Стево Спасовски (1940–2008)

 

 

images
Скопје, 31 март 2008 – На 68-годишна возраст во Скопје почина истакнатиот македонски актер Стево Спасовски. Својата речиси петдецениска впечатлива кариера ја започнува на сцената на Македонскиот народен театар (1960), а постојан член на Драмскиот театар е од 1964 година од каде и заминува во пензија.

Освен во театарот, забележителни успеси реализира и на филмското платно.

Стево Спасовски е впечатлива актерска појава. Тој во “своите” ликови внесуваше шарм кој ненаметливо и пријатно остануваа врежани во меморијата на вљубениците во театарот. Посебно пленеше неговата студиозност, одмереност и умереност во изразот што од вербално-психолошки аспект го правеше навистина посебна актерска и уметничка индивидуа. Овие карактеристики се својствени само на творци со изразита високопрофесионална етика и човечки предиспозиции.

Актерските остварувања на Стево Спасовски забележаа највисоко уметничко рамниште во делата од домашната македонска драматургија, но исто така и во претставите работени на текстови од светската драмска класика. Играјќи во скоро сите претстави на Горан Стефановски, доживеја голем успех на многу фестивали, гостувања, какви што се фестивалите во Нови Сад, Белград, Љубљана, Сараево, Софија, Вроцлав, Букурешт, Прага…

СТЕВО СПАСОВСКИ БЕШЕ РЕПЕР ЗА МАКЕДОНСКИОТ ТЕАТАР

Мајстор кој со невидено минимални театарски средства создаваше театарска магија
„Местото на Стево Спасовски на високата македонска актерска пирамида треба да се бара на самиот врв. Тој импонираше со својата отмена, мошне шармантна, дискретна и речиси секогаш вдахновена игра, која му овозможуваше од претстава во претстава, од лик во лик, да постигне нови и уште поголеми цели. Овој мајстор на сцената ниту во еден миг не ги штедеше силите за да го постигне максимумот, иако можеби имаше причина за тоа поради здравјето. Едноставно, мора да се создава до последниот здив, сметаше Стево“. Со овие зборови на директорот на Драмски театар, Бранко Ѓорчев, на вчерашната комеморативна седница одржана во неговиот матичен театар, беше испратен бардот на македонскиот театар, Стево Спасовски. Во сеќавањата на своите колеги, како што наведе Ѓорчев, тој ќе остане запаметен како актер „со вроден инстинкт, сестрана дарба и современ сензибилитет што му помогна да излезе од шаблоните на типично театарската игра“.
„Се збогуваме со човекот кој половина век беше репер за македонскиот театар и на кој му беше доволно да биде само актер… Стево беше мајстор кој со невидено минимални театарски средства создаваше театарска магија. Тој го имаше она што денес толку многу ни недостасува: упорност и силна верба во она што го правиме“, рече на комеморативната седница актерката Сабина Ајрула.
Секако дека со заминувањето на Стево Спасовски, македонскиот театар губи една сестрано изградена актерска личност и голем професионалец. Преку својот комплетен ангажман во театарот и на филмот, Стево Спасовски, несомнено даде голем придонес кон растот на македонската култура.
За својата специфична, препознатлива актерска појава тој бил повеќекратно наградуван со значајни признанија меѓу кои се издвојуваат: наградата „11 Октомври“ во 1983 година, две актерски награди освоени на МТФ „Војдан Чернодрински во 1987 и 1988 година, наградата „Климент Охридски“ во 1999 година, како и наградата за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“ во 2001 година.

ПО СТАПКИТЕ НА СТЕВО СИНОТ И ВНУЦИТЕ

stevo-spasov-likovi

ИВИЦА ДИМИТРИЈЕВИЌ – АКТЕР

 

 

Во прво лице

Ако љубов немам ништо не сум

1. ЗА СЕБЕ
уште се запознавам , може некој друг да прашате
2 . ЗА ЉУБОВТА:
Суштина. Ако љубов немам ништо не сум .
3. ЗА ЖИВОТОТ:
Пат, борба , чудо.
4. ЗА ТЕАТАРОТ:
се потребни двајца .
5. ЗА ДОБРОТО
добро
6. ЗА ЗЛОТО
ОтС*уство на доброто
7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ
Живи, здрави
– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ?
Богатство.
8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ
луксуз кој на крај скапо се плаќа
9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА
да се исчисти
10. ЗА КОЛЕГИТЕ
потреба
11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ
ке им дојде редот
12 . ЗА ИДЕЈАТА
почеток на делото
13. ЗА СОНОТ
не се сеќавам
14. ЗА ЈАВЕТО
сон со отворени очи
15. ЗА ВИНОТО
внимателно
16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО
јадро , прво пристаниште од каде трга борбата , патот , чудото( животот)
ЗА МУЗИКАТА
помеѓу најважните работи
17. ЗА КРАЈ
нема крај, а и да има потоа е нов почеток

ТЕА БЕГОВСКА РЕЖИСЕР

 

Драги сонувачи!

Ако во природата на младиот човек е ентузијазмот и негова предодреденост е да се бори, вие двајца Борче и Кети – од љубов и за љубов направени, сте жив пример дека го носите во себе ентузијазмот на младиот човек!

Си бил еден човек. Тој човек ја барал суштината на човечкото постоење. Барајќи наишол на луѓе/нелуѓе, чувствителни/бесчувствителни, свои и никои, со став/без став, со лице/ без лице, со перде/ без перде, со маска/без маска, со мене/ без мене, со вас/ без вас…барал, барал и упорно барал…и секогаш кога ќе се уморел почнувал повторно од почеток, од нула. Човек/не човек, мое и твое, што е мое? Што е твое? Што е наше? Кој сум јас, кој си ти? Вистина/ невистина, лага и тага, не можам рекол, не можам да сфатам…Пак од нула, пак од почеток. Јас сум – ЈАС сум – Јас СУМ, ќе спијам…не, ќе станам, ќе барам, не…ќе плачам, не, не, не, ќе се смеам. Сега ќе одам да се погледнам во огледалото – Што сум јас? Кој сум јас? Ќе седнам, и така само ќе седам и ќе мислам. Мисли! Мисли, мисли, мисли! Не ми доаѓа. Не ми доаѓа мисла! Ќе си влепам шлаканица!  Се уморив – рекол. Добро. Од почеток, од нула, од самиот почеток ќе почнам. Се заљубил/се одљубил, се уморил/се кренал, паднал/се исправил, гледал во една точка/не гледал во никаква точка, сакал/не сакал, спиел/не спиел, јадел/не јадел…. и така секогаш и повторно и повторно и се’ и се’ од почеток и почеток. Така ние создавајќи ја секоја наша креација почнуваме од нула. Се чувствуваме недоискажани, недокажани. Театарот секогаш одново го кажува она што веќе е кажано. Исто како и во љубовта. Се’ е кажано, но и се’ треба повторно да се повтори. Каква суштина бараме? Ја нема. И ако ја има не е една, секогаш е своја, секогаш различна, посебна и важна за себе, постои и ќе постои само за себе. Во тоа е убавината. Убавината да почнеш од нула во создавањето на секој еден актерски МИГ, на секој еден МИГ од креацијата на режисерот. Мојот МИГ, твојот МИГ, треба секогаш одново и од почеток да биде создаден, да му се вдахне душа која само што не почнала да живее. Тоа СЕГА и ОВДЕ да се сфати и прифати како постоење, а не како нешто што МОРА да се случи. Присутност со око и со душа, со тело и со срце. И не постои друг пат, тоа е едниствениот пат.

Театарче нека биде овој човек и секогаш одново нека ја бара суштината и секогаш нека биде нова и свежа, своја и ничија друга. МИГОТ кој ми го пружате мене и на моите колеги со ова Наше Театарче е доволно голем и свој да ја потврди таа суштина по која трагаме сите.

 

” ВЕЧЕРА НА РОНКИТЕ ” ги собра највредните ронки

На народниот фестивал во Гнилане – Косово,  каде учествува народните театри од Aлбанија, Kосово и Mакедонија, Албански театар од Скопје со две награди за најдобра претстава и Амернис Нокшиќи Јовановска наградена за најдобра женска улога

ВЕЧЕРА НА РОНКИТЕ

        

АвторРефет Абази

РежијаЌендрим Ријани

 СценографПетрит Бакали  Костимограф: Едлира Ќушка Композитор: Фатос Лумани Кореограф: Кренаре Невзати Видео: Бетим Зеќири

 Играат:

Луран Ахмети и Амернис Нокшиќи Јовановска

Препелкање или војна меѓу животот и смрттаВпрочем, кој е вистинскиот живот?! Кој е клучот да се стигне до среќатаво животот? Дали е љубовта или е омразата она што не тера да го изгубиме односот со времето кое ни е дадено како подарок да го живееме или да не го живееме овој животОва се неколку од прашалниците кои се стремиме да ги покренеме во текот на времето во кое се случува приказната‘ насловена “Вечера на ронките” ! Чии ронки се потрудивме да ги собереме преку правилата” на театарот на Арабал  театар на суровоста, преку кој сакаме да ја разложиме суровоста на она што се трудиме да го разбереме како временски процес во кој треба да ни се случи она што ние го нарекуваме живот!!

Превод на македонски: Бесфорт Издризи  Одговорен за декоротЗекирија Авди  СтоларНури Исмаили  КројачиЌерим Етеми, Хулја Рустеми  ИспициентОрхан Кадриу – Лани  СветлоИдавер ЏемаилиАхмет Чајани  ТонНади Беџети   Одговорни на сценаЏанер Мусиќ и Сулејман Ибрахими РеквизитаХисни Вила  ШминкаНора Питарка Лута, Авди БилалГардеробаАтиџе Демири, Аднан Реџепи

2. КУЛТУРОЛОШКИ ФЕНОМЕН НА ТЕАТАРОТ

 

Тихомир Стојановски

Секако за да се разбере природата на театарот треба да се појде до првичната дилема за тоа од кога може да се зборува за суштествување на театарот. Првата дилема, парадокс на театарот е дали на почетокот бил зборот или гестот? Но, нам не ни е во прилог да се зафаќаме со вечната “Хамлетова дилема”, кој бил на почетокот. Тоа само би нé одвлекло до неразврзаниот “Гордиев јазол” (го одврзал или пресекол Александар Македонски. Животна приказна која станува мит, расказ, легенда која ја раскажуваме денес. Станува историја). Би нé довело до уште една од човечките нерешливи загатки, до дилемата кој е постар “кокошката или јацето?” Двоумење, дилеми, небаре реплики од драмата на апсурдот, од Бекет или Јонеско. Како да го чекаме Годо? Одговорот на загатките барем се обидува да го зачне театарот на сцената. Одредени реченици, реплики од животот, како горниве две прашања-загатки, стануваат рамни на драмски сцени и остануваат низ милениумите, раширени преку границите на дражавите како искуст на предците.

КРАТКАТА ПРОЛЕТ И НАСОЛЗЕНАТА ЗАВЕСА

 

Христо Петрески

***

Малески констатира, но и се прашува: Денеска веќе многу наши градски театри пречекориле барем со една нога отаде границата на дилетантизмот. Уште во почетокот при формирањето на градските театри кај нас се тргна во еден наопачки процес: без колку-толку образован кадар се отворија театри во речиси  сите наши поголеми градови, а артисти?

Додека пак, Милчин изнесува мислење дека во Македонија треба да постојат само два театра и тоа само во Скопје и Битола. Тие театри би биле доволни да ја покријат целата територија на Републиката преку повремени гостувања (?!). Милчин бил претставник на Здружението на драмските уметници на Македонија.

При расформирањрето на поголемиот дел од градските театри имало најразлични идеи и ветувања, анекои од нив биле и следните: Македонскиот народен театар да прерасне во куќа што како матична ќе го помага развојот на драмскиот аматеризам и ќе ја покрие потребата за театарски претстави во СРМ наместо постојните професионални театри; понатаму, да се основа постојан подвижен патувачки театар што ќе ја обиколува Македонија и слични други предлози, табуа и небулози.

Притоа, како да се заборавило на основната вистина и премиса: дека полесно е да се руши отколку да се гради, па театарската елита сакајќи да биде спокојна, единствена и мериторна, всушност, самата си ја пресекла сопствената гранка, го прекинала и уништила подмладувањето и творечката и креативна обнова, за сега (неколку децении подоцна), за среќа, повторно да се обновува она што претходно брзоплето, не докрај промислено и аргументирано, експресно и безпоговорно било забрането, односно укинато и затворено.

Новите драмски и театарски ветришта веќе дојдоа од Охрид, сега започнуваат да дуваат и од кај Гевгелија, па да се надеваме дека и во Тетово повторно ќе проработи македонската театарска сцена, но и во Кочани каде има солидна база и услови, бидејќи со години по ред таму се одржува Драмскиот аматерски фестивал на Македонија.

Од канџите и списокот на понижените и обесправените, веќе одамна се ослободи Театарот во Велес, па сега остануваат уште Гевгелија, Кочани и Тетово, но зошто да не и другите поголеми градови во Македонија – повторно да основаат и имаат свои театарски куќи, активен и вистински театарски живот и атрактивни современи театарски претстави…

Сонот ќе заврши и ќе се обвистини, тогаш кога пролетта на македонските театри во внатрешноста повторно ќе стане долга и вечна, но и кога завесата нема да биде насолзена, туку ведра, насмеана и среќна, а работата на театрите со богат, содржаен и квалитетен  репертоар – спокојна, обмислена и независна, односно самостојна, плодоносна и бериќетна!

Публиката, како неизоставен и интерактивен чинител, тоа го очекува и заслужува…

 

Неисполнети очекувања

 

Кон премиерата на претставата „ Франкенштајн # Алхемија на животот “, авторски проект на Лилиа Абаџиева во Драмскиот театар.

Што се случи со Лилиа Абаџиева и со Драмски ? Како да не се препознале меѓу себе ? Зошто?

Драмскиот театар зачекори во 2017 со премиерата на претставата „ Франкенштајн # Алхемија на животот “, одржана на 27 јануари . Како авторски проект, за кој ги потпишува драмската адаптација на романот на Мери Шели „ Франкенштајн или модерниот Прометеј“, режијата, музичкиот избор и кореографијата, се јавува докажаната бугарска режисерка Лилиа Абаџиева.Таа за прв пат постави претстава во Драмски, но не е непозната за нашата публика. Ја гледавме низ години на МОТ, со нејзините креации на Шекспирови трагедии : „ Хамлет “, Ромео и Јулија “ и „  Отело “, кои дојдоа од нејзината родна, а наша соседна Бугарија. Во МНТ, Лилиа Абаџиева ја постави „ Ромео и Џулиета “, во 2011 година, а во НТ Битола –„ Женидба“ од Гогољ, уште во 2006 година. И сите претстави поминаа одлично. Лилиа пленеше со својот пост модерен пристап, со своите смели концепти во кои андогиноста беше матрица по која се кроеја улогите и се преиспитуваа постапките и релативизираниот идентитет на современиот човек. Се насладувавме на нејзината инвентивност, повеќеслојност, на уникатната естетика и ангажиран пристап, што ги развиваше во своите театарски рожби, направени според моделот на германскиот експресионистички театар. Но што се случи со Лилиа Абаџиева и со Драмски ? Како да не се препознале меѓу себе ? Зошто?

Ќе тргнеме од текстот – драматизацијата. Авторски проект со реинтерпретација на туѓо дело во нашиот театарски контекст често е рискантен потег повеќе и од постановка врз слаб текст. И повторно зошто? Зашто често се губи суштината на зададената проблематика од авторот при изборот на мотивите по кои се работи. Така беше и овој пат. Драмската адаптација е сведена скоро на непрепознатливо читање на славниот роман на Мери Шели кој датира од 1818 година. Објавен е во Лондон анонимно и важи за прво научно-фантастично четиво воопшто напишано.

Од оригиналниот материјал се штрихани убиствата направени од суштеството – Аватар во верзијата на Абаџиева, кон братот, пријателот и вереницата на Виктор Франкенштајн, неговиот креатор . Па така, материјалот нуди малку конфликти, важни за динамичен развој на дејството. А, инкорпорирани се делови од творби на други автори, меѓу кои е Петре М. Андреевски, со својата поезија. Главниот наратив е насочен кон копнежот по љубов и припадност на современиот човек и на креатурата со светли магиски моки – Аватарот, отколку на неговиот судир со средината поради тоа што е различен од другите и затоа отфрлен. И прави злодела од освета. Резултатот е романтичарско- вознесувачка претставата која е допадлива , но лебди во воздух зашто недостасува подлабоко сценско понирање во поимањето на поинаквиот идентитет некогаш/денес . Естетиката ? Речиси и да не видовме ново знаковно решение на мизансцените низ движења, што Абаџиева ни го покажала во погоре наведените претстави. Се разбира дека секој режисер има препознатлив ракопис од кој црпи и го развива, но овдека немаше развој. Нејзиниот театар , каде говорот и емоциите се доискажуваат со движења , овдека не нуди новитети, а и тоа што е направено, актерите не го владеат целосно. Особено, кореографираните скокови и падови кои од нив бараат поголема пластичност, физичка кондиција и вештина. Вака како што ги изведуваат дури постои опасност некој да се повреди. И препорачувам да не се изведуваат. Но, нема опасност за Игор Стојчевски. Тој и емотивно и физички исцело го доловува ликот на добриот и страден Аватар, во потрага по сродна душа за себе . Стојчевски соработуваше со Абаџиева и на „ Ромео и Џулиета“ во МНТ, па веројатно и тоа искуство му помогна овдека, но и се виде дека тоа е театарскиот израз што му лежи..

Зоран Љутков како Виктор Франкенштајн, е точен во пренесувањето на емоциите и дилемите на човекот кој се обиде да биде Бог -креатор , но недостасува појавната трансформација. Билјана Драгичевиќ –Пројковска е инвентивна во својата гротескност, во сцените пред микрофон, но само толку. Забавни, полетни и енергични остварувања покажаа Соња Стамболџиоска , Благица Димитровска и Александар Степанулески, но нивните , како и останатите улоги во кои настапија Филип Трајковиќ, Димитрија Доксевски , Гордана Ендровска и Наталија Теодосиева, останаа недоискажани до крај, под диктатот на замислениот концепт на Абаџиева .

Сепак, делумно восхитува аудио и визуелното обликување на кое работеше Васил Абаџиев, соработник на Лилиа во повеќе нејзини претстави. Но зошто делумно? Затоа што неговите барокни костими со кринолини и женските фризури „ Мини Маус“ се исти како во битолската „ Женидба“, и „ Ромео и Џулиета“ на МНТ. Истото важи и за играта пред/со микрофон, што е иманентна за творечкото проседе на режисерката . Ново беше разбивањето на сценскиот простор на три плана, до зад сцената, поделени со транспарентни платна на кои се проектираат компјутерски генерирани слики на кои се прикажуваат состојби, сенки и други зумирани или не, реалистични и симболични прикази. Со тоа театарскиот е дополнет со филмски јазик, кој на претставата и дава флуидност и грациозност. И тука завршува креативноста. Ако на ова се додаде и фактот дека претставата е од програмата на театарот за 2016 година и дека со оглед на репутацијата што низ годините ја стекна Абаџиева во нашава театарска средина, на премиерата се чекаше со големи очекувања. Но од тоа што беше прикажано на затворената генерална проба, очекувањата останаа неисполнети.

Сотир Трајков.

TЕАТАРОТ КАКО МАСОВНА И ЕЛИТНА КУЛТУРА

 

Тихомир Стојановски

КУЛТУРОЛОШКИ ФЕНОМЕН НА ТЕАТАРОТ

Примерот го давам за да се спореди самиот живот со театарот кој длабоко во себе ја има потребата да го одигра животот, да го дообјасни, да го толкува, да го режира, подреди по сценски редослед. И нели знаеме во секојдневието да кажеме дека некој “драматизира”, кога сака да ја потсили емотивно ситуацијата или да í даде нова возбудливост. Кога ги пренагласува зборовите и чувствата. Во животот нé учат да бидеме, умерени, да нé викаме, да нé се возбудуваме, да ја задржиме присебноста. Но, во театарот ако така се однесуваме на сцената ќе дојдеме до котата на здодевноста. Во театарот за да се одржи вниманието и да се раскаже приказната со сценски средства е потребна неумереност. И оттаму доаѓа терминот драматизирање. Пренагласување на доживувањата. Нагласени зборови и гестови. Повисок тон. За во театар. Како урнек за разликата меѓу животната и драмата во театарот. Или со други зборови кажано згуснати чувства, настани, време. Поинтенизвни и подраматични отколку во секојдневниот живот. И во двете драми, животната и театарската, има приказна, дејство, учесници и набљудувачи. И напишана приказна. Нашиот народ би рекол “така му било пишано”, кога се случило нешто убаво или лошо. Тоа метафорично би значело дека и во животот имаме однапред напишана драма. Или судбина или карма од која не се бега. Која треба да се одживее и одигра. Небаре сме сите актери во големата животна драма.

“Од пишаното не се бега”, уште една реплика од животната драма која постојано ја повторува народот. Значи имаме пишани, запишани слова. Нели, книгите ги запишуваат луѓето да останат во паметење. “Историските книги ги пишуваат победниците”- е една фраза, синтагма која ја знаеме речиси сите. (Исто така, таа реченица е како реплика од животната драма, која одвреме-навреме ја повторуваме како искуство од предците). На македонскиве простори има многу напишана историја која е спротиставена една наспроти друга. Истории, небаре како драмски дела кои опишуваат исти настани со други зборови, реплики, податоци. Цивилизацискиот парадокс на животот за македонската литература и култура, станува како една голема драма, комедија и трагедија истовремено, дури и денес од одредени научни кругови имаме негирање на македонската култура (во 21 век?). Небаре езгистира еден нов театарски вид длабоко сврзан со самиот живот, но не само театарски – трагедија дел арте. Нов жанр во кој една иста приказна се раскажува пред гледачите, слушачите, читателите од поинакви агли и чинители. Изрежирана од поинакви режисери. Како чинови од драма, која има едно именување, а различни чинови, драма која не е завршена, затоа што се едначи со самиот живот. Како приказна која од оваа страна на Пирин Планина и од онаа страна на Пирин Планина е различна. Или од нашата страна на Олимп и од нивната е поинаква? Наша и нивна вистина. Одлична приказна за драматизирање. За театар. За родение на добра театарска претстава. Или уште еден показател колку се допираат театарот и самиот живот. За да се знае дека Македонија е една голема драма. Драма, која сé уште трае како култура и духовост и покрај сите “драматизирања” кон неа. Како уште еден чинител за длабоката врска на земјата и сцената. За нејзината театарска врска. За местото на кое се среќаваат премрежијата на современието. За да не остане општо познатото дека театарот е само “место за гледање”. Секако имаме учество и на актерите и на гледачите во добрите драми. Личен влог во сцената уметност. Или емпатија, доживување на чувствата на актерите како свои. Кога некоја добра претстава, сцена, монолог ќе нé доведе до солзи или до восхит, до “катарза” како што запишал македонскиот учител Аристотел. До прочистување за да нé направи подобри. Да нé смени и да нé натера да се спознаме себеси. Како чин на елитност кој нема да стане, да се преобрази во масовен, во пазарен, комерцијален тип за да се загуби себе си како духовност и културна вредност. Да се загуби себе си со првичниот духовен импулс на создавањето и уменоста.

Зора Ѓорѓиева 1935 – 2014

Зора Георгиева, првенка на НТ „Антон Панов“ во Струмица. Родена е на 26.04.1935 година. Од 1953 до пензионирањето во 1996 работела како актерка во струмичкиот театар.

Има одиграно над 150 улоги, меѓу кои :

Живка во „Госпоѓа министерка“, Коринкина во „Без вина виновни“, Ана во „Дневникот на Ана Франк“, Тања во истоимената претстава, Бланш Дибоа во „Транвајот наречен желба“, Нина во „Галеб“, Ели Меј во „Тутунскиот Пат“, Баба ни Ева во „Векутума века или Житие Адамово“, Маша во „Три сестри“, Јацинта во „Соблазна во Шентфлоријанската долина“, Кончита Паченко во „Големата награда“, Аманда во „Стаклена менажерија“, неколку монодрами, Андромаха во трилогијата „Вечна игра“ од акд. Митко Маџунков во режија на Бранко Ставрев, која влезе и сега во подела со истата улога за 65 годишниот Јубилеј на НТ „Антон Панов“ со голема енергија но од здравствени причини не остана до крај.

Добитничка е на лауреатите на Театарските игри „Војдан Чернодински“ во Прилеп за улогите: Тања (1967): Бланш Дибоа (1970): Баба ни Ева (1974): Јацинта (1975): Андромаха (1987). Во 1988 година од ревијата „Екран“ беше прогласена за актер на годината. Во 1996 година ја доби наградата за најдобро актерско остварување на ФКТ „Ристо Шишков“ за улогата на Аманда во „Стаклена менажерија“. Трикратна добитничка е на годишната награда на СО Струмица и награда за животно дело на 36 МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп во 2001 година.

НТ „Антон Панов“ ти го посветува 65-годишниот Јубилеј со премиерата „Вечна игра“ бидејќи Зора Георгиева и нејзината игра ќе бидат вечни во нашите души и сеќавања.

Починала во Струмица на 31 мај 2014 годин

 

Почивај во мир

Проштавање од Зора Ѓорѓиева

За сè си има време, вели Проповедникот, време кога се раѓа и време кога се умира, време кога се сее и време кога се собира посеаното. Се собравме токму во еден таков миг, најнесакан но, по раѓањето, и најважен во судбината на секој човек, мигот кога се завршува земниот живот. Застанати пред тајната што никој никогаш не ја одгатнал ниту ќе ја одгатне, стоиме во неверување пред тенката границата на световите, кога грстот фрлена земја го претвора постоењето во непостоење. Секој знае дека е тоа заедничка судбина на сите луѓе, но никој не сака да поверува во тоа, зашто нишките што нè поврзуваат со светот се толку силни! Овде живите се простуваат со оние што до вчера исто така биле живи, а чија судбина е сега во рацете на тие што останале: од тоа колку ќе ги помнат, зависи колку споменот за покојните ќе трае, зашто ова е моментот кога проживеаниот живот станува спомен и сеќавање.

Ова е моментот на збогување од Зора Ѓорѓиева во оваа огреана света недела.

Ова е моментот кога нејзиниот син Зоран ќе се прости од својата мајка.

Ова е моментот кога татковината ќе се прости со онаа што ја славела со игра и збор.

Ова е момент кога градот ќе се прости со својата актерска првенка.

Ова е моментот кога театарот ќе ги содере своите завеси и од нив ќе направи траурна облека.

Ова е моментот кога се собравме да се простиме со најголемата актерка што некогаш живеела во нашиот град.

Нема нужда посебно да се истакнува која беше и што во театарскиот живот на Македонија и на Струмица трајно ќе претставува Зора Ѓорѓиева. Можеме цел ден да набројуваме ролји и награди и пак да не ги доброиме. За неа никогаш немало нужда дури ни да се именува целосно: доволно беше да се каже Зора, па

да се знае за која Зора станува збор.

Во еден мој роман постои лик кој од далечниот свет праќа книги за село Попчево, каде што нашата драга Зора беше родена: сега дојде време тие книги таа да ги понесе со себе, каде и да отиде.

Судбината во овој тажен миг нè собра околу нејзиниот одар и нас кои бевме нејзини соработници и почитувачи, и Бранко Ставрев, кој ѝ беше главниот учител, како што секогаш зборувала, и целиот театарски ансамбл со кој одигра толку многу претстави, и нејзината верна публика, и мене чии ликови ги оживеа, станувајќи незаборавна Андромаха и Баба Фима и Верѓа и Ленче и Георгина. За жал, не успеа да ја одигра својата последна планирана ролја во Вечна игра.

Зошто со таа Вечна игра, уште кога ја почнавме пред скоро триесет години, работите станаа толку драматички, зошто дождовите што врнеа во пиесите мораа да го поплават светот, никогаш нема да се разбере. Александар Думов не успеа да ја заврши првата претстава од таа низа, а Зора Ѓорѓиева не успеа да ја заврши последната. Така почетокот и крајот се допреа. Додека се играше Сенката, Зора ми рече дека многупати му се молела на Бога на самата сцена, да му даде сила на Думев да ја издржи претставата до крај, а потоа и другата, и третата. Така и ние верувавме дека претстојната премиера нема да помине без Зора. За жал, таа си замина спроти мртвен, како што порано си заминаа Александар Думов, Стојан Гогов, Кирил Здравески, Мери Бошкова, Љубица Пипиревска, Ристо Костов – суштински дел на екипата со која ја почнавме „вечната игра“. Со Зора, тоа е цела една плејада која, освен Мери, почива токму на овие гробишта, испратена не само со посмртниот марш на Фредерик Шопен туку и со песната „Ќе се качам на коработ“ која излезе од претставите за да стане музички знак за проштавање. Тие заминаа, но, каде и да се, не се далеку од нас.

По смртта на Александар Думов, Зора Ѓорѓиева не еднаш ми рекла дека, кога ќе видела врапче застанато зад прозорецот на театарот, си мислела дека е тоа Думов кој нè гледа и го наслушнува нашиот разговор. Сега на тоа врапче, на тоа јато врапчиња што од Пуста земја летат кон родниот дом, им се

придружи и Зора Ѓорѓиева. Иако времето на качунките помина, а и минделите над Водочкиот манастир прецфтеа, тие „врапчиња“ сè така стојат по гранките околу нас и нè потсетуваат дека светот на живите не би имал никаква смисла без нивната песна, без она што тие биле, без она што го создале и без она што трајно го оставиле на светот.

Драга Зоре,

Ти благодарам за насмевката со која ме пречекуваше. Претставата што не успеа да ја одиграш ќе биде одиграна во твоја чест и ќе ти биде посветена, сега и засекогаш. Кажи ми на разделба само едно: зошто во сите пиеси во кои играше толку сакаше да плачеш? Дали затоа што е тоа многу лесно или затоа што е тоа мошне тешко? Можеби затоа што во оваа Долина на плачот нема доволно солзи што ќе ја истажат и исплачат нашата мака? Или затоа што му веруваше на Проповедникот, со кого почнавме па и да завршиме со него, кој вели дека „жалоста е подобра од смеата, зашто кога е лицето тажно, срцето станува подобро“.

Ти благодарам за она што беше, и нека те помнат по твојата добрина оние што останаа да те заменат, додека траат театрите.

Нека ти е вечна слава, почивај во мир!

Александар Думов 1923 – 1989

Александар Думов- актер, првенец на НТ„Антон Панов“ Струмица. Роден 25.02.1923 во Струмица. Пионер на театарската дејност во Струмица. Над четри децении беше еден од столбовите на Струмичкиот театар. Во повеќе наврати бил и в.д. директор. Дел од својата артистичка кариера ја поминал во Велешкиот и Битолскиот театар.

Од 1 Мај 1949 година, кога со премиерата на „Бегалка“ свечено беше отворен Градскиот народниот театар во Струмица, па до пензионирањето , играл речиси во сите претстави, а во многу од нив ги толкувал насловните улоги. Незаборавни ќе останат особено неговите актерски креации во текстовите од комедиографскиот жанр. Остварил над 200 улоги, а од нив позначајни се во претставите: „Смеа низ сокаците“; „Дамки“; „Соблазна во Шентфлоријанската долина“; „Тутунскиот пат“; „Сенката“; „Сомнително лице“; „Нороден пратеник“; „Женидба“; „Лажа и паралажа“; „Чорбаџи Теодос“; „Измама“; „Антица“; Поп Киро и поп Спиро“; „Нажалена фамилија“; „Власт“; „Покондирена тиква“; „Кир Јања“; „Чест“; „Женачка и мажачка“; „Македонска крвава свадба“; „Госпоѓа министерка“; „Бегалка“; „Големата игра“; „Смртта на Тарелкин“; „Дундо Марое“; „Протекција“ и други.

Во НТ „Антон Панов“ режирал повеќе претстави.

На Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп ги освоил наградите за актерски остварувања во претставите: „Смеа низ сокаците“(Спиридон и Шликачот, 1969); „Дамки“ (Ставре, 1971); „Соблазна во Шентфлоријанската долина“ (Ѓаволот, 1975); „Сенката“ (Даскалот, 1988).

Добитник е на годишната награда на СО Струмица.

Почина на 24.10.1989 во Струмица.