Петар Димоски – Жмарата (1958 – 2012)

Ин мемориам

По кратко боледување почина Петар Димоски – Жмарата, глумец во пензија од театарот „Војдан Чернодрински“.

Петар Димоски остави длабоки траги не само во матичниот театар, прилепскиот, туку и во Драмскиот театар, струмичкиот, штипскиот. Забележителен придонес дал и во Македонската телевизија. Полни 34 години беше на сцената на театарот како глумец, но и како режисер.

Во театарот се вработил во март 1978 година. Првата улога му била Арнаутинот во Антица, во режија на Благоја Дамески. Последната улогата на Максимилијан Топаловиќ во „Маратонците го трчаат почесниот круг“ во режија на Кирил Петрески.

Во изминатите години одиграл голем број улоги. Ќе останат запаметени Чедо во „Мангите пијат чај“, Буби во „Човек на положај“, Натемаго во „Натемаго“, Трајан во „Македонска крвава свадба“, Поп Ѓорѓија во „Градскиот саат“, Претседателот „Аферата Едвард“, Ген. дир. во „Викенд на мртовци“, Отецот во „Коцкари“… Димоски беше и режисер на многубројни претстави за деца.