Монокл

 

 

 

hris-petr

Христо Петрески

КРАТКАТА ПРОЛЕТ И НАСОЛЗЕНАТА ЗАВЕСА

 
Кон книгите Кратката пролет на некои театри во внатрешноста на СРМ од Ристо Стефановски и Насолзена завеса од Благој Г. Кичеец

Книгата Кратката пролет на некои театри во внатрешноста на СРМ од Ристо Стефановски е вкоричено издание на авторот од 1977-1978 година, во кое се поместени вкупно четири негови текстови – публикувани во списанието Современост од Скопје и тоа во броевите: 9-10/1977; 1-2/1978; 4/1978 и 5/1978 година.
Уште на самиот почетокот од првиот текст Стефановски вели: Сознанијата за театарската уметност во Македонија би останале непотполни ако не се даде барем еден бегол осврт врз дејноста на театарските куќи што се веќе расформирани од разни причини.
Понатаму, Стефановски додава дека треба да се доосветлат некои аспекти од театарскиот живот во нашата Република, па додава дека тоа е долг, меѓу другото, и кон плејадата артисти и други театарски работници, кои веќе одамна се занимаваат со друга дејност, меѓутоа без оглед на тоа – во нивната интима периодот додека работеа како театарски луѓе длабоко е врежан и никогаш нема да избледнее.
Стефановски укажува дека поголемиот дел од споменатите театри изникнале како резултат на повоениот револуционерен подем и разбрануван ентузијазам, кој не секогаш водел сметка за реалните можности (пред сé, за кадар и за простор), но…
1.
Во 1951/52 година, долгогодишните аматери во Гевгелија добиле статус на професионалци, односно формиран е Околискиот народен театар – Гевгелија, кој за жал, ќе постои и работи само една година, кога и ќе гостуваат познатите Петре Прличко и Добрила Чабриќ како Митке и Коштана во истоимената претстава.
Од пазувите на Гевгелискиот ансамбл произлегуваат и неколкумина истакнати драмски уметници (Стојка Цекова, Ружа Икономова, Олга Ринчева, Марица Вркиќ и други, кои својот пат го продолжиле во театрите во Скопје, Штип, Битола и Прилеп.
Од 1952/53 година повторно се враќа драмскиот аматеризам во овој град, каде во текот на 1954 година населението на Гевгелија врз доброволна основа ја изградило зградата на својот театар, која во тоа време, ако се изземе зградата на Македонскиот народен театар, била речиси единствена што ги задоволувала барањата за нормално работење.
2.
И во Тетово, како впрочем и во другите наши градови, носители на драмскиот аматеризам биле просветните работници. Таму, во 1950 година бил формиран Градскиот народен театар – Тетово, како професионална драмска куќа. Во текот на своето постоење, овој театар прикажувал просечно по седум премиери во сезона и по 140 изведби, кои годишно ги посетувале околу 40.000 лица. Коштана била прикажана 40, а Чорбаџи Теодос – 28 пати. Тетовскиот театар организирал гостувања и турнеи во Охрид, Лесковац, Вучје, Грделица, Радуша, Гостивар, Кичево и некои други населени места. Во состав на Театарот, дури била основана и куклена сцена. Во Театарот, покрај професионалните артисти (Панта Николиќ, Ацо Цветковски, Рада Стојановска, Панче Васовски – Камџик и други), работеле и околу дваесетина аматери. Во Театарот сите работеле сé, па и артистите често сами го правеле декорот и другите неопходни нешта. Се работело и повеќе од 18 часа на ден, а премиерата на Народен пратеник артистите ја подготвиле точно за една седмица.
3.
Во Кочани пак, во 1929 година е формирана драмска секција, а по ослободувањето е основан и Аматерскиот театар. Во периодот 1944-1949 година, до основањето на професионалниот театар,  меѓу другите, биле прикажани и: Покојник, Сомнително лице, Печалбари, Македонска крвава свадба и други. Кон крајот на 1949 година бил основан Народниот театар – Кочани. Се работело сериозно и студиозно, што го оправдувало постоењето. Но, по деветгодишното постоење, по 56 премиери и 571 изведба,  престанува да постои. Иако имало повеќе од шест премиери годишно, со повеќе од 65 изведби и просечно над 200 посетители на претстава, односно над 2.000 посетители по премиера или вкупно околу 13.000 гледачи годишно. Секоја седмица во Кочани се изведувале по 2 претстави, а месечно вкупно 8. Најмногу на сцената се појавувале следниве актери: Митко Тодоров, Стојче Стојанов, Ружа Арсова, Лидија Ефремова Пешева и други. Директорот на театарот Борис Стојчев бил режисер, преведувач, сценограф, но и актер.
Новинарот Илхами Емин во весникот Нова Македонија во написот Пет години плодна работа на Кочанскиот театар, меѓу другото, ќе констатира: Кога станува збор за театар од помал град, веднаш мораше да се употреби и зборот провинциски или почетнички, со што од една страна се вршеше неправда над скромните но видливи успеси на некои театри, а од друга страна се кочеше – свесно или несвесно – нивното заслужено афирмирање. Збор не е за кочанскиот театар, зашто квалитетот на претставите ги надраснал своите претходници.
4.
Ретко кој друг град во Македонија има толку богата театарска традиција како Велес. Аматерските групи во градот биле помагани одвреме-навреме од Тодор Николовски, Димче Трајковски и Петре Прличко, но драмскиот аматеризам во периодот 1941-1944 година, сосема оправдано и сфатливо, поради војната речиси загаснува. Но, по ослободувањето, драмскиот аматеризам во Велес доживува вистински подем и експанзија.
Професионалниот Градски народен театар во Велес е основан во јуни 1948 година. Директор, режисер и актер бил Борис Бегинов. Овој театар постоел 18 години и бил еден од најактивните во Републиката.
Велешкито театар просечно прикажувал повеќе од 7 премиери во сезона, односно околу 96 претстави годишно, што ги гледале над 21.000 посетители во текот на годината, односно во просек по 220 гледачи на секоја претстава.
Режисери биле: Ацо Алексов, Благоја Андреев, Сотир Гулески, Ристо Мајсторов, Саша Маркус и други, а актери пак: Ѓорѓи Бисерков – Димпе, Никола Димитров, Јосиф Јосифовски, Љубиша Трајковски, Лилјана Ракиџиева и т.н.
Театарот прикажувал претстави и во селата на Велешката околија, но неколку пати гостувал и во Скопје – со квалитетни изведби и одбран репертоар.
5.
Културно-уметничката активност и, во тие рамки, драмскиот аматеризам во Охрид главно започнал и се развивал во и преку дејноста на: Пливачко-веслачкото спорстко друштво Југ, Противпожарното друштво, Културно-уметничкото друштво Билјана, Културно-уметничкото друштво Вал (Бран), како и Драмската група на Гимназијата.
Градскиот народен театар – Охрид бил основан на 1 јануари 1949 година. Започнал професионално да работи со шестмина, а на крајот од годината веќе имал вкупно единаесет вработени лица. Негова прва премиера била Кир Јања во режија на директорот Ѓоре Боче, кој ја играл и главната улога. Во претставите играле: Лазо Арсовски, Сотир Димитровски, Радмила Златковиќ, Правда Илиќ, Благоја Кичеец и други. Во Охрид, пак, гостувале: Димитар Ќостаров, Петре Прличко и Тодор Николовски.
Градскиот театар во Охрид постоел шест години и повремено организирал гостувања и турнеи во: Струга, Дебар, Кичево и Ресен, како и селата од охридската околина.
Во овој театар се подготвени и прикажани домашните текстови – пиесите Милка од Борис Бојаџиски и Продадена од Радослав Петковски.
Инаку, во заклучокот на својот мал серијал текстови посветен на затворените театри во Социјалистичка Република Македонија, авторот Ристо Стефановски посебно подвлекува дека напоредно со напорите во обновата и изградбата на разурнатите градови и села, патишта и железнички линии, мостови и стопански капацитети, започнало основањето на низа нови институции. Меѓу нив посебно внимание им се посветувало на оние од областа на образованието, културата и уметноста. Ваквата ориентација придонела кон театарската дејност да се гледа со посебен интерес. Впрочем, нејзе ñ беше доделена историската задача да го афирмира живиот литературен македонски јазик, кој со децении и векови бил оспоруван, омаловажуван, негиран. И така на полето на театарската уметност во секој град, во кој живееле и дејствувале дури и по неколкумина вљубеници на драмската уметност, дошло до обновување на драмските групи и секции, до нивното пообмислено конституирање и организирање. Во исто време градовите што имале подолготрајна традиција во одгледувањето на драмскиот аматеризам, пристапиле и кон формирање професионални театри. Притоа, тука свој придонес имала и недокрај диференцираната културна политика во однос на театарот, која често била обременета со нереални и субјективни сфаќања, а кои им оделе на рака на ваквите тенденции – нагласува Стефановски.
Во низата причини, што подоцна придонеле вака основаните театри да започнат да се рушат како кули од карти при првиот посериозен налет на тешкотиите, во прв ред спаѓале кадровските, материјалните и просторните. Така, речиси ништо посериозно не било направено ниту преземено во стручното оспособување на ангажираните кадри, и покрај тоа што добро било познато дека мнозинството од нив биле не само без соодветно, туку и без какво и да е друго поголемо образование. Многумина покрај актерската работа се занимавале не само со режија, сценографија, костимографија, музичко опремување и т.н., туку и со мануелната ангажираност.
Поради овие и други причини – сî позабележливо слабеел изворот на репертоарот, нагласува Стерфановски, но и квалитетот на претставите, но свој рефлекс има и појавата на радиото и телевизијата кои постапно навлегуваат во сите домови и театрите во помалите населени места престануваат да бидат единствени носители на драмската уметност, како и организатори на културно-забавниот и културно-уметничкиот живот.
Но, процесот на расформирањето на театрите бил забрзан и со присутните, често тенденциозни тврдења дека театрите во внатрешноста не се дораснати да се занимаваат со вистинска театарска дејност(!?).
За Охридскиот професионаслен театар, кој постоел и работел од 1949-1954 година, подетално и поопширно пишува во книгата Насолзена завеса од Благој Г. Кичеец, кој за чинот на затворањето на Театарот и неговото укинување во поглавјето Почеток на крајот ќе забележи: Првите месеци од 1954 година проструи вест дека театрите во внатрешноста на Македонија ќе се укинуваат. Ставот на Републичкото собрание бил театрите да постојат на аматерска основа, па по решението на Народниот одбор во Охрид е одлучено во иднина во театарот да останат само две платени лица, кои ќе се грижат за развивање на дилетантството во градот.
Градските татковци го сакаа театарот, но грешката се подгреваше од оние кои во театрите во внатрешноста гледаа некаква нивна конкуренција. Карванот кој тргна во доволно непромислена акција на 28 мај 1954 година прво почна во Велес, за потоа да продолжи низ другите градови во Републиката каде постоеја професионални театри. Во меѓувремње, во печатот се појавуваа написи кои ñ одеа на рака на идејата – укинување. За тоа на 23 мај 1953 година во Нова Македонија беше објавена изјавата на писателот Владо Малески, а во истиот весник во првите месеци од 1954 година се појави напис и на Илија Милчин.
Малески констатира, но и се прашува: Денеска веќе многу наши градски театри пречекориле барем со една нога отаде границата на дилетантизмот. Уште во почетокот при формирањето на градските театри кај нас се тргна во еден наопачки процес: без колку-толку образован кадар се отворија театри во речиси  сите наши поголеми градови, а артисти?
Додека пак, Милчин изнесува мислење дека во Македонија треба да постојат само два театра и тоа само во Скопје и Битола. Тие театри би биле доволни да ја покријат целата територија на Републиката преку повремени гостувања (?!). Милчин бил претставник на Здружението на драмските уметници на Македонија.
При расформирањрето на поголемиот дел од градските театри имало најразлични идеи и ветувања, анекои од нив биле и следните: Македонскиот народен театар да прерасне во куќа што како матична ќе го помага развојот на драмскиот аматеризам и ќе ја покрие потребата за театарски претстави во СРМ наместо постојните професионални театри; понатаму, да се основа постојан подвижен патувачки театар што ќе ја обиколува Македонија и слични други предлози, табуа и небулози.
Притоа, како да се заборавило на основната вистина и премиса: дека полесно е да се руши отколку да се гради, па театарската елита сакајќи да биде спокојна, единствена и мериторна, всушност, самата си ја пресекла сопствената гранка, го прекинала и уништила подмладувањето и творечката и креативна обнова, за сега (неколку децении подоцна), за среќа, повторно да се обновува она што претходно брзоплето, не докрај промислено и аргументирано, експресно и безпоговорно било забрането, односно укинато и затворено.
Новите драмски и театарски ветришта веќе дојдоа од Охрид, сега започнуваат да дуваат и од кај Гевгелија, па да се надеваме дека и во Тетово повторно ќе проработи македонската театарска сцена, но и во Кочани каде има солидна база и услови, бидејќи со години по ред таму се одржува Драмскиот аматерски фестивал на Македонија.
Од канџите и списокот на понижените и обесправените, веќе одамна се ослободи Театарот во Велес, па сега остануваат уште Гевгелија, Кочани и Тетово, но зошто да не и другите поголеми градови во Македонија – повторно да основаат и имаат свои театарски куќи, активен и вистински театарски живот и атрактивни современи театарски претстави…
Сонот ќе заврши и ќе се обвистини, тогаш кога пролетта на македонските театри во внатрешноста повторно ќе стане долга и вечна, но и кога завесата нема да биде насолзена, туку ведра, насмеана и среќна, а работата на театрите со богат, содржаен и квалитетен  репертоар – спокојна, обмислена и независна, односно самостојна, плодоносна и бериќетна!
Публиката, како неизоставен и интерактивен чинител, тоа го очекува и заслужува…
Христо Петрески
Монокл

ДВОВЕКОВИЕТО НА ЈОРДАН ХАЏИ КОНСТАНТИНОВ – ЏИНОТ
Или: за генезата на неговото стамено име и џиновскиот книжевен, културен и образовен придонес

Сестрана, несекојдневна, самопрегорна личност

Сто и деведесет години од неговото раѓање, тоа се речиси два века од постоењето и дејствувањето на Јордан Хаџи Константинов – Џинот, една несекојдневна личност, индивидуалец, книжевник, драматург и учител од Велес.
Толку многу нешта иницирал и реализирал Џинот, што со право може да се наречат неговиот лик и дело џиновски. Тој, заедно со Кирил Пејчиновиќ и Јоаким Крчовски, е еден од нашите први и најзначајни преродбеници и просветители, иако до денешни дни сî уште не е адекватно вреднуван во македонската историја и култура.
Јордан Хаџи Константинов – Џинов припаѓа на група македонски просветители и преродбеници од ЏИЏ век. Со својата просветителска дејност придонел за создавање граѓанска култура и литература во Македонија.
Со својот труд длабоко ја задолжил Македонија, а бил пионер во многу области, поради што бил во немилост на грчките владици, па бил прогонуван, затворан и негиран. Прв извел метеоролошки мерења во Македонија; тој ги поставил основите на образовниот световен систем, бидејќи духовниот веќе постоел во црквите; вовел нови предмети: мајчин јазик и географија, кои дотогаш не биле познати; имал посебен режим на учење и на настава, спроведувајќи го новиот учителски метод.
Некои од неговите драмски текстови ја изразуваат идејата за ослободување од долговековното турско ропство и од духовното туторство на грчката црква и за македонското национално единство и за соработката со словенските земји и народи. Пишувал драмски текстови и заедно ги изведувал со своите ученици.
Џинот четири децении работел на воведување на просветата на народен мајчин јазик, како писател и сестран творец од областа на културата. Џинот, исто така, се занимавал и со преведувачка дејност, со собирање народни умотворби, со пишување афоризми, правел преписи, собирал стари ракописи, имал огромна библиотека со повеќе од 1.500 книги…

Сузан Максут ( 1939 – 2015 )

Сузан Максут
suzan-maksut-28-10-1939-24-04-2015
Роден 1939 Скопје )
Починал 23 април 2015
Скопје,  Македонија
Занимање актерка

Сузан Максут (турски: Süzan Maksut; Скопје, 1939Скопје, 23 април2015) — македонска театарска, филмска и телевизиска актерка, доајенка на НУ Турски театар.

Биографија

Максут е родена во Скопје во 1939 година. Од 1962 година станала член на ансамблот на Турската драма при Театарот на народностите каде што одиграла голем број улоги се до пензионирањето во 2001 година. Добитник е на наградите Актер на годината на весникот „Бирлик“ во 1969 година и Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје во 1974 година.[1] Починала по кратко боледување во Скопје на 23 април2015 година. По кратко боледување, на 76-годишна возраст, почина актерката Сузан Максут, доајен на НУ Турски театар,

Од 1962 година е член на ансамблот на Турската драма при Театарот на народностите каде што има одиграно голем број улоги се до пензионирањето во 2001 година.

Актерката Сузан Максут имаше успешно одиграни улоги.

Попознати актерски остварувања се:

Дездемона во „Отело“, Мерима во „Омер и Мерима“, Катрин Хауеп во „Мајка храброст“, Ширин во „Легенда За Љубовта“, Медеа во „Медеа“, Ајше во „Цвеќарот Али“, Виолета во „Убавината чекори сама“, Хајди во „Хајди“, Зејнеп во „Алиш“, Клер во „Слугинки“, Фјокла Ивановна во „Женидба“, Шарлота во „Дон Жуан“.

Добитник е на наградите Актер на годината на весникот „Бирлик“ (1969) и Награда на Град Скопе 13 Ноември (1974).

 

Филмографија

Учествува во голем број телевизиски, филмски и радио-проекти.

Играла во филмовите „Најдолгиот пат“ (1976), „Исправи се, Делфина“ (1977), „Време, води“ (1980) и „Македонска сага“ (1993).

Петар Арсовски

 

12998634_1716105695268090_3058706067554867221_n
Петар Арсовски
Роден 12 јуни 1945
Мокрени, Велешко
Националност Македонец
Познат по улогата во:
Среќна Нова ’49
Истрел
Занимање глумец

Петар Арсовски (роден на 12 јуни1945 во Мокрени, Велешко) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.

Биографија

Петар Арсовски дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

За првпат на филм се појавил во играниот филм „Македонскиот дел од пеколот“ во 1971 година. Во 1974 година се вработил во Македонскиот народен театар каде што останува до денес.

Во текот на својата актерска кариера има остварено бројни забележани улоги. Добитник е на повеќе награди и признанија.

Живее и работи во Скопје.

Филмографија

СЛОБОДАН УНКОВСКИ – РЕЖИСЕР

5T9C2760

Дипломира на отсекот за театарска режија на Факултетот за драмски уметности во Белград, во класата на проф. Вјекослав Африќ (1971). Работи во  Драмски театар Скопје како драматург и режисер (1971-1981). Од 1981 до 1983 година е слободен уметник. Од 1983 до 1987 година е доцент по предметот сценска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје, од 1987 е вонреден, а од 1990 година е редовен  професор и води класа за театарска режија. Предава на отсекот за драма на постдипломските студии по режија на Бруклинскиот колеџ  (1987-1988) и на постдипломските студии по режија и актерска игра на Институтот за напредна театарска обука при Харвардскиот универзитет (1988-1989). Има статус на Артист-ин-Рециденце во Американскиот репертоарен театар, Кембриџ, САД.
Во периодот 1996-1998 е министер за култура на Република Македонија. Режирал околу 80 претстави.

Селективна театрографија: Јунона и паун (1971); Ништо (1972); Јас, Клаудиј (1973); Јане Задрогаз (1974); Хамлет (1977); Ослободувањето на Скопје (1978); Диво месо (1979); Хрватски Фауст (1982); Среќна Нова ’49 (1985); Тетовирани души (1987); Чернодрински се враќа дома(1992); Поблиску (1999) Мизантроп (2000); Зимска бајка (2000); Татко (2003).

Режии надвор од Македонија: Тетовирани души (Театар на Мала Брона, Москва, 1987); Кавкаски круг со креда (Американски репертоарен театар, Кембриџ, САД, 1989); Театарски илузии (Југословенско драмско позориште, Белград, 1991); Пеер Гинт (Словенско Народно Гледалишче, Драма, Љубљана, Словенија, 1992); Сараево (меѓународна копродукција за отворањето на Антверпен – културен центар на Европа, 1993); Хер Халевин (Нова сцена, Антверпен, Белгија, 1994); Буре барут (Југословенско драмско позориште, Белград, 1995); Зимска бајка (Американски репертоарен театар, Кембриџ, САД, 2000); Дванаесеттата ноќ (Младинско гледалишче, Љубљана, 2001); Четвртата сестра (Национален Театар, Атина, Грција, 2003).

Награди: Златен венец за најдобра претстава во целина на Фестивалот Мали и експериментални сцени (МЕСС) за претставата Ништо (Сараево, 1973); Награда на Тркалезната маса на критиката за најдобра претстава на Фестивалот Стериино позорје за претставата Јане Задрогаз (Нови Сад, 1975); Вонредна награда за најдобра претстава на Фестивалот Стериино позорје за претставата Јане Задрогаз (Нови Сад, 1975); Награда на град Скопје 13 Ноември (1976); Награда 11 Октомври (1979); Златен венец за најдобра режија на Фестивалот МЕСС за претставата Ослободување на Скопје (Сараево, 1979); Златен венец за претстава во целина на Фестивалот МЕСС за претставата Ослободување на Скопје (Сараево, 1979); Награда на Тркалезната маса на критиката за најдобра претстава на Фестивалот Стериино позорје за претставата Диво месо (Нови Сад, 1980); Награда за најдобра претстава во целина на Фестивалот Стериино позорје за претставата Диво месо (Нови Сад, 1980); Награда за најдобра претстава во целина на Фестивалот Стериино позорје за претставата Хрватски Фауст (Нови Сад, 1983); Награда Бојан Ступица за режија на претставата Хрватски Фауст(1983); Златен венец за најдобра режија на Фестивалот МЕСС за претставата Хрватски Фауст (Сараево,  1983); Златен венец за претстава во целина на Фестивалот МЕСС за претставата Хрватски Фауст (Сараево, 1983); Награда на Тркалезната маса на критиката за најдобра претстава на Фестивалот Стериино позорје за претставата Хрватски Фауст (Нови Сад, 1983); Награда за најдобра режија на Фестивалот Стериино позорје, за претставата Хрватски Фауст (Нови Сад, 1983); Награда за најдобра претстава во целина на Фестивалот Стериино позорје, за претставата Хрватски Фауст (Нови Сад, 1983); Награда за најдобра претстава во целина на Фестивалот Стериино позорје, за претставата Среќна Нова ’49 (Нови Сад, 1985); Награда за најдобра режија на Фестивалот Стериино позорје, за претставата Среќна Нова ’49 (Нови Сад, 1985); Награда за најдобра претстава во целина на Фестивалот Стериино позорје, за претставата Кула вавилонска (Нови Сад, 1990); Награда за најдобра режија на Фестивалот Стериино позорје, за претставата Кула вавилонска (Нови Сад, 1990); Награда за најдобра претстава на Фестивалот Алпи Адрија, за претставата Пер Гинт (1991); Гран-при на Фестивалот БИТЕФ (Белградски интернационален театарски фестивал) за претставата Театарски илузии (Белград, 1992).

2008:
Народно позориште – Белград, Србија: премиерна постановка на драмата Фигаровата женидба и развод.

2006:
Југословенско драмско позориште – Белград, Србија: премиерна постановка на драмата Брод за кукли од Милена Марковиќ.

2005:
Словенско народно гледалишче – Нова Горица, Република Словенија: премиерна постановка на драмата Зелената птичка од Карло Гоци.

Национален театар – Атина, Република Грција: премиерна постановка на драмата Крал Лир од Вилијам Шекспир.

2003:
Национален театар – Атина, Република Грција: премиерна постановка на драмата Четвртата сестра од Јануш Гловацки.

Југословенско драмско позориште – Белград, Србија и Црна Гора: премиерна постановка на драмата Галеб од Антон Павлович Чехов.

2002:
Словенско народно гледалишче – Љубљана, Република Словенија: премиерна постановка на драмата Четвртата сестра од Јануш Гловацки.

Југословенско драмско позориште – Белград, Србија и Црна Гора: премиерна постановка на драмата Шини од Милена Марковиќ.

ГОРАН СТЕФАНОВСКИ – ДРАМСКИ АВТОР

goran-sobrani-kniga-4

Дипломира  англистика на Филолошкиот факултет во Скопје (1974). Магистрира на Филозофскиот факултет во Белград (1979), со тезата Сценските упатства како основа на театарот на Семјуел Бекет. Исклучителен познавач на англиската книжевност, особено на делата на Вилијам Шекспир.
Работи  во драмската редакција на Македонската телевизија (1974-1978). Асистент е на Филолошкиот факултет (1978-1986)  и професор по  драматургија на Факултетот за драмски уметности во Скопје (1986-1998). Под негово менторство дипломираа три класи драматурзи.
Живее и работи во Кантербери, Велика Британија,  каде што предава драматургија на Christ Church College  на  Универзитетот во Кент. Исто така, предава  и на Институтот за драма во Стокхолм, Шведска.
Претставник е на модерната македонска драматургија и еден од најзначајните и  најизведувани  македонски драмски автори, воопшто.

Драмски текстови:

26 декември 1974 – деби на Горан Стефановски

На сцената на Драмски театар и во режија на Слободан Унковски, праизведена е првата пиеса на Горан Стефановски, народна фантазија со пеење пишувана по мотивите на Марко Цепенков, а насловена според името на својот протагонист – „Јане Задрогаз“. Претставата доживува успех рамен на триумф, не само во Македонија туку и на многубројните гостувања во странство.

Јане Задрогаз (1974);  Диво месо (1979);  Лет во место (1981);  Хај-фај (1983);  Дупло дно (1984); Тетовирани души(1985);  Црна дупка (1987);  Лонг плеј (1988);  Кула вавилонска (1989); Травиатта  (рок- опера, 1989); Зодијак (рок-балет, 1990);  Чернодрински се враќа дома (1991);  I Love Chernodrinski (1991);  Сараево (изведба на промоцијата на Антверпен како европска културна престолнина, 1993),  Олд Ман Драггинг Стоне  (кореодрама, 1994); Казабалкан (1998); Еуралиен (сценарио за театарски проект во изведба на 50 актери и 13 режисери, порачано од “Интеркулт”, Стокхолм и изведено во склоп на Европската културна престолнина – Стокхолм, 1998); На пат за Багдад (изведен од денс-театарот Greencandle, Saddler`s Wells, Лондон, 1999); Хотел Европа (концепт, сценарио и драматургија за европски театарски проект во режија на девет режисери од Источна Европа; копродукција на „Интеркулт”, Стокхолм и на  фестивалите во Виена, Болоња, Бон и Авињон, 2000), Everyman (изведен во „Ателје 212“, Белград, 2003).

Пишува  и сценарија за повеќе телевизиски драми (Клинч, 1974; Томе од бензинската пумпа, 1978; Тумба, тумба, дивина, 1980) и серии  (Наши години, 1979; Бушава азбука,  1985). Автор е на драматуршкиот формат за ТВ-серијата за деца Наше маало  (продукција на SCC, САД, во соработка со Children`s Television Workshop, 1999-2001), како и на  сценаријата за два играни филма (Хај-фај, 1988 и Приказна од Дивиот Исток, 1994).

Награди: Награда 11 Октомври (1980); Стеријина награда  за најдобар драмски текст (за драмите Диво месо, 1980 и Црна дупка  1988);  Награда Стале Попов (1982); Награда за најдобар драмски текст на Македонскиот театарски фестивал Војдан Чернодрински – Прилеп (за драмите  Хај-фај, 1983;  Дупло дно,  1985;  Тетовирани души,1987; Кула вавилонска, 1990).

2002:
Драмско – куклен театар „Константин Величков“ – Пазарџик, Република Бугарија
: премиерна постановка на драмата Диво месо во режија на Љупчо Ѓоргиевски.

2003:

Драмско – куклен театар „Константин Величков“ – Пазарџик, Република Бугарија
: премиерна постановка на драмата Тетовирани души во режија на Љупчо Ѓоргиевски.

Народно позориште/Narodno kazaliste Nepszinhaz – Суботица, Србија и Црна Гора
:премиерна постановка на пиесата Баханалии во режија на Кокан Младеновиќ.

Ателје 212
– Белград, Србија и Црна Гора:
премиерна постановка на драмата Everyman
во режија на Ѓурѓа Тешиќ.

2004:
Theatre Melange – Лондон, Велика Британија
: премиерна постановка на драмата Everyman во режија на Сенди Маберли/Sandy Maberley.

2005:
Комеди Франсез – Париз, Франција
: премиерна постановка на драмата Хотел Европа.

МНТ на престижни фестивали во Европа

На фестивалот Interferences кој ќе трае 11 дена, учевство ќе земат 14 земји од Бугарија, Романија, Унгарија, Америка, Полска, Словенија, Германија и многу други, а МНТ со претставата „Електра“ ќе настапи на 1 декември во унгарскиот театар на Клуж.

prekinata-odiseja3

По успешната двонеделната турнеја во Полска на актерите на Македонскиот народен театар (МНТ) со претставата „Прекината одисеја“ на режисерот Јацег Гломб, ансамблот на националниот театар продолжува со гостувања на престижни меѓународни театарски фестивали.

На 1 декември 2016 година две различни актерски екипи ќе гостуваат во две земји, Романија и Русија.

1555390_688049957947612_3223450458727032213_n

На 24 ноември започна петтото издание на театарскиот фестивал Interferences во Клуж, Романија, во чија селекција на врвни остварувања на национални куќи и уметници во унгарскиот театар, е и Македонскиот народен театар со претставата „Електра“ на светски познатиот режисер Андриј Жолдак. Благодарение на овој престижен фестивал кој ќе трае до 4 декември, жителите на градот Клуж можат да видат голем број извонредни продукции и тоа од најновите театарски трендови, што ја покажува и врвната фестивалска програма: ќе се игра „Фауст“  на прерано починатиот и  голем режисер Томаж Пандур, Дијалог со големото британско режисерско име на денешницата Деклан Донелан, „Играчки мрачна приказна“ и „Крај на партијата“ на романскиот режисер Габор Томпа,„Добриот човек од Сечуан“ на универзитетскиот професор за школата за уметности во Колумбија, Андреј Шербан и многу други.

 

Во меѓувреме, други алтернативни фестивали влијаеја врз приодот на публиката кон театарот и го инспирираа фестивалот да го обмисли сегашниот профил. На фестивалот Interferences кој ќе трае 11 дена, учевство ќе земат 14 земји од Бугарија, Романија, Унгарија, Америка, Полска, Словенија, Германија и многу други, а МНТ со претставата „Електра“ ќе настапи на 1 декември во унгарскиот театар на Клуж. Имајќи го во предвид досегашното претставување, „Електра“ е фестивалска претстава која учествуваше на ФИАТ фестивалот, Р. Црна Гора/наградена со гран – при, фестивалот на античка драма „Стоби“/наградена со гран – при, и го затвори Меѓународниот театарски фестивал НЕТА во Букурешт.Актерската екипа која на 28 ноември замина за Романија ја сочинуваат: Дарја Ризова, Александар Ѓорѓиески, Камка Тоциновски, Славиша Кајевски, Никола Ацески, Александар Михајловски, Арна Шијак, Калина Трипкова и Мишел Митевска.

Овогодинешната тема на фестивалот Interferences е „непознатото“. Значењето на овој концепт и тема се должи не само на денешната појава на миграција со можеби најголеми димензии во последните педесет години, туку, исто така, и на неговата постојана природа. Непознатото нè преокупира веќе илјадници години; тоа е предмет на научно истражување во многу области. На него се фокусирани сите современи филозофски дискусии од културната антропологија па сè до социологијата. Прашањата од типот: „Што значи да се биде Европеец?“ „Што го сочинува европскиот идентитет?“ и „Што значат разлика и блискост?“ се сè уште актуелни и неопходни. Што значи зборот „странец“? Што значи „јас“, а што значи „другиот“? Како некој станува странец и што значи да се остане ист, а сепак да се биде дел од групата? Дали е странец оној „другиот“ со поинаква вероисповед, јазик, друг пол или начин на размислување? Можеме ли да зборуваме за нашето сопствено непознато, странецот во нас? Можеме ли да станеме странци во овој свет, во сопствената земја, во сопствениот град, во сопствениот дом, во сопственото семејство, во самите нас? Слични прашања се поставуваат во претставите на овогодинешниот фестивал. Сè е непознато, а сепак… блиско. На мостот на театарот кој ги зближува луѓето.

Унгарскиот театар на Клуж е најстарата театарска унгарска компанија и игра голема улога во дефинирање на културниот имиџ на градот. Од 2008 година е член на Унијата на театри од Европа. Во претставите на театарот се користи напреден театарски јазик со посебен акцент на моменталните меѓународни трендови. Репертоарот вклучува и класични и современи драми напишани од унгарски и странски писатели. Покрај претставите кои се одржуваат на главната сцена и во студиото, театарот организира и читачки и други социјални настани, а на секои две години е домаќин на Меѓународниот театарски фестивал Interferences.
Театарот ја зајакнува својата специфична естетика, формирана од заедничките елементи на унгарската театарска традиција и романската школа за режисери, со тоа што поканува уметници кои, освен што режираат претстави одлично прифатени и од публиката и од критичарите, постојано му даваат и духовна свежина на театарот.

fb_event_final„Разговори во четири очи“

Ден по заминувањето на актерите со претставата „Електра“ во Романија, на 29 ноември за Санкт Петербург, Русија со претставата „Разговори во четири очи“ на режисерката Нина Николиќ  замина втората екипа на актери во состав: Амернис Нокшиќи – Јовановска, Нина Деан, Петре Арсовски, Благој Веселинов, Катина Иванова и  Дамјан Цветановски. Театарот од Санкт Петербург оваа година го претставува седмиот меѓународен фестивал на камерен театар со земјите учеснички: Русија, Англија, Италија, Полска, Белорусија, Романија и Македонија.

Претставата ќе се одигра исто така на 1 декември во рамките на рускиот меѓународен театарски фестивал АртОкраина. Фестивалот АртОкраинатрае од 1 до 10 декември 2016 година.

По Фестивалот ФЕМАРТ во Косово и Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица, „Разговори во четири очи“ е претстава која го збогатува своето фестивалското искуство надвор од границите на Балканот.

МНТ за 15 дена  одигра 12 претстави во три различни земји – Полска, Русија и Романија.

Бродвеј театарот – срце на американската и светска театарска индустрија

 

 

page

 

Театарот Бродвеј се наоѓа на Мидтаун, Менхетен и за разлика од повеќето театри во таа област се наоѓа токму на местото именувано како Бродвеј уште од 1681 година. Со своето значително присуство се истакнува од 1750 година, кога актерите и менаџери воспоставија театар на улица Насау со сала за околу 280 луѓе. Најпрвин биле презентирани драми од Шекспир и балади – опери, како што е операта “Просјакот”, на пример.

62
Бродвејскиот театар (Бродвеј) изведува претстави во 41 професионален театар, шетајќи го светот кога се “дислоцира” од Мидтаун, Менхетен во Њујорк. Инаку, овој театар е популарна туристичка атракција во Њујорк. Според Бродвеј лигата во сезоната 2015-2016 (завршена на 22 мај 2016), вкупниот број на присутна публика која ги посетила претставите е верувале или не 13.317.980 гледачи.
Во најголем дел од репертоарот на театарот најчесто се прикажуваат мјузикли, кои најчесто кулминираат во продукции на Ричард Роџерс и Хамерстајм Оскар, чија фирма создаде енормно влијателна форма на американската топ култура. Со ова Бродвеј значително помага Њујорк да се претвори во културна престолнина на државата, па и светот.
Концептот на Бродвејскиот театар вклучува 40 професионални театарски Сали со капацитет од 500 и повеќе места, а во 2014 година се продадени билети во вредност од 1,36 милијарди долари.

photo
Мјузиклот кој го држи рекордот е Фантомот од Операта одиграна дури 7.486 пати. Актерите од овој театар секоја година ги освојуваат Тони наградите, што всушност е театарски пандан на Оскарот во Холивуд. Значењето на оваа награда значително е зголемена од 1967 година, кога оваа престижна манифестација почна да се пренесува на телевизија. Покрај сета популарност и атрактивност една од тајните што Бродвеј го чини популарна туристичка дестинација во целиот свет се и честите попусти за билети, што на #обичната# и не толку имотна публика да стигне до својата омилена претстава. Така, една од најстарите улици во Њујорк, која своето име е всушност англиски превод од холандскиот #Брееде Њег#, што значи Широк начин. Историјата на театарската уметност се уште се испишува на улицата која е живото течение на Њујорк и Светот.

Кристина Ласовска – актерка

 

 

Во прво лице

 

Глумата во живото – Недостаток на оргиналност.

 

1. ЗА СЕБЕ: Во се што правам оставам дел од себе. Со она што ми останува на крајот од денот разговараме често и гледам да му останам доследна.
2 . ЗА ЉУБОВТА: Извор на многу нешта. Двигател. Смисла во сите нејзини облици.
3. ЗА ЖИВОТОТ: Свесноста за тука и сега. Со искуството од вчера кон непознатото утре.
4. ЗА ТЕАТАРОТ:Исто како во животот само со многу поголем интензитет. Вода во пустина.
5. ЗА ДОБРОТО:Секогаш да победува. Колку повеќе го храниш, толку повеќе ти враќа.
6. ЗА ЗЛОТО: За вечната борба против.
7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ: Поздрав
– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? Да ми се живи, здрави и среќни.
8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ : Недостаток на оргиналност. Честа појава кај (денес за жал безбројните)изгубени души
9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА: Поетично звучи во рамките на илузијата и сонот – но незгодна е во реалноста
10. ЗА КОЛЕГИТЕ: Луѓе пред се. Ги има во секаков вид. Партнери во создавањето на новисветови.
11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ: Се во свое време. Непишано правило на Универзумот.
12 . ЗА ИДЕЈАТА: Да ја допре реалноста и да прерасне во продукт.
13. ЗА СОНОТ: Да нема крај. Инспирација.
14. ЗА ЈАВЕТО: Можност да се сонува со широко отворени очи, бистар ум и чиста душа.
15. ЗА ВИНОТО : За вистината.
16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО: Безусловна љубов. Столб!
17. ЗА КРАЈ: На здравје за секој почеток! За убаво, за арно!