Портрет на македонскиот мултиталент
АКТЕР Јусуф Гулевски
CОПСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ И РИЗИК
На сцена стои еден белоглав гастарбајтер, еден, кому срцето му се распукува од копнеење по неговите деца, еден, кој се смее и плаче, слави
и тажи. „Од добро да не куртулите!”, и се обраќа на публиката и подава послужавник со мастика низ публиката. А потоа раскажува тој
едноставно, раскажува за своето семејство, за недостоинството на гастарбајтерскиот живот, за гравот и за смртта на малиот син кого „смее” да го запознае само преку слика.
„Тука живее Т. Т., ауслендер од Македонија“ се вика монодрамата на актерот Јусуф Гулевски. Во неговото дело, кое 1998 во македонскиот центар
во Беблинген ја доживеа својата премиера амбициозниот уметник се јавува како автор, режисер и изведувач. Оттогаш тој игра како на
својот мајчин јазик така и на германски, меѓу другото и при Штутгартските театарски средби на Европа во театарот Трибине. Во Македонија делото е веќе објавено во форма на книга, а наскоро е планирано и како двојазично издание.
„Повеќегодишниот престој во Геманија ме натера, да ги запишам радоста и тагата, тагата кон југот,”, вели Гулевски. Две третини од неговите земјаци живеат надвор од Македонија, раскажува тој понатаму. Многумина од овие безтатковинци Гулевски ги запознал работејќи на градилиште. Туѓинците на работ на општеството, кои најчесто од тамошните се поврзани со изразот „Мühllabfuhr” т.е. ѓубраџии, живеат во цврсто убедување дека во туѓина ќе останат само две или три години. Тоа се луѓе кои живеат како во сон, преку ден во светот на нивната работа, а пак ноќе нивните души лебдат над своите родни села. Колку точно Јусуф Гулевски со чувствителна рака го предал овој двоен живот се покажува речиси по секоја изведба на Т. Т.
Често се случува некој од гледачите да го земе настрана и да му рече: „Па ти си го напишал мојот живот”. А некој друг пак, едноставно ќе се почувствува дури и како изложен на потсмев и ќе му се закани со ќотек, бидејќи помислил дека Гулевски ја исшпионирал неговата животна приказна. Но тоа не го вади уметникот од неговиот концепт, бидејќи тој на крај на краиштата, како што тој самиот вели, „станав актер на свој ризик”.
Роден е во Жировница, 30 март 1953 година, Планини многу какао Бистра што ми е пред очи во мојата куќа во село Жировница, општина Маврово, Ростуша, лево од куќата во селото, лево зад мене је Кораб, а десно е Дешат, Р.Македонија и игра театар уште од својата осма година. По завршувањето на гимназиското образование ја посетува Педагошката академија за потоа да студира на Факултетот за драмски уметности во Скопје, каде во 1979 година станува дипломиран актер. До 1992 беше постојан член на Драмата при МНТ во Скопје. Покрај тоа работел и на филм, телевизија и радиодрами. Војната во поранешна Југослвија го сели во Германија. Како и многу други бегалци тој доаѓа во нова земја каде на самиот почеток е без никакво познавање на јазикот, вооружен само со две германски фрази кои ги научил од партизанските филмови:
„Halt!” и „Hände hoch!”.
„Во Германија се здобив со повеќе дипломи”, вели Гулевски. „Моја најдрага
диплома чистач на прозори до 8ми кат, однадвор, без сигурносни сајли.” Сепак и покрај тешкиот почеток Гулевски веднаш се воодушеви од неговата втора татковина: „Тоа беше еден позитивен шок. Наеднаш беше се возможно. Тука имаше толку многу мислења и правци така што се почувствував како на една ливада на која смеат да цветаат најразлични цвеќиња.” Тој не ја заборави неговата професија и пишуваше репортажи за германскиот театар во македонските spisanija за култура. Денес тој припаѓа на ансамблот на штутгартскиот театар Трибине
Неговиот сон е да создаде своја сопствена бина која би го носела името „Integra Terra”. „Театарот е единствената и вечна земја каде луѓето вистински можат да се сретнат”, ја опишува актерот својата визија. „Преку театарот може на најдобар начин сé да се искаже”. При тоа сериозно ќе се занимава со прашањето на интеграција. Колку смее, колку треба да се потисне потеклото? Функционира ли тоа воопшто? Дали е тоа целта на интеграцијата? „Не”, мисли Гулевски. „ Јас сум толку храбар и велам дека Европа се уште нема никаков концепт. Ние мора многу повеќе да се спротивставуваме на американизирање и Мсдоналдизирање.”
Моделот, различни луѓе и нивните култури да се фрлат во еден котел за топење за да се постигне нешто сосема ново, не би профункционирал. Многу повеќе би морало да се покаже изобилството на различните култури. „Многу од Германците мислат дека гастарбајтерите со нивните „ѓубраџиски” приказни би можеле да бидат тема која ним не им припаѓа. Првата генерација на гастарбајтери дошла ваму така да се каже само со раце и нозе, но сепак веќе третата генерација во меѓувреме добила и глава.” Јусуф Гулевски би сакал да им се обрати со неговиот театар
токму ним на Македонците, Германците, луѓето од сите националности, на првата, на втората и на третата генерација: „Да ги натерам луѓето да размислуваат, да ги допрам со мојата игра, е тоа е мојот начин на правење театар!”
Нина Блажон
Превод од германски на македонски јазик Маја Гулевска
*******
1986. Македонски народен театар, Скопје по текст Братислав Димитров – Глогов Жбун во кој Јусуф игрше една од улогите.
Филм : Jeder muss sterben (2011), Makeдонска сага (1993) и Јазол (1985).

ЖАЛНА ВЕСТ
По долго боледување почина нашиот пријател познат како „ АКТЕР„ на Монодрамата
Тука живее Т.Т.
Ауcлендер од Македонија
Јусуф Гулевски
POGREBOT E UTRE PETOK 5 JANUAR VO BAD CANNSTATT
STEINHALDENSTR. 52 vo 21:00 časot