин во еден свој есеј од 1960 година, за подоцна да објави книга со истото име. Тој има објавени текстови и претстави кои се многу слични на есејот #Митот за Сизив# (1942) на Алберт Ками. Еслин во своето творештво ја претставува реакцијата на човекот во светот без смисла, односно човекот кој е управуван како кукла од невидливи надворешни сили. Иако терминолошки театарот на апсурдот има широк спектар на перформанси постојат општи карактеристики кои се заеднички, составени од повеќе парчиња: Комедија што се меша со трагедијата, поткрепена со ужасни снимки, ликови фатени во безизлезна ситуација кои повтораат бесмислени активности; дијалог полн со клишеа; бесмислена и глупава игра на зборови; заговор кој никако не се решава туку циклично и апсурдно се повторува; се е сведено на пародија, бегство од реализмот и концептот на добро изиграна игра…
Најзначани драмски автори во чии драми егзистира Театарот на апсурдот се Семјуел Бекет, Ежен Јонеско, Артур Адамов, Жан Жене, Харолд Пинтер, Томс Топард, Фридрих Дуренмант, Фернардо Аррабал и Едвард Олби.