РУЈИШ БЕГОВСКА актерка

 

Родена 27/05/1965 год. во Штип, Р.Македонија

Дипломиран актер на Факултетот за драмси уметности – Скопје, 1987год.  во класата на професор Слободан Унковски.

Од овој период две најзначајни претстави се:

„Брехт-17“ -во режија на Бранко Брезовец
„ЈУ-Антитеза“- во режија на Љубиша Георгиевски
…за кои претстави има добиено највисокото  признание во Југославија за млад актер
„Седум секретари на СКОЈ“ – 1986 / 1987 год.

По дипломирањето, две години работи во Театарот на народностите – Турска драма, истовремено соработува и со театарот на Љубиша Ристиќ – КПГТ во Суботица. Значајна претстава во овој театар и е „Ричард III“ во режија на Ристиќ, каде ја толкува улогата на Кралица Маргарита.

Во 1991 заминува во Германија со театар „Пралипе“, каде две години работи во театарот на Roberto Culi  “Theater a.d. Ruhr”во Mulhajm.

Значајни претстави во овој театар:
„Антигона“
„Електра“
„Крвави свадби“
„Отело“
„Седумината против Теба“
„МараСад“….. – сите во режија на Рахим Бурхан.

Од деведесетите години е постојан член на Н.Т. во Штип, каде освен во редовниот репертоар игра и во самостојни проекти, кои беа забележани по фестивалите низ Македонија, „Војдан Чернодрински“ и „Ристо Шишков“.

„Господар на сенката“
„Клинч“
„Мечка“
„Шекспир зад решетки“
„Велика“
„Брачна игра“ – сите во режија на актерот Суад Беговски.

Значајни претстави на репертоарот во Штип :

„Јас, ти, Хамлет и натрапникот“
реж. Стојан Стојановски

„Лари Томпсон трагедија на една младост“
реж. Енчо Халачев

„Драга Елена Сергеевна“
реж. Александра Ковачевик

„Реиз“
реж. Здравко Митков

„Сочогледи“
реж. Коле Ангеловски

„Секс таблетки“
реж. Коле Ангеловски

„Клуч“
реж. Стојан Стојановски

„Танц со бракот“
„Збогум Јуда“
реж. Љубиша Георгиевски

„Глогов жбун“
реж. Стојан Стојановски…

…и претставата „Бегалка“ во режија на Дејан Пријковски. За оваа претставата има добиено две награди, едната од Т.В.„Ирис“ за најдобра актерка на годината, 2007 год, и на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, награда за главна женска улога, 2008год. Оваа претстава има големо значење, бидејки за првпат во Македонија,
една претстава ги собира сите награди на овој фестивал и со тоа влегува во историјата на театарот во Македонија.

‘ Хасанагиница ‘
реж. Драгана Милошески Попова

Значајни гостувања во други театри како актер се гостувањето во Н.Т. „Антон Панов“ во Струмица:

„Песочна пазла“
реж. Душко Наумовски

„Последниот ден на Мисирков“
реж. Дејан Пројковски

„ Феничанки“
реж. Стојан Стојановски,
за која претстава на Мегународниот фестивал на Античка драма „Стоби“ ја добива наградата за најдобра женска улога на Јокаста во истата претстава, 2009 год.

Досега има гостувано на повеке реномирани Европски фестивали во: Германија, Франција, Италија, Португалија, Австрија, Холандија, Белгија, Украина, Албанија, Србија, Хрватска и Бугарија.

Има играно во ТВ. сериите:

„Трст виа Скопје“
„Наше маало“
„Камчевци“

и во филмовите на познатата режисерка Теона Митевска:

„Јас сум од Титов Велес“
“The woman who brushed off her tears”