Претставата „Убавицата и ѕверот”, која била и последната претстава што ја одиграл, осум часа пред неговата смрт на 20-ти февруари 2000-тата.Претставата “Убавицата и ѕверот” која досега има импозантна бројка од 300 изведби.
Во истата претстава глумеше и Игор Маџиров.
Игор живее…
Игор Маџиров АКТЕР |
![]() |
Биографија ИГОР МАЏИРОВ Повеќе генерации го паметат Игор Маџиров – актерот со црвена коса, Могли – детето од џунглата, момчето што со калашников го пречека Раде Шербеџија во филмот „Пред дождот”…
Извадок за Игор Маџиров од книгата СТРУМИЧКИ СПОРТСКИ СТОЛЕТНИК (1912 – 2012) од авторот Иван Станоев. Збогум соништа жанет жанет, таков е овој свет… Еве нешто што ќе нè потсети на старите детски денови! Ова е една од најубавите бајки од серијалот “Во Светот на бајките”, насловена -“Малиот Петар”, во која актерот Игор Маџиров, го освои срцето на принцезата уште пред да започне снимањето на приказната. Македонска актерска легенда Игор Маџиров.
Маџиров остана запаметен по многубројните улоги одиграни во Театарот за деца и младинци, по легендарната серија ![]() и по неколкуте улоги во “Македонските народни приказни“. Сепак најмногу го поистоветуваа и препознаваа по улогата на Могли – детето од џунглата. За него неговите колеги имаат само пофални зборови и убави спомени. Своевремено некои од нив рекоа: “Секое дете идентификувајќи се со одличниот Игор Маџиров како Могли – детето грабнато од волците, се чувствува моќно да ги победи своите најголеми непријатели – возрасните. Флуидното и еластично тело со кое мајсторски господари овој актер во улогата на детето-волк влева сигурност кај неговата најверна публика, дека и тие можат да го направат сето она што ќе го наумат и посакаат“, напиша режисерката Билјана Гарванлиева за списанието “Блесок“ во 1999-тата година. Актерката Синоличка Трпкова, колешка и пријателка на Маџиров, за него напиша: “Игор Маџиров. Душа – памук! Црвена коса – оган! Маж – дете! Игор, Малиот Принц од бајките, прерано замина на својата планета. И стрпливо не чека таму, зашто знае дека секој крај е нов почеток, секоја разделба е нова средба. Не постои збор што би ја објаснил неговата спремност да ги одигра сите напишани и ненапишани улоги на овој свет! Да се втурне во креативен оган и да согори до крај, за одново пак да почне. Моќта, што Игор ја имаше да најде покритие и да верува до крај во секој актерски предизвик е реткост. Човек-актер тоа не го учи, со тоа се раѓа. Она што тој ни го остави останува дел од нас скоро секојдневно, така што дури и не забележуваме дека не бил меѓу нас. Човек дури не може да поверува дека не е веќе меѓу нас, гледаме фотографии со него, го споменуваме во разговори, го оживуваме во нашите мисли. Напати чувствувам дека одеднаш ќе долета со својата црвена грива и со својата насмевка. Затоа што ни е попотребен од секогаш и затоа што недостасува и денес по толку години – многу повеќе од порано. Велат – колку што си оставил трага врз луѓето – толку ќе те паметат! Сеќавањето за него е потребно за да ни даде верба во самите нас – како актери, како публика, како луѓе. Потребен ни’ е како ангел чувар на се’ она чисто, добро, убаво што сме го виделе во него, а сме посакувале секогаш да биде дел од нас. Потребен ни’ е за да не потсетува постојано на раѓањето на едно ново време и на една нова уметност. Твојата судбина беше да бидеш Ангел во светот на актерите. Верувам не’ гледаш од твојата планета и се насмевнуваш зошто знаеш колку сите ние копнееме да бидеш со нас, за да ни’ раскажуваш за светот на бајките, каде што се сите млади, здрави, убави и добри. Некој рече, да те немаше – ќе моравме да те измислиме. За да не’ потсетуваш на минливоста на животот и за кревкоста на нашите траги во уметноста. Знам дека бдееш над сите нас – твои колеги актери, ни’ даваш сила кога потклекнуваме, не’ храбриш кога снеможуваме, не’ поттурнуваш кога застануваме. Но најважно од се – не’ потсетуваш дека се’ што ќе оставиме зад нас, ќе биде мерка за нашиот живот и нашата уметност. Секогаш ќе те чуваме в’ срце оти ни ја откри тајната на актерското постоење – твојата Ангелска верба во уметноста!“ Во негова чест е објавен документарниот филм “Интервју за Игор“ – (детето со црвена коса), кој е инспириран од неговиот живот и дело, а е направен во соработка со неговите колеги, пријатели и семејството. Маџиров имаше само 30 години кога во се’ уште нејасни околности си го одзеде животот скокајќи од балконот од неговиот стан, а единствен сведок на тој немил настан остана неговата тогашна девојка. Околу смртта на актерот кружеа многу гласини, вистини и невистини, но случајот никогаш не се расветли до крај.
Игор живее! -Нина Маџирова ![]()
Маџиро -тка го викаааме у школото Нај уникатното и нај оригиналното човечко суштество шо см го сретнал досега у мојо живот. Поминахме со него заедно 8 години у шкооолто, а последните 2 у средното и сеедееме заедно на последната клупа до џамо, можаш да си замислиш шо смех е пагал секој ден. Имам ноооооого дешавки за кажуване. Играјаааме и у иста претстава од шкооолто и стигнаааме до Кочани на републички. Нооого см срекен и му см благодарен на Господ шо ми овозможи да го имам скоро секој ден до мене. Нема ден да не помине, а да не се присетам на зврцките со ги правиииме со лејката (Иги). Јас немаше да бидам тоа шо см денеска, ако Иги го немаше у мојо живот. Иги и после толку години живее во нашите срца. Те сакаме Маџирче.
![]() |