Александар Думов 1923 – 1989

Александар Думов- актер, првенец на НТ„Антон Панов“ Струмица. Роден 25.02.1923 во Струмица. Пионер на театарската дејност во Струмица. Над четри децении беше еден од столбовите на Струмичкиот театар. Во повеќе наврати бил и в.д. директор. Дел од својата артистичка кариера ја поминал во Велешкиот и Битолскиот театар.

Од 1 Мај 1949 година, кога со премиерата на „Бегалка“ свечено беше отворен Градскиот народниот театар во Струмица, па до пензионирањето , играл речиси во сите претстави, а во многу од нив ги толкувал насловните улоги. Незаборавни ќе останат особено неговите актерски креации во текстовите од комедиографскиот жанр. Остварил над 200 улоги, а од нив позначајни се во претставите: „Смеа низ сокаците“; „Дамки“; „Соблазна во Шентфлоријанската долина“; „Тутунскиот пат“; „Сенката“; „Сомнително лице“; „Нороден пратеник“; „Женидба“; „Лажа и паралажа“; „Чорбаџи Теодос“; „Измама“; „Антица“; Поп Киро и поп Спиро“; „Нажалена фамилија“; „Власт“; „Покондирена тиква“; „Кир Јања“; „Чест“; „Женачка и мажачка“; „Македонска крвава свадба“; „Госпоѓа министерка“; „Бегалка“; „Големата игра“; „Смртта на Тарелкин“; „Дундо Марое“; „Протекција“ и други.

Во НТ „Антон Панов“ режирал повеќе претстави.

На Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп ги освоил наградите за актерски остварувања во претставите: „Смеа низ сокаците“(Спиридон и Шликачот, 1969); „Дамки“ (Ставре, 1971); „Соблазна во Шентфлоријанската долина“ (Ѓаволот, 1975); „Сенката“ (Даскалот, 1988).

Добитник е на годишната награда на СО Струмица.

Почина на 24.10.1989 во Струмица.