ПРОФЕСИЈА ШМИНКЕР- ИГОР ПЕТРЕСКИ
Игор Петрески Има зад себе има многу претстави, односно, околу 15 премиери во Драмскиот театар, во период од скоро три години, една претстава во Театарот за деца и младинци, каде изработував бради и мустаќи, ( секој шминкер кој работи во театар мора да знае да го работи тоа, односно да книфа), како и претстави во приватни проекти.
Инаку, формално образование за театарска и филмска шминка, кај нас за жал нема, нема ни на балканот и пошироко, и се се сведува на курсеви и разни едукации…, Покрај диплома за шминка, Игор има завршено и курс по вајарство, кој многу му помага за изработка на маски, рани, лузни и слични работи, посебно во филмската шминка…За оваа интересна дејност на Игор,видлива но кај нас неанимирана доволно, Театарче реши да ве информира директно преку нејзиниот експониран, а невидлив чинител:
Има ли добри услови за вас шминкерите во театарот во Македонија?
*Па порано и не баш, но сега е подобро, одиме напред на тоа поле.
Колку имаат слух, за вашите побарувања надлежните каде работите?
* Зависи од барањата, но зависи и од буџетот наменет за таа претстава. Но, секогаш се наоѓа компромис.
Имате ли простор за крeација односно, колку во маската е преточен вашиот естетски дух?
*Секако дека имаме простор за креација, всушност и така доаѓа до израз колку е талентиран шминкерот, мене ми е предност што работам и филмска шминка ( special effect ), па добро се снаоѓам и во сложени ситуации.
Ги следиме ли кај нас светските трендови во работењето театарска шминка?
* Во театарската и филмската шминка, не постои тој термин, барем не за мене.Треба да знаеш во одредени ситуации и да инпровизираш.
Едноставоста е плод на верната денешница или… ?
Често се случува едноставноста во работата, да даде многу подобар резултат.
Кој ви виси над глава додека шминкате?
*Па, никој не ни “виси” над глава, костимографот и режисерот само ни даваат насоки како би сакале да изгледа шминката, и потоа продолжуваме сами.