МАЈА ЉУТКОВ – Дури откако се спушти завесата, видов дека сум во крв!

 

 

АКТЕРКАТА МАЈА ЉУТКОВ НЕ Е ИМУНА НА СЦЕНСКИ ПОВРЕДИ

3 јануари 2016

“Во една од сцените требаше брзо и во темница да излезам од еден, а да влезам од друг влез на сосема другата страна од сцената. Иако беше затемнето, јас како и секоја изведба на оваа претстава бев подготвена за маратонот кој го трчав за најкратко можно време… Почуствував дека се сопнав од нешто, ама не обратив внимание за да излезам навреме на сцената за мојата следна појава и продолжив со претставата…, се присетува Маја

Сценскиот живот и перипетии буквално се случуваат без да сакате, бидејќи понекогаш ниту сценските рефлктори ниту магијата што ја носи театарот, не помагаат да се извлечете од непријатноста што ве снашла на сцена.

Како и многумина наши соговорници и сопатници од оваа рубрика, така и актерката Маја Љутков, почуствувала дека сценскиот живот може и знае да биде и тоа како крвав.
Нејзиниот инцидент се случил на претставата “Баханалии” во режија на Наташа Поплавска во Велешкиот театар:

“Во една од сцените требаше брзо и во темница да излезам од еден, а да влезам од друг влез на сосема другата страна од сцената. Иако беше затемнето, јас како и секоја изведба на оваа претстава бев подготвена за маратонот кој го трчав за најкратко можно време… Почуствував дека се сопнав од нешто, ама не обратив внимание за да излезам навреме на сцената за мојата следна појава и продолжив со претставата…

Но, работите не се така едноставни и безболни како што мислиме:

“…Продолжив со претставата, а колегите почнаа чудно да ме загледуваат . Отпрвин помислив дека нешто не е во ред со мојот текст, костим, шминка… На крајот од сцената се спушташе завесата и сите колеги наеднаш се собраа околу мене и почнаа да ме прашуваат како сум, дали се чувствувам добро, а јас сеуште немав поим што всушност ми се случува. Тогаш еден од нив ми рече да си ја погледнам ногата и дури тогаш видов дека целата нога и дел од костимот ми беа крвави… Откако погледнав почнав да чувствувам болка, а дури потоа приметив дека она од што сум се сопнала во темницатра е дрвен сандак со оружје што со сета сила сум го шутнала…Резултатот беше отворена рана поради која во наредните 10 дена не можев да си ги облечам чевлите!” …”, се присетува Маја.

Кој работи и греши, кој трча и паѓа, се удира, а и крваво си го заработува лебот, но ние искрено се надеваме дека на Маја Љутков ова никогаш повторно нема да и се случи! (Б.Г.)