Божо Софрониевски ( 1922 – 2001 )

 

 

225px-bozo_sofr

Божо Софрониевски
Роден      1 март 1922 Волковија, Гостиварско
Починал     10 ноември 2001 Скопје
Националност Македонец
Познат по улогата во:
Мирно лето
Мементо
Занимање актер
поет
писател

Во улогата на руски офицер во филмот Мементо (1967); Софрониевски во Мементо, 1967 год.
Божо Софрониевски (роден на 1 март 1922 во Волковија, Гостиварско – починал на 10 ноември 2001 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски и радио глумец, поет, драмски писател и преведувач.
Биографија
Софрониевски е роден во Волковија, Гостивар на 1 март 1922 година. Во почетокот на педесеттите години се вработил во Македонскиот народен театар во Скопје, каде ги остварил своите први улоги во неколку драмски проекти. Подоцна се вработил во (поранешното) Радио Скопје (денес Македонско радио) при тогашната РТВ Скопје (денес Македонска радио телевизија) каде што работел како радио актер сè до крајот на својот работен век.

Препознатлив е по синхронизирањето на македонски на некои од ликовите во цртаниот филм „ Попај “, во осумдесеттите години од минатиот век. Малку е познато дека Божо Софрониевски е автор на првиот текст за забавна мелодија во Р. Македонија – „Гитара“.

Филмографија
1961: Мирно лето (Споредна улога)
1967: Мементо (Руски офицер)
1976: Војвода Спиро Црне (Свештеник)
1979: Наши години (Споредна улога)
1982: Илинден (Томо)
1985: Од зад грб (Таткото на Џемо)
Биографија: (Битола, 22.4.1930 – Скопје, 1980) Филмски, театарски телевизиски актер. Во 1947 година се запишува на Државната театарска школа во Скопје. Уште од почетокот на својата театарска кариера (1949) игра значајни улоги. Својата надареност ја потврдува и како филмски актер. На филм дебитира со својата улога во МИС СТОН (1958), по што следува низа од филмови во коишто како носител на главни и епизодни улоги ја потврдува својата извонредна способност за типолошки преобразувања. Настапувал и на телевизија.
Филмографија:

1958: Мис Стон ( Главна улога, )
1963: Невољите на покојникот К.К. ( Главна улога, )
1964: Под исто небо ( Споредна улога, )
1966: До победата и по неа ( Главна улога, )
1967: Македонска крвава свадба ( Главна улога, )
1967: Мементо ( Главна улога, )
1968: Планината на гневот ( Споредна улога, )
1969: Републиката во пламен ( Главна улога, )
1970: Цената на градот ( Главна улога, )
1971: Жед ( Главна улога, )
1972: Истрел ( Споредна улога, )
1975: Јад ( Споредна улога, )
1977: Пресуда ( Главна улога, )
1980: Оловна бригада ( Споредна улога, )
1980: Време, води ( Споредна улога, )