ЃОРЃИ БИСЕРКОВ – ДАМПЕ

 Роден – 1941 г.

Во Народниот театар „Јордан Х.К.Џинот “ вработен од 1960-1964г.
Од 1975г. во истиот  театар е ангажиран како постојан надворешен соработник.

Прв носач во „ Слуга на двајца господари “
Прв Црнец во „ Чичо Томовата колиба “
Трајко во „ Господар на своето тело “
Камило во „ Скржавец “
Генади во „ Потрага по радоста “
Лученцо во „ Скротена бес “
Јожа во „ На крајот од патот “
Ангеле и Селанец во „ Парите се отепувачка“
Станко во „ Конкурс “
Герман во „ Александра “
Борнеман во „ Свадбено патување без младоженец “
Ибрахим Бег во „ Ајша “
Јовица во „ Три луди дена “
Иванко во „ Рибарски караници “
Џеф во „ Луси Краун “
Дојчинов во „ Свекрва “
Мирко во „ Кула вавилонска “
Анри во „ Си ги згрешија мажите “
Мане во „ Зона Замфирова “
Родолфо во „ Поглед од мостот “
Љубомир во „ Покојник “
Лука во „ Старецот Климое “
Момо во „ Птици без јато “
Лени во „Враќање “
Луков во „ Црнила “
Теодос во „ Чорбаџи Теодос “
Војвода во „ Суд “
Филип во „ Цар Тројан “
Судија во „ Младоста пред суд “
Пајтонџија во Злосторство и казна “
Црноризецот-Владика во Расколникот од Хетиим “
Таткото во ,,Пеш “
Кандилов во „ Кукавичино јајце “
Жика во „ Сомнително лице “
Марко во „ Бумеранг “
Котис во „ Крал Иби “
Пантагруел во  „ Панургие “
Кајгана во „ Женидба “
Зганарел во „ Дон Жуан “
Боге во „ Хамлет од Долно Дивјаци “
Качала во „ Смртта на Тарелкин “
Астров во   „Вујко Вања “
учесник во „ Болница на крајот од умот “
Борисов во „ На сечило “
Крал во „ Кристално срце “
Кипријан и Генералот во „ Пречистување “
Коста во „ Крчма на патот за Јевропа “
Гласникот во „ Антигона “
учесник во „ Време за сонување “
Осип во „ Ревизор “
Духот на Таткото во „ Фортинбрас е пијан “
Гласник  во „ Ифигенија во Авлида “
Судијата во „ Адвокатот Патлен “
Корифеј во „ Бакхи “
Чичко Илија во „ Четириесет  маченици “
Четврти Гега во „ Сердарот “
Старецот во „ Вазна од порцелан “
Тимион во „ Патенталија и Тантелина “
Плутос Граѓанин во „ Змејот “
Ковиело во „ Комедија А “
Трговец во „ Филоктет “
Полковникот во „На полковникот нема кој да му пишува “ ( Полковникот)
Клопен  Тројфу во „ Звонарот на Богородичната црква во Париз“
Гласник во „ Орест “

ТЕАТАРСКИ РЕЖИИ :

„ Старецот Климое “-  1964г. (асистент)
„ Птици без јато “ –   1969г.
„ Кукавичино јајце “ –  1984 и сценографија

Димко Вандески – Ванде, актер

 

- Dimko Vandeski
ТЕАТАР – Ванде

Димко Вандески – Ванде не мислеше дека еден ден ќе стане актер, оти родителите сакале да биде адвокат. Судбината сакала поинаку. Животни и творечки пат да му биде театарот, во кој влезе и сé уште е таму. Во негова чест е претставата “Мангите пијат чај”, што ја режира Коле Ангеловски. Вандески е еден од најангажираните артисти, во чиј репертоар влегуваат улоги од најразлични жанрови и стилови. Во актерскиот сензибилитет најмногу му “лежи” комедијата.

Театарската критика забележала дека е еден од најдобрите толкувачи на карактерни епизодни улоги. Секоја улога е дел од него, сите му се драги. За срце му прирасна улогата на “Мачорот”, во претставата “Мачорот во чизми”. Ќе остане забележано дека Мачорот го играл трипати, што е вистински куриозитет. Ванде вели дека 40 години вложува љубов и елан , а театарот  е негов дом. Нема ден да не појдам во театар, дури и кога не  работам. Ме зароби од првиот момент. Театарот растеше и зрееше. Имаше убави и лоши моменти. Ако ја немав љубовта, немаше да бидам таму. Лесно и долговечно е сé што се работи со љубов – посочува актерот. Даде многу улоги, како многубројни деца. Главни, споредни, негови. Ками во “Болва во уво”, Скапен во “Скапен од Молиер”, Крсте во “Спиро Црне”, Смиле во “Летни Силјане”, Досе во “Бегалка”, Рако во “Мангите пијат чај”, Морис во “Одам на лов”, улогите во комедиите од Фејдо, Боби во “Од кол на кол”…. Во 1971 година ја доби наградата на ТИ “Војдан Чернодрински”, за млад актер за улогата на Соломон Крт во “Итроман Пејо”, во режија на Ацо Алексов. Ќе продолжи и натаму да дарува нови улоги, велејќи дека најдрагата награда му е што сé уште е на сцената.

macorot_vo_cizmi

Ликот на „Мачорот“, повторно ќе го игра актерот Димитар Вандески. Нему ова ќе му биде четврпат да го игра саканиот лик на сцената

Среќен сум што повторно ќе го играм мојот омилен лик, по кој ме препознаваа најмладите со години. Првиот пат „Мачорот“ го изиграв во 1970. Ликот на сцената „живее“ над 40 години – вели актерот Вандески.

 

АЛЕКСАНДАР Степанулески актер

Во прво лице

НЕПРИЈАТЕЛИТЕ …Дај боже да знам кои ми се…!

1. ЗА СЕБЕ ….Не сакам да зборувам за себе, подобро другите за мене, ама јас да не сум присутен хахаха
2 . ЗА ЉУБОВТА: Без неа не можеме, со неа не знаеме !
3. ЗА ЖИВОТОТ: Животот е она што поминува покрај нас додека ние го планираме…
4. ЗА ТЕАТАРОТ: !!!!!!!!!!
5. ЗА ДОБРОТО… Се најдобро !
6. ЗА ЗЛОТО ….Исто така !
7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ …Дај боже да знам кои ми се…! (инаку многу ги почитувам)
– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ?…Да ми поживеат !
8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ ….Ја има !
9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА …Кога прв пат влегов во театар во Прилеп…Таа ме зафркна аххах
10. ЗА КОЛЕГИТЕ …Делиме исти соништа!
11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ….Ќе ги одиграм ! хаха
12 . ЗА ИДЕЈАТА…Концепт, тема, ИДЕЈА, парчиња, задачи, намери, односи итн.
13. ЗА СОНОТ…Ни ја дава можноста бесплатно да го тренираме лудилото !
14. ЗА ЈАВЕТО…Јаве ко јаве – ХАОС
15. ЗА ВИНОТО…Го обожавам Црвеното домашно од дедо ми !
16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО…Собир од емоционални суштества што мора да те трпи!
17. ЗА КРАЈ…Пак од почеток…и пак…и пак… !!!!

РУЈИШ БЕГОВСКА актерка

 

Родена 27/05/1965 год. во Штип, Р.Македонија

Дипломиран актер на Факултетот за драмси уметности – Скопје, 1987год.  во класата на професор Слободан Унковски.

Од овој период две најзначајни претстави се:

„Брехт-17“ -во режија на Бранко Брезовец
„ЈУ-Антитеза“- во режија на Љубиша Георгиевски
…за кои претстави има добиено највисокото  признание во Југославија за млад актер
„Седум секретари на СКОЈ“ – 1986 / 1987 год.

По дипломирањето, две години работи во Театарот на народностите – Турска драма, истовремено соработува и со театарот на Љубиша Ристиќ – КПГТ во Суботица. Значајна претстава во овој театар и е „Ричард III“ во режија на Ристиќ, каде ја толкува улогата на Кралица Маргарита.

Во 1991 заминува во Германија со театар „Пралипе“, каде две години работи во театарот на Roberto Culi  “Theater a.d. Ruhr”во Mulhajm.

Значајни претстави во овој театар:
„Антигона“
„Електра“
„Крвави свадби“
„Отело“
„Седумината против Теба“
„МараСад“….. – сите во режија на Рахим Бурхан.

Од деведесетите години е постојан член на Н.Т. во Штип, каде освен во редовниот репертоар игра и во самостојни проекти, кои беа забележани по фестивалите низ Македонија, „Војдан Чернодрински“ и „Ристо Шишков“.

„Господар на сенката“
„Клинч“
„Мечка“
„Шекспир зад решетки“
„Велика“
„Брачна игра“ – сите во режија на актерот Суад Беговски.

Значајни претстави на репертоарот во Штип :

„Јас, ти, Хамлет и натрапникот“
реж. Стојан Стојановски

„Лари Томпсон трагедија на една младост“
реж. Енчо Халачев

„Драга Елена Сергеевна“
реж. Александра Ковачевик

„Реиз“
реж. Здравко Митков

„Сочогледи“
реж. Коле Ангеловски

„Секс таблетки“
реж. Коле Ангеловски

„Клуч“
реж. Стојан Стојановски

„Танц со бракот“
„Збогум Јуда“
реж. Љубиша Георгиевски

„Глогов жбун“
реж. Стојан Стојановски…

…и претставата „Бегалка“ во режија на Дејан Пријковски. За оваа претставата има добиено две награди, едната од Т.В.„Ирис“ за најдобра актерка на годината, 2007 год, и на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, награда за главна женска улога, 2008год. Оваа претстава има големо значење, бидејки за првпат во Македонија,
една претстава ги собира сите награди на овој фестивал и со тоа влегува во историјата на театарот во Македонија.

‘ Хасанагиница ‘
реж. Драгана Милошески Попова

Значајни гостувања во други театри како актер се гостувањето во Н.Т. „Антон Панов“ во Струмица:

„Песочна пазла“
реж. Душко Наумовски

„Последниот ден на Мисирков“
реж. Дејан Пројковски

„ Феничанки“
реж. Стојан Стојановски,
за која претстава на Мегународниот фестивал на Античка драма „Стоби“ ја добива наградата за најдобра женска улога на Јокаста во истата претстава, 2009 год.

Досега има гостувано на повеке реномирани Европски фестивали во: Германија, Франција, Италија, Португалија, Австрија, Холандија, Белгија, Украина, Албанија, Србија, Хрватска и Бугарија.

Има играно во ТВ. сериите:

„Трст виа Скопје“
„Наше маало“
„Камчевци“

и во филмовите на познатата режисерка Теона Митевска:

„Јас сум од Титов Велес“
“The woman who brushed off her tears”

Театарот треба да го градиме по квалитет, а не по квантитет…

 

 

Игор Томески, Првиот македонски Нобеловец

 

За прв пат во историјата, Македонија се запишува во листата на Нобеловите награди за млади, а тоа е преку мојата театарска но и филмско-телевизиска активност во Македонија. За прв пат театарски текст на македонски јазик за 3 часовна театарска претстава на апсурд „Театарски Џумбус“ која ја пишував на мои 17 години е интернационално наградена од Нобеловото семејство за негување на нобеловите вредности за еднаквост и за нешто вонсериско –нешто кое не смее да му помине незабележително на македонскиот театар, уметничка пројава којашто секако треба да се задржи и дообликува. За мене, дестинацијата не е важна се додека се почитуваат вистински вредности за создавање на искрен театар. Ако навистина го сакаме театарот, ние теататрџиите низ целиот свет мора да се издигнеме над сите надворешни општестени влијанија и да изградиме искрен однос и почит кон сите театарџии, – вели за својот светоглед, но и за награата, Игор

Првиот македонски Нобеловец, Игор Томески е награден од Нобеловото семејство со Нобеловата награда за млади, за неговата 10-годишна театарска но и филмско-телевизиска активност но и за лични способности, вредности и карактер. За прв пат во историјата, Македонија има добитник на Нобелова награда помеѓу младинците, но и помеѓу постарите.

* Во кој правец планираш да се движи сега твојата кариерата?

Најпрво, ви благодарам за поканата да бидам дел од театарче.мк, еден симпатичен театарски простор, од и за театарџии кој ни е секако потребен и неопходен. Би било неблагодарно да започнеме со ова прашање без да ја известиме театарската публика за мојата досегашна кариера и достигнувања. Како театарџии, предлагам да погледнеме подлабоко во содржината на Игор Томески, а не во формата, правецот и етикетите, за да подобро го разбереме. Џон Ленон вели: Животот ни се случува додека ние правиме други планови. Верувам дека животот на сите нас ни крои по некоја скриена патека која треба да ја изодиме, а која не сме во можност во оваа состојба да ја согледаме и разбереме. Затоа, јас не би се осмелил а и не можам да си дозволам да се органичувам и да прецизирам. Му се препуштам на животното патување, а и на театарското.

* Во што има поголема магија, во актерството или режијата?

Кое е мерилото за „маѓијата“ и дали постои такво нешто? Секако, на истото прашање би добиле стотици различни одговори. Треба сите да си поставиме прашање како го доживуваме и сфаќаме зборот „театарска маѓија“. Дали под маѓија се подразбира нашата желба да бидеме во театарот, дали е тоа нашето уживање за време на создавањето чин на театар, дали се тоа овациите и бенефициите што сме дел од истиот, или пак свесноста и одговорноста што значи да се биде дел од театарската сцена и да се придонесува за истата? Јас, во моето 10 годишно театарско живеење, сум бил и актер и режисер. Актерот е благославен со тоа да биде носителот на драмското дејство, сите очи да бидат вперени во него, истиот да биде изложен пред голема маса, ја има честа да биде претставникот на чинот Театар кој вклучува многу повеќе, од тоа што е самиот. Често, на актерите им годи што секојдневно чувствуваат големи овации, но треба да се разбере дека тоа е професија како и секоја друга. Режисерот од друга страна, човекот зад кулисите, го обликува светот на драматургот и да го насочи средството наречено актер… Додека се подготвува чинот Театар во празна сала, пилотот е режисерот. Додека чинот се случува и одигрува пред публиката, пилоти се актерите. Маѓијата да бидеш пилот и креатор во овој посебен чин за мене е еднаква, без разлика дали режирам во празна сала на проба или играм пред полна сала. Чувството на соочување со себеси и давање на дел од себеси во чинот на создавање театар е она што е посебно за мене. Без разлика која и да е позицијата, и без разика колку е примамлива маѓијата, театарот е одговорност. Треба да сносиме почит кон сцената, и со секое стапнување на неа одговорност пред оние што играле пред нас, исто како и пред оние кои ќе играат после нас.

Одлучи ли каде ќе биде твојата дестинација- Далие е тоа Македонија или некоја друга во светот?

Не би се ограничил. Tеатарот, како културолошки израз на една култура, е онолку културно-релевантен колку што е и универзален. Било каде и да живеете, вие мора да сте способни да дадете општествен коментар за средината во која живеете, но и за светот. Сметам дека моите вонсериски достигнувања, како за сцената, како и за нашата земја се амбасадор на нашата култура во светот и очекувам истото да се препознае и забележи кај нас. За прв пат во историјата, Македонија се запишува во листата на Нобеловите награди за млади, а тоа е преку мојата театарска но и филмско-телевизиска активност во Македонија. За прв пат театарски текст на македонски јазик за 3 часовна театарска претстава на апсурд „Театарски Џумбус“ која ја пишував на мои 17 години е интернационално наградена од Нобеловото семејство за негување на нобеловите вредности за еднаквост и за нешто вонсериско –нешто кое не смее да му помине незабележително на македонскиот театар, уметничка пројава којашто секако треба да се задржи и дообликува. За мене, дестинацијата не е важна се додека се почитуваат вистински вредности за создавање на искрен театар. Ако навистина го сакаме театарот, ние теататрџиите низ целиот свет мора да се издигнеме над сите надворешни општестени влијанија и да изградиме искрен однос и почит кон сите театарџии.

* Колку се светските искуства компатибилни со нашите?

Во нашиот театар, мораме сеуште да работиме кон пронаоѓање на онаа енергија што не прави уникатни и со што би го пленеле светот. Tреба да научиме како да ги привлечеме и задржиме младите теататрџии дома и да го зголемиме интересот за драмскиот факутлтет. Одговорноста за квалитетот на театарската традиција и за продолжување на истата паѓа на оние кои творат во театарот денес. Ја имав честа да играм, меѓу другото, и во сцените во Берлин пред познати имиња. По првиот настап, добив покана за работа таму. Еден режисер ми рече: Ти сјаеш на сцената, тоа си ти! Со тоа, научив дека насекаде театарот треба да го градиме по квалитет, а не по квантитет. Секое излегување е однос помеѓу тебе и самата сцена, и секое излегување треба да остави печат. Ние треба да работиме на тоа да си го препознаеме нашето најдобро за да оставиме најдлабок печат. Кога мислам на театар и искуствата, јас ги заборавам луксузните згради или малите сцени – мене ме фасцинира нешто друго. Театарот опстојувал и опстои без зграда – на отворено, (учествував и во уличен театар во Франција и играв на мост, во парк) Кога велам театар, јас помислувам на онаа луксузна енергија, мислам на актерот, живиот збор и светот кој тој го гради. Важен е човекот, критериумите за прием, образованието на театарџијата, енергијата на актерот – и неговата чистота и карактер, тоа е најважно! Важна е енергијата актер – публика и единствен предуслов да постои театар е присуство на таа енергија и ништо друго. Не треба да се стремиме да правиме полтронски театар за да им се допаднеме на странците. Треба да почнеме да создаваме искрен и добар театар сами за себе и самите кон себе. А тоа би било со поддршка на домашни автори, асимилација и квалитетно препознавање на вистинските театарски таленти и овозможен пристап до театарот без никакви полтиички, економоски и социјални ограничувања. Oд детално анализирање на сопствениот домашен потенцијал во целост и од пронаоѓање на сопствениот глас во светот, оттука се гради светски впечаток и внимание.

* Дали некогаш ја гледа во своите раце *статуетка* и за што би сакале да биде тоа?

Никаква статуетка не може да ја замени мојата љубов кон театарот, и никакво присуство или отсуство на истата, не би ја сменила таа пасија кај мене. Тоа е само формалност, а сметам дека театарот не сака и не трпи формалности. Генерално, театарот го гледаме низ призма на награди, број на одиграни претстави, број на продадени карти, број на актерски појавувања, режисерски остварувања и слично. Ако сфатиме дека за чинот наречен театар се само потребни една сцена, еден актер и еден гледач, тогаш театарот нема да го гледаме квантитантивно, туку квалитативно. Ако сфатиме дека лукзузната енергија помеѓу актерот и гледачот треба да е богата, да се збогатува и надградува, и ако тргнеме од неа да го градиме театарот, во светот ќе имаме многу поквалитетен театар. Ако секој театарџија се отргне од желбата по статуетки, туку се фокусира на тоа да биде човек кој го разбира театарот, знае зошто е во него, и знае што театарот од него бара, со огромна почит во тоа во што се впушта, тогаш би имале театар кој ќе ги надмине сите статуетки. Треба да го гаиме нашиот однос кон театарот, со што младите театарџии не би мечтаеле за статуетки без да го запознаат, разберат и почувствуваат театарот од блиску.

ig tom

Театарско резиме – творечка лична карта на Игор Томески

Јас сум во театарот речиси 11 години, од мојата 9 годишна возраст. Имам настапувано низ сцените во Македонија, САД, Германија, Франција и други места, во аматерски но и во професионални перформанси.

Во театарот влегувам со професионалните актери Весна Петрушевска Бејби и Сенко Велинов преку школата за деца актери во 2005, каде се запознавам со основите на театарот и актерството како и со актерските правила и одговорности. Следните 6 години, продолжувам со активно членство во „Детското драмско студио„ во Тетово каде играм во претстави со аматерски но и професионални режисери. Во нарените 6 години, се префрлам во драмското студио за возранси каде учествувам во посериозни проекти. Сум дел два најголеми потфати во аматерскиот театар во Тетово:

1) Актер во „Господа Глембаеви“ од Мирослав Крлежа, за прв пат подготвен од тетовските аматери во Тетово 2012, еден од најкомплексните текстови поставен во Домот за култура, во режија на Саше Серафимовски. Имав чест да играм со основоположниците на театарот во Тетово со 40 годишно сценско искуство: Миодраг Николиќ Панта, Радисав Наумчевски, Ладо Савески. На 15 години, ја добивам една од најпредизвикувачки улоги во оваа драма – свештеникот доктор Ајолзије Силбербрандт.

2) Автор, режисер и продуцент на „Театарски Џумбус“ – 3 часовна театарска пиеса која ја поставувам со 40 млади актерски дебитанти од Тетово, подготвена за само 2 месеци, но, даде една од најголемите резултати во аматерскиот театар кај младината. Драмата е спој на сето мое драмско творештво на рана возраст до

тогаш и сите мои драми во едно дело. Претстава, која дава општествен коментар на нашето живеење, и е наградена од Нобеловото семејство со Нобеловата нагдрада за млади за споделување на нобеловата вредност за еднаквост. За прв пат во историјата, драмски текст на македонски јазик е награден од Нобеловото семејство.

Во средното американскоко училиште „Wilson“, 4 години го посетувам предметот драма и професионално се дообликувам од професионални инструктори за актерството, но и за драматургијата и режијата. Пишувам свои дела, но адаптирам за сцена и режирам дела од англиска литература: “1984„ од Џорџ Орвел, „Човекот што сакаше да стане крал“ од Ројалд Киплинг, „Мајмунска Шепа“ од В.В. Џејкобс и други.

Моите театарски искуства низ Европа и САД се актерски и соработувам со професионални театри. Во Франција учествувам во уличен театар, а во Берлин, Германија по првиот настап добивам понуди за работа. Во САД се здобивам со многубројни награди меѓу кои и наградата за Најдобар Актер во унивезитетот Пидмонт за школската 2015/2016 година каде наградата ја добивам за само едно мое појавување во текот на целата година за претставата „Бел Божиќ“. Во претствата „Strange Fruit“ *, приказна за меѓурасна забранета љубов, режирана од Бродвејскиот и Њујоршки познат режисер Том Фогарти, хорскиот директор се воодушеви од моите способноси и нашата култура што одлучува да внесе сегмент од песната „Зајди Зајди“ во музичкиот избор на црковниот хор, кој ја придружуваше претставата.

Авторски театарски претстави

Куќен Совет (2013) – Џејмс Бондовски комичен приказ на балканскиот комшиски менталитет

Благојче (2014) – комедија за несигурноста во љубовните врски и влијанието на надворешната околина и пријателите во нашите одлуки

Лебедово Езеро (2013) – комедија за недоразбирање помеѓу друштво, односите помеѓу младите и старите

Театарски Џумбус (2015) – 3 часовен театарски мега-проект и приказна за двајца уметници коишто се откажале од уметност, кои преку театарски едночинки изведени од упорната младина, ќе се потсетат на своите творечки денови и и ќе одлучат да се вратат на уметноста.

 

Сефедин Нуредини – ( 1953 – 2017 )

 

 

lN MEMORlAM:

a

Замина големиот актер и човек Сефедин Нуредини. Роден е на 24 јануари 1953 година во Куманово, почина на 14 јануари 2017. Актерска игра дипломира 1978 година на Факултетот за драмски уметности во Скопје, и како додека студираше, продолжи да игра во тогашната Албанска драма при Театарот на народностите – Скопје, во чиј репертоар целосно се изгради како актер ѕвезда. Зад него се стотина ликови од кои најголем дел носечки. Своето богато актерско искуство им го пренесуваше и на младите актери – студенти по глума, со свои класи на албански јазик при театарските академии/факултети.

Во периодот од 1991 до 1995 година беше директор на Албанската драма, а потоа, едно време, од 2000 година беше и генерален директор на Театарот на народностите – Скопје.

Од големиот актерски опус на Сефедин Нуредини ќе ги паметиме ликовите на Зедридеси („Планета на мрзливците“), Соколе Ефрутоски („Големата вода“), ликовите во претставите „Матуранти“, „Политичко венчавање“, ликот на Поручникот („Да се спаси надежта“), потоа во претставите „Нита“, „Глувци и луѓе“, „Скротител на луѓе со смарагдни очи“, „Најтешкиот испит“, „Јас, Халил Гарија“, „Хамлет од Долно Мрдуши“, „Пахинтика во сон“, „Дожд во Уертемонто“, „Сауна“, „Сурати“, „Хамлет“, „Гробишта на автомобили“, во „Таинствени седенки“, „Војцек“… го одигра Прометеј во „Прометеј“… Последен лик му е Џо Келер во „Сите мои синови“ чија премиера беше кон крајот на октомври 2016 година. Со тој лик, најверојатно свесен за болеста која го разјадува, Сефо беше брилјантен, но и свесен дека се „збогува“ со сцената. Претставата имаше само премиера – тешката болест го правеше своето…

Сефо беше ценет и почитуван актер, човек и другар кој несебично се даваше на неговата љубов – театарот. За одиграните ликови доби повеќе награди, меѓу кои се „Трајко Чоревски“ за најдобар млад актер на МТФ „Војдан Чернодрински“ за ликот на Поручникот во „Да се спаси надежта“, наградата за најдобро актерско остварување на МТФ „Војдан Чернодрински“ за Прометеј во „Прометеј“, наградата „Александар Мојсиу“ на Националниот фестивал на професионалниот албански театар (Албанија) – напиша Лилјана Мазова.

„Со длабока тага ја примивме веста за смртта на нашиот драг пријател и колега, актерот на Албанскиот театар од Скопје, неповторливиот Сефедин Нуредини. Неговата прерана смрт остава ненадоместлива празнина, не само во ансамблот на Албанскиот театар, туку и во македонскиот театар воопшто. Ќе го паметиме по извонредните крeации и бескрајната љубов и посветеност кон магијата наречена театар“ – стои во реакцијата од колективот на Драмскиот театар во Скопје.

КУЛТУРОЛОШКИ ФЕНОМЕН НА ТЕАТАРОТ

 

Тихомир Стојановски

***

Во горната едноставна дефиниција општо прифатена како почетна кота на театарот ја нема македонската култура. Односно ја нема “народната” и “обредната” (религиската) драма. Нé нема нас. Станува збор за настанување на грчкиот театар. Секако би требало да дојдеме до котата на создавањето на македонскиот театар. Или на театарот во Македонија. Како лик, културна појава, духовна вредност која е избришана во животната драма. Од историската македонска драма. А, сметам дека во нашата култура има многу допирни точки со театарот, со драматизирањето, со славењето на Бога, со култот кон сонцето, со адети и обичаи, со дарување на леб и вино и молење на Бога, со народни игри, со зурли и топани, навли и кавали, сето она што на театарот му го одредува Дионисовиот принцип на победата на животот над смртта. На простувањето. Или за воскреснувањето. На длабоката потреба на нашиот народ да се слави и чествува за секакви поводи и за радости и за таги. Да се играат и пеат песните. Да се даруваат крвни и бескрвни жртви. Да се одбележуваат настаните. И минатите и идните. Да се слави и оддава почит и чест. Честиме со полна трпеза канејќи го Бога со пријателите за секакви поводи, свадби, крштевки, родендени, слави, со крвни и бескрвни жртви на трпезата и денес. Пеејќи, играјќи и веселејќи се слично како во древниот театар.

 

Но, за тоа ќе зборуваме понатаму, кога ќе зборуваме за религијата и народната култура. За духовната и народната култура и природата на театарот. За неговата елитност и масовност. За неговото распетие меѓу двете коти на елитноста и масовноста. За неговата патека од елитност кон масовност.

 

Како во драмска пиеса, историјата на македонскиве простори се менувала според тоа кој ја вледеел во одредени периоди на време, или ако сето тоа го замислиме како еден голем политички, историски театар во различните чинови, репликите и именувањата биле различни. И денес, на македонскиот полуостров трае големата историска македонска драма.

Спротиставени реплики, зборови, спорови за потеклото, присвојување, негирање, војни, омраза, насилие, обид да се завладее оној кој не е ист како нас, да се потисне обеси или, да се асимилира, пребрише… славење на иста историја, но со поинакво именување како во македонскиот случај и понатаму и понаваму во големиот животен театар на масовната култура. Не стивнува драматизирањето и драматичноста кога е во прашање Македонија и македонската култура.

КРАТКАТА ПРОЛЕТ И НАСОЛЗЕНАТА ЗАВЕСА

 

 

Христо Петрески

4.

Ретко кој друг град во Македонија има толку богата театарска традиција како Велес. Аматерските групи во градот биле помагани одвреме-навреме од Тодор Николовски, Димче Трајковски и Петре Прличко, но драмскиот аматеризам во периодот 1941-1944 година, сосема оправдано и сфатливо, поради војната речиси загаснува. Но, по ослободувањето, драмскиот аматеризам во Велес доживува вистински подем и експанзија.

Професионалниот Градски народен театар во Велес е основан во јуни 1948 година. Директор, режисер и актер бил Борис Бегинов. Овој театар постоел 18 години и бил еден од најактивните во Републиката.

Велешкито театар просечно прикажувал повеќе од 7 премиери во сезона, односно околу 96 претстави годишно, што ги гледале над 21.000 посетители во текот на годината, односно во просек по 220 гледачи на секоја претстава.

Режисери биле: Ацо Алексов, Благоја Андреев, Сотир Гулески, Ристо Мајсторов, Саша Маркус и други, а актери пак: Ѓорѓи Бисерков – Димпе, Никола Димитров, Јосиф Јосифовски, Љубиша Трајковски, Лилјана Ракиџиева и т.н.

Театарот прикажувал претстави и во селата на Велешката околија, но неколку пати гостувал и во Скопје – со квалитетни изведби и одбран репертоар.

ФЕДЕРИКО ГАРСИЈА ЛОРКА

СВЕТСКИ ЛЕГЕНДИ:

Љубовник на гитарата и смртта…

“За мене мечтата е синоним за умешноста за откритие. Да се сонува, да се открива, да се осветли со едно зракче на трепетлива полусенка, каде суштествуваат сите бескрајни облици и броеви, тоа е нешто! Но мечтата е ограничена со стварноста. Поетската имагинација патува и ги преобразува стварите, им ги дава своите најјасни чувства и ги одредува неочекуваните односи, но секогаш се служи со факти на најточната стварност…, ќе рече поетот Ф.Г.Лорка

Федерико Гарсија Лорка е роден на 15 јуни 1898 година во Фуенте Вакерос како син на имотен андалузиски земјопоседник. Студира книжевност, сликарство и музика што подоцна ќе дојде до израз во неговото бавење со сценската уметност-драмата. Патувал низ Шпанија но ја посетил и Америка, САД и Аргентина. Иако Лорка активно не се бавел со политика, за време на граѓанската војна бил стрелан во август 1936. Бидејќи бил помеѓу првите и најславни жртви на граѓанската војна, Лорка набрзо станува симбол на жртвите на политичките репресии и фашистичката тиранија.

ЗА ВОЛШЕБНИКОТ
Федерико Гарсија Лорка – да се говори за неговиот живот изразен во лирика и драма е скоро излишно бидејќи неговото дело, освен со љубовта и жарот е судбоносно поврзано со смртта како доживеана и претчуствувана, суштински врзана за духот на Андалузија и личната трагедија. Склоноста кон смртта, тежнеењето кон неа, но и трепетот од неа, делува само на некои творци. Кај Лорка на пример, таа е насликана како силен херувим со женствен лик и пердувести влакна од кои се наѕираат два црни рога со крилја “дуздисани” со паунови перја… Што се однесува до начинот и интенцијата за творештво самиот Лорка ќе запише: “Кога музиката ќе види дека стигнува смртта, таа ја затвора вратата или подига надгробна плоча, принесува урна и пишува епитаф со восочна рака… Ангелот кога ќе ја види смртта тој долетува и лесно кружи, врзувајќи со солзи и цвеќе елегија која се гледа како трепери… Вилинското коњче стигнува кога ќе ја види можноста за смртта. Ангелот и музата бегаат додека волшебникот ранува, а во лекувањето на таа рана која никогаш не се исцелува се наоѓа она што е необично, имагинарно во творештвото на еден писател. Волшебната моќ на песната се состои од вечната обземеност со волшебникот, бидејќи со него е полесно да се сака, сфаќа, а со него е сигурно да се биде сакан и сфатен… Вака поетот Лорка ја објаснува својата тајна на поетското со помош на волшебникот, што ја чини неговата поезија многу поинаква и поинтересна од кое и да е друго вилинско пеење (на пр. на По или Бодлер). Токму ваквото пеење му носи предност на лиричар, кој ги надраснува локалните рамки кои за навек ја величи гитарата, кој во класичната романса внесува и гради фолклористична кула поткрепена и базирана на учен стил…

НЕМОЖНОТО ДА СЕ СТОРИ МОЖНО
Лорка никогаш не барал закони и формули, препуштајќи им го тоа на критичарите и естетичарите, особено околу утврдувањето на вечно колебливото: “Поетската вистина е израз што се менува зависно од тоа како и колку се менува содржината на она што се говори. Она што е светлоста кај Данте може да биде грдотија кај Маларме…, ќе рече еден од обновувачите на култизмот со корен кај народот и образование за да се напише еден “Цигански романсеро”.
“За мене мечтата е синоним за умешноста за откритие. Да се сонува, да се открива, да се осветли со едно зракче на трепетлива полусенка, каде суштествуваат сите бескрајни облици и броеви, тоа е нешто! Но мечтата е ограничена со стварноста. Поетската имагинација патува и ги преобразува стварите, им ги дава своите најјасни чувства и ги одредува неочекуваните односи, но секогаш се служи со факти на најточната стварност… Од овој аспект мечтата е сиромашна, а поетската имагинација уште повеќе… Затоа лиричарот кој сака да се ослободи од имагинативното и да не живее исклучиво од слики кои се создадени од стварни предмети, престанува да сонува и да посакува. Тој повеќе не посакува, тој сака. Преминува од мечтата кое е дело на душата во вдахновение, кое е состојба на душата, преминува од анализа кон вера. Овде работите се создадени сами по себе, без последици и причини кои може да се објаснат… Но сепак треба да се радуваме бидејќи поезијата може да ги избегне студените канџи на разумот…”

ПЕСНАТА САКА ДА БИДЕ СВЕТЛОСТ
Константно музичко образување од детството до младоста, како и пријателството со гранадскиот маестро Мануел Де Фаља бездруго влијае на истенчување на чувствителноста на Лорка и на склоноста кон музичкиот поглед на светот. Во негово прво прозно дело “Впечатоци и предели” плод на романтичното патување низ Шпанија, раскажува (пее) со сложено набљудување и со “обоен слух” објаснува: “Сонцето се крие и од брдото се прелеваат бескрајни водопади од музички бои кои кадифесто се спуштаат над градот и горските венци и се стопува музичката боја со звучните таласи: Се ѕвони со мелодија, старинска тага и плач.
Халуцинантно музичката сликовница е бездруго неверојатно впечатлива, потреба на преосетливиот уметник за обогатување на еден осет со друг, синестезија која доведува до израз на чиста лирика… Затоа, и потоа музичарот во своето понатамошно создавање ќе ги доживува гласовите посебно, сликарот ќе ги наслушнува боите… а со напрегањето на сите чувства сликата на впечатоци ќе стане крајно неочекувана, врв од согласност на мирис, боја и звук. “… Стеблата ткаат ветер, а розите го бојат со мирис…” или гласот му имаше/нешто од морето без светлост – и исцеден портокал…
Мора да се признае раскошно видување на светот, благодарение на извонредно даровита зрелост…

ИСПОВЕД НА ДЕТСТВОТО
Доколку поетското искуство потекнуваат од роднокрајското вдахновение од детството кое страсно и голо лута низ ливадите и долините плодни во горското подножје, тогаш Лорка со задоволство се впушта на својата волја и на: “Древната детска душа/зрела од бајки…” од која со распеаноста на потоците навираат дијалози чедната и истенчена наводна чувственост поддржана со сликовити и ведри припеви…

ДЛАБОКИТЕ ПАТИШТА НА ГИТАРАТА
Плачот по неповратно загубеното – љубовта, среќата, животот – Лорка го сведува на суштината на патетиката преземена од песната која како рана пече на грлото и јазикот на поетот… Таква на пример е “Поемата канте хонда во која опишува шест нескротливи жици кои звучат како липтање на изгубените души”…

КАКО НАСТАНА БЕРНАРДА АЛБА
Драмата “Домот на “Бернарда Алба” е бездруго една од најубавите и најиграните пиеси на Ф.Г. Лорка, која и до ден-денес го наоѓа своето место на светската театарска сцена. Еве што раскажува Лорка за тоа како настанала: … Недалеку од Граната во селото Валдерубио во близината на нашата куќа живееше една госпоѓа Бернарда, вдовица која беспоговорно и насилнички бдееше над своите немажени ќерки. Никогаш не сум им се обратил, но ги гледав како поминуваат покрај мене како сенки, секогаш молчеливи и секогаш во црнина… Така настана “Домот на Бернарда Алба”…

ПРЕЛУДИИ НА СМРТТА
Уште во 1934 година поетот како да го насетува својот близок крај. Таа година може да се нарече година на плачот, бидејќи од повеќето стихови тогаш напишани или објавени избиваат солзи и нагонско претчувство за неминовното. “Плачот и песната за малата смрт”, особено ги експонираат чувствата на безнадежност, наспроти изобилството на животот… Најголемата подвоеност на Лорка околу смртта се гледа кога тој ја отпејува погибијата на својот пријател Санчез Мехијас. Во исто време се појавуваат и исконскиот страв над крвта на ближниот, но и страв од сопствената крв која многу наскоро ќе протече по пустите полиња близу Гранада. Имено, така тоа го чувствува вечниот љубовник на смртта, никогаш спокоен, никогаш вистински упокоен. А мртвата Шпанија останува да живее со неговата животворна, развиорена леснокрилна песна…

Подготви: Борче ГРОЗДАНОВ

Васил Иљоски “Бегалка” (1902-1995)

Васил Иљоски
VasilIljoski.gif

портрет на Васил Иљоски.
Роден Васил Иљоски
20 декември 1902
Крушево, Македонија
Починал 1 ноември 1995(воз. 92 г.)
Скопје, Македонија
Занимање писател, професор, есеист.
Народност Македонец
Високо образование Филозофски факултет во Скопје
Жанр драма
Значајни награди Авној, 11 Октомври
Деца Мирослав Иљоски

Васил Иљоски (Крушево, 20 декември 1902Скопје, 1 ноември 1995) — македонски драмски писател, есеист, критичар, книжевен историчар и истакнат педагошки работник.[1] Иљоски бил член на МАНУ и на Друштвото на писателите на Македонија.

Биографија

Васил Иљоски бил роден во Крушево, во 1902 година. Основното образование го завршил во градот Куманово. За тоа време тој му помагал на својот татко во нивната семејна столарска работилница. И покрај тоа што тој работел како занаетчија во раните години од животот, Васил не станал занаетчија. Тој продолжил со своето образование и се запишал во кумановската гимназија, а кога завршил средно училиште се запишал на Филозофскиот факултет во Скопје. По дипломирањето, Иљоски работел како суплент во кумановската гимназија, но набрзо бил преместен – повеќе од казна – поради извесни обиди низ книжевните текстови да проговори на македонски јазик. По ослободувањето, Васил Иљоски извршувал неколку раководни функции во просветата: бил директор на Првата гимназија, работел во Народната библиотека, а потоа работел и се пензионирал како професор во Вишата педагошка академија во Скопје.[1] [2]

Васил Иљоски уште како ученик пројавувал интересирање за книжевноста. Од тоа време датираат неговите први обиди и самиот да пишува, како член на литературната дружина во гимназијата. Особено силен впечаток му оставил сценскиот збор, па така и првиот јавен настап на Васил Иљоски во книжевноста бил направен со еден драмски текст по име „По матурата“. Тоа била едночинка, во која на одредени места прозвучил македонскиот јазик. Самиот автор учествувал како актер при поставувањето на овој текст на сцената, подготвен од школската аматерска дружина. Со оваа претстава, користејќи една екскурзија, членовите на дружината гостувале и во неколку други места.[1]

Охрабрен од првиот успех, Иљоски уште поактивно започнал да твори. Со хумористичниот драмски текст „Бура поради електриката“, кој бил изведен на сцена со актерско учество на авторот, ги измамил и првите печатени пофалби во локалната периодика. Тие биле скромни, но и достатен поттик за нови творечки усилби.[1]

Некаде во 1926 година, Иљоски ја започнал работата над своето прво посериозно драмско дело со првично име „Бежанка“. По две години, текстот веќе бил подготвен за изведба на сцената на “Скопскиот народен театар”, но овој пат со ново име – „Ленче Кумановче“ .  Драмата била напишана и изведена на кумановски дијалект, а нејзината премиера се одржала на 16 јуни 1928 година. Таа побудила голем интерес кај публиката, но набрзо била симната од репертоарот поради интервенцијата на властите, кои не можеле да дозволат од сцената на народниот театар да прозвучи македонски збор. Токму поради тоа, младиот професор по книжевност ја загубил и својата служба во Куманово.[1] Драмата „Ленче Кумановче“ била повторно поставена на сцената на Српскиот кралски театар во Скопје дури во сезоната 1936/1937година.[3]

Тоа е, всушност, истата драма која денес се нарекува “Бегалка“, според првичниот наслов. Во јазична смисла, денес е популарна сосема новата варијанта, односно денешниот популарен текст е изведуван на литературен македонски јазик, со извесни дијалектизми, што на текстот му даваат специфичен колорит.[1]

По преживеаните перипетии со оваа драма, Васил Иљоски во периодот пред избувнувањето на Втората светска војна, напишал уште неколку драмски текстови, како: „Нагазил човекот“ („Нагазио човек“), „Биро за безработни“ и „Ученичка авантура“. Овие три текстови била напишани на српски јазик со намера да ги избегне проблемите со власта. Комедијата во 3 чина „Нагазил човекот“, уште позната како „Чорбаџи Теодос“, била премиерно изведена на 23 април 1937 година во превод на скопски дијалект. Драмата „Биро за безработни“, сепак, не била изведена на сцена, иако се наоѓала на репертоарот на театарот во Скопје за сезоната 19391940 година. Причината за нејзиното неизведување се криела во „нескриените политички алузии“, во нејзината социјална тема, која би исфрлила на површина извесни, за властите многу непријатни, вистини и проблеми.[1] [4]

По Втората светска војна, Иљоски бил еден од членовите на комисијата формирана при Министерството за народна просвета со цел да ги подготват македонската азбука и правопис. Исто така, тој биле еден од основачите и првите членови на Друштвото на писателите на Македонија (13 февруари 1947 година) и на МАНУ.[5] [6]

Творештво

Плакат за претставата „Ленче Кумановче“ во Народниот театар „Крал Александар I“ (денес МНТ) во 1936 г.

  • Ленче Кумановче“ односно „Бегалка“ (пиеса, 1926) [7]
  • „Чорбаџи Теодос“ (комедија, 1937) [8]
  • „Ученичка авантура“ (1939)
  • „Биро за безработни“
  • „Пиши, Панче“ (пиеска, 1947)
  • „Два спрема еден“ (1952)
  • „Чест“ (драма, 1953) [9]
  • „Кузман Капидан“ (1954)
  • „Син и татко“ (1955)
  • „Допирни точки“ (1959)
  • „Окрвавен камен“ (1968)
  • „Свадба“ (комедија, 1976)
  • „Смрт за живот“ (1988)

Исто така, Иљоски е автор и на повеќе литературно – историски текстови за Кирил и Методиј, Григор Прличев, Крстe Петков Мисирков, Коста Рацин, како и на есеи за театарот.[10] [11]

Интегрално неговото творештво било објавено во тритомниот Избор (1978) во кој се објавени: “Бегалка“, “Чорбаџи Теодос“, “Чест”, “Кузман Капидан” (прв том); “Млади синови”, “Окрвавен камен”, “Два спрема еден”, “Допирни точки”, “Свадба” (втор том); научни и есеистички трудови (трет том). По повод стогодишнината од неговото раѓање, на 24 декември 2002 година, во МАНУ бил одржан свечен собир, од кој подоцна била издадена публикација,[12] а за неговото творештво е анализирано и во бројни други трудови и книги.[13] Сепак, наспроти значењето на Иљоски за македонската литература, од непознати причини, ниту едно негово дело не било вклучено во книгите објавени во рамките на проектот на владата на Македонија под наслов: “130 тома македонска литература”, за што протестирале синот на Иљоски, писателот Димитар Башевски и други интелектуалци, а МАНУ испратила писмо до министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.[14]

Награди и признанија

Васил Иљоски бил добитник набројни книжевни и државни награди, како што се:

Во чест на неговите заслуги за развојот на македонскиот литературен јазик, македонската литература и македонската култура, воопшто, на 5 декември 2013 година, во Скопје била поставена спомен-плоча на куќата во која живеел и творел Иљоски, која се наоѓа во центарот на Скопје, на улицата “Владимир Полежанковски” бр. 12. Идеен творец на плочата бил неговиот син Мирослав Иљоски, а неа ја изработил скулпторот Дарко Дуковски.[15] Исто така, една улица во населбата Речани во Велес го носи името “Васил Иљоски”.