СЕМЈУЕЛ БЕКЕТ (13 април 1906 – 22 декември 1989) е една од најзначајната фигура на Театарот на апсурдот, ирски писател, драматург и поет. Добитник на Нобеловата награда за литература во 1969 година.
Творештвото на Бекет всушност е поглед врз човековата култура на формален филозофско-минималистички начин. Како ученик асистент и пријател на Џејмс Џојс Бекет се смета за еден до доцните модернисти, а претставува инспирација за многу подоцнежни писатели, кои пак го сметаат за еден од првите постмодернисти. Негово најпознато дело е трагикомедијата во два чина #Чекајќи го Годо# (1952) прогласена за драма на 20 век. Негови најзначните дела се романите Марфи, Молоа, Малон умира, Неименливото, а покрај #… Годо# негови позначајни драми уште се и Кралот на играта, Среќни денови и кратките драмски акти Појди-дојди (содржи 121 збор) и Чин без зборови…
#Чекајки го Годо# – темата на драмата е содржана во насловот, а го обработува чекањето на двата главни лика Естрагон и Владимир, кои го чекаат Годо кој им ветува работа и подобар живот. Идејата пак на драмата е во бесмислата на животот која сепак како поткрепа ја има надежта за подобра иднина и пронаоѓањето на смислата. Столбот на нивното битисување (на Владимир и Естрагон) е надежта дека утре ќе биде подобро, дека утре можеби ќе дојде Годо… Во оваа драма се е релативно. Времето, местото па и ликовите. Времето е денес, утре и вчера, а можеби и не е… Самите ликови не знаат дали чекале вчера или некогаш порано, а и утре можеби ќе чекаат, ако стигнат навреме на местото за чекање. Тоа пак, е покрај некое дрво, а можеби и грмушка. Апсурдот, односно релативизирањето оди дотаму, што не е сигурно дали е тоа вистинското место каде што се договориле да чекаат и дали и вчера биле тука или за првпат доаѓаат… Останатото го имате во оваа буквално безвременска историско-современа трагикомедија во два чина, ако сепак успеете да го најдете?!
