Игор Томески, Првиот македонски Нобеловец
За прв пат во историјата, Македонија се запишува во листата на Нобеловите награди за млади, а тоа е преку мојата театарска но и филмско-телевизиска активност во Македонија. За прв пат театарски текст на македонски јазик за 3 часовна театарска претстава на апсурд „Театарски Џумбус“ која ја пишував на мои 17 години е интернационално наградена од Нобеловото семејство за негување на нобеловите вредности за еднаквост и за нешто вонсериско –нешто кое не смее да му помине незабележително на македонскиот театар, уметничка пројава којашто секако треба да се задржи и дообликува. За мене, дестинацијата не е важна се додека се почитуваат вистински вредности за создавање на искрен театар. Ако навистина го сакаме театарот, ние теататрџиите низ целиот свет мора да се издигнеме над сите надворешни општестени влијанија и да изградиме искрен однос и почит кон сите театарџии, – вели за својот светоглед, но и за награата, Игор
Првиот македонски Нобеловец, Игор Томески е награден од Нобеловото семејство со Нобеловата награда за млади, за неговата 10-годишна театарска но и филмско-телевизиска активност но и за лични способности, вредности и карактер. За прв пат во историјата, Македонија има добитник на Нобелова награда помеѓу младинците, но и помеѓу постарите.
* Во кој правец планираш да се движи сега твојата кариерата?
Најпрво, ви благодарам за поканата да бидам дел од театарче.мк, еден симпатичен театарски простор, од и за театарџии кој ни е секако потребен и неопходен. Би било неблагодарно да започнеме со ова прашање без да ја известиме театарската публика за мојата досегашна кариера и достигнувања. Како театарџии, предлагам да погледнеме подлабоко во содржината на Игор Томески, а не во формата, правецот и етикетите, за да подобро го разбереме. Џон Ленон вели: Животот ни се случува додека ние правиме други планови. Верувам дека животот на сите нас ни крои по некоја скриена патека која треба да ја изодиме, а која не сме во можност во оваа состојба да ја согледаме и разбереме. Затоа, јас не би се осмелил а и не можам да си дозволам да се органичувам и да прецизирам. Му се препуштам на животното патување, а и на театарското.
* Во што има поголема магија, во актерството или режијата?
Кое е мерилото за „маѓијата“ и дали постои такво нешто? Секако, на истото прашање би добиле стотици различни одговори. Треба сите да си поставиме прашање како го доживуваме и сфаќаме зборот „театарска маѓија“. Дали под маѓија се подразбира нашата желба да бидеме во театарот, дали е тоа нашето уживање за време на создавањето чин на театар, дали се тоа овациите и бенефициите што сме дел од истиот, или пак свесноста и одговорноста што значи да се биде дел од театарската сцена и да се придонесува за истата? Јас, во моето 10 годишно театарско живеење, сум бил и актер и режисер. Актерот е благославен со тоа да биде носителот на драмското дејство, сите очи да бидат вперени во него, истиот да биде изложен пред голема маса, ја има честа да биде претставникот на чинот Театар кој вклучува многу повеќе, од тоа што е самиот. Често, на актерите им годи што секојдневно чувствуваат големи овации, но треба да се разбере дека тоа е професија како и секоја друга. Режисерот од друга страна, човекот зад кулисите, го обликува светот на драматургот и да го насочи средството наречено актер… Додека се подготвува чинот Театар во празна сала, пилотот е режисерот. Додека чинот се случува и одигрува пред публиката, пилоти се актерите. Маѓијата да бидеш пилот и креатор во овој посебен чин за мене е еднаква, без разлика дали режирам во празна сала на проба или играм пред полна сала. Чувството на соочување со себеси и давање на дел од себеси во чинот на создавање театар е она што е посебно за мене. Без разлика која и да е позицијата, и без разика колку е примамлива маѓијата, театарот е одговорност. Треба да сносиме почит кон сцената, и со секое стапнување на неа одговорност пред оние што играле пред нас, исто како и пред оние кои ќе играат после нас.
Одлучи ли каде ќе биде твојата дестинација- Далие е тоа Македонија или некоја друга во светот?
Не би се ограничил. Tеатарот, како културолошки израз на една култура, е онолку културно-релевантен колку што е и универзален. Било каде и да живеете, вие мора да сте способни да дадете општествен коментар за средината во која живеете, но и за светот. Сметам дека моите вонсериски достигнувања, како за сцената, како и за нашата земја се амбасадор на нашата култура во светот и очекувам истото да се препознае и забележи кај нас. За прв пат во историјата, Македонија се запишува во листата на Нобеловите награди за млади, а тоа е преку мојата театарска но и филмско-телевизиска активност во Македонија. За прв пат театарски текст на македонски јазик за 3 часовна театарска претстава на апсурд „Театарски Џумбус“ која ја пишував на мои 17 години е интернационално наградена од Нобеловото семејство за негување на нобеловите вредности за еднаквост и за нешто вонсериско –нешто кое не смее да му помине незабележително на македонскиот театар, уметничка пројава којашто секако треба да се задржи и дообликува. За мене, дестинацијата не е важна се додека се почитуваат вистински вредности за создавање на искрен театар. Ако навистина го сакаме театарот, ние теататрџиите низ целиот свет мора да се издигнеме над сите надворешни општестени влијанија и да изградиме искрен однос и почит кон сите театарџии.
* Колку се светските искуства компатибилни со нашите?
Во нашиот театар, мораме сеуште да работиме кон пронаоѓање на онаа енергија што не прави уникатни и со што би го пленеле светот. Tреба да научиме како да ги привлечеме и задржиме младите теататрџии дома и да го зголемиме интересот за драмскиот факутлтет. Одговорноста за квалитетот на театарската традиција и за продолжување на истата паѓа на оние кои творат во театарот денес. Ја имав честа да играм, меѓу другото, и во сцените во Берлин пред познати имиња. По првиот настап, добив покана за работа таму. Еден режисер ми рече: Ти сјаеш на сцената, тоа си ти! Со тоа, научив дека насекаде театарот треба да го градиме по квалитет, а не по квантитет. Секое излегување е однос помеѓу тебе и самата сцена, и секое излегување треба да остави печат. Ние треба да работиме на тоа да си го препознаеме нашето најдобро за да оставиме најдлабок печат. Кога мислам на театар и искуствата, јас ги заборавам луксузните згради или малите сцени – мене ме фасцинира нешто друго. Театарот опстојувал и опстои без зграда – на отворено, (учествував и во уличен театар во Франција и играв на мост, во парк) Кога велам театар, јас помислувам на онаа луксузна енергија, мислам на актерот, живиот збор и светот кој тој го гради. Важен е човекот, критериумите за прием, образованието на театарџијата, енергијата на актерот – и неговата чистота и карактер, тоа е најважно! Важна е енергијата актер – публика и единствен предуслов да постои театар е присуство на таа енергија и ништо друго. Не треба да се стремиме да правиме полтронски театар за да им се допаднеме на странците. Треба да почнеме да создаваме искрен и добар театар сами за себе и самите кон себе. А тоа би било со поддршка на домашни автори, асимилација и квалитетно препознавање на вистинските театарски таленти и овозможен пристап до театарот без никакви полтиички, економоски и социјални ограничувања. Oд детално анализирање на сопствениот домашен потенцијал во целост и од пронаоѓање на сопствениот глас во светот, оттука се гради светски впечаток и внимание.
* Дали некогаш ја гледа во своите раце *статуетка* и за што би сакале да биде тоа?
Никаква статуетка не може да ја замени мојата љубов кон театарот, и никакво присуство или отсуство на истата, не би ја сменила таа пасија кај мене. Тоа е само формалност, а сметам дека театарот не сака и не трпи формалности. Генерално, театарот го гледаме низ призма на награди, број на одиграни претстави, број на продадени карти, број на актерски појавувања, режисерски остварувања и слично. Ако сфатиме дека за чинот наречен театар се само потребни една сцена, еден актер и еден гледач, тогаш театарот нема да го гледаме квантитантивно, туку квалитативно. Ако сфатиме дека лукзузната енергија помеѓу актерот и гледачот треба да е богата, да се збогатува и надградува, и ако тргнеме од неа да го градиме театарот, во светот ќе имаме многу поквалитетен театар. Ако секој театарџија се отргне од желбата по статуетки, туку се фокусира на тоа да биде човек кој го разбира театарот, знае зошто е во него, и знае што театарот од него бара, со огромна почит во тоа во што се впушта, тогаш би имале театар кој ќе ги надмине сите статуетки. Треба да го гаиме нашиот однос кон театарот, со што младите театарџии не би мечтаеле за статуетки без да го запознаат, разберат и почувствуваат театарот од блиску.
Театарско резиме – творечка лична карта на Игор Томески
Јас сум во театарот речиси 11 години, од мојата 9 годишна возраст. Имам настапувано низ сцените во Македонија, САД, Германија, Франција и други места, во аматерски но и во професионални перформанси.
Во театарот влегувам со професионалните актери Весна Петрушевска Бејби и Сенко Велинов преку школата за деца актери во 2005, каде се запознавам со основите на театарот и актерството како и со актерските правила и одговорности. Следните 6 години, продолжувам со активно членство во „Детското драмско студио„ во Тетово каде играм во претстави со аматерски но и професионални режисери. Во нарените 6 години, се префрлам во драмското студио за возранси каде учествувам во посериозни проекти. Сум дел два најголеми потфати во аматерскиот театар во Тетово:
1) Актер во „Господа Глембаеви“ од Мирослав Крлежа, за прв пат подготвен од тетовските аматери во Тетово 2012, еден од најкомплексните текстови поставен во Домот за култура, во режија на Саше Серафимовски. Имав чест да играм со основоположниците на театарот во Тетово со 40 годишно сценско искуство: Миодраг Николиќ Панта, Радисав Наумчевски, Ладо Савески. На 15 години, ја добивам една од најпредизвикувачки улоги во оваа драма – свештеникот доктор Ајолзије Силбербрандт.
2) Автор, режисер и продуцент на „Театарски Џумбус“ – 3 часовна театарска пиеса која ја поставувам со 40 млади актерски дебитанти од Тетово, подготвена за само 2 месеци, но, даде една од најголемите резултати во аматерскиот театар кај младината. Драмата е спој на сето мое драмско творештво на рана возраст до
тогаш и сите мои драми во едно дело. Претстава, која дава општествен коментар на нашето живеење, и е наградена од Нобеловото семејство со Нобеловата нагдрада за млади за споделување на нобеловата вредност за еднаквост. За прв пат во историјата, драмски текст на македонски јазик е награден од Нобеловото семејство.
Во средното американскоко училиште „Wilson“, 4 години го посетувам предметот драма и професионално се дообликувам од професионални инструктори за актерството, но и за драматургијата и режијата. Пишувам свои дела, но адаптирам за сцена и режирам дела од англиска литература: “1984„ од Џорџ Орвел, „Човекот што сакаше да стане крал“ од Ројалд Киплинг, „Мајмунска Шепа“ од В.В. Џејкобс и други.
Моите театарски искуства низ Европа и САД се актерски и соработувам со професионални театри. Во Франција учествувам во уличен театар, а во Берлин, Германија по првиот настап добивам понуди за работа. Во САД се здобивам со многубројни награди меѓу кои и наградата за Најдобар Актер во унивезитетот Пидмонт за школската 2015/2016 година каде наградата ја добивам за само едно мое појавување во текот на целата година за претставата „Бел Божиќ“. Во претствата „Strange Fruit“ *, приказна за меѓурасна забранета љубов, режирана од Бродвејскиот и Њујоршки познат режисер Том Фогарти, хорскиот директор се воодушеви од моите способноси и нашата култура што одлучува да внесе сегмент од песната „Зајди Зајди“ во музичкиот избор на црковниот хор, кој ја придружуваше претставата.
Авторски театарски претстави
Куќен Совет (2013) – Џејмс Бондовски комичен приказ на балканскиот комшиски менталитет
Благојче (2014) – комедија за несигурноста во љубовните врски и влијанието на надворешната околина и пријателите во нашите одлуки
Лебедово Езеро (2013) – комедија за недоразбирање помеѓу друштво, односите помеѓу младите и старите
Театарски Џумбус (2015) – 3 часовен театарски мега-проект и приказна за двајца уметници коишто се откажале од уметност, кои преку театарски едночинки изведени од упорната младина, ќе се потсетат на своите творечки денови и и ќе одлучат да се вратат на уметноста.