Шенка Колозова

Шенка Колозова
 senkaa
Роден 1 февруари 1947
Добрево, Пробиштипско
Македонија
Националност Македонка
Познат по улогата во:
Македонски народни приказни
Занимање актер
Сопружник и деца Ѓорѓи Колозов,  ќерките Катерина и Кристина

Шенка Колозова (Добрево, Пробиштипско, 1 февруари 1947) — македонска глумица, најпозната по улогите во Македонските народни приказни.

hqdefault gjorgji-i-shenka_n-520x395

Биографија

Колозова е ќерка на Стоица и Катерина Димитрови (подоцна, Станојкови). Родена е на 1 февруари 1947 во Добрево, Пробиштипско). Дипломирала на Катедрата за јужнословенска книжевност при Филозофскиот факултет во Скопје. Целиот работен век го поминала како професионална актерка во народните театри во Штип и Куманово, а подоцна и во Македонскиот народен театар од Скопје, каде се пензионирала. Во кариерата одиграла над 100 премиери во трите народни театри, и уште 16 премиери со приватниот театар „Колозов“. Таа има одиграно повеќе од 6 000 претстави во овие три театри, не вклучувајќи ги и гостувањата во Велешкиот театар и други театри во Македонија. Најзначајни театарски ролји на Колозова се во претставите „Свирачот на покрив“ , „За сите мои синови“, „Електра“ на Еврипид (во улогата на Клитемнестра), „Сè за градината“, „Печалбари“ и други. Покрај актерството, таа е автор на бројни сценарија и драматизации, меѓу кои и Цепенковите народни приказни.

233526

Филмографија