ЕЖЕН ЈОНЕСКО (1909-1994) е роден во жупанијата Олт, Романија од татко Романец, припадник на православната црква и мајка Французинка, протестантка со грчко-романски корени. Подоцна мајка му се преобратила во православната вера и Ежен е крстен како православен христијанин. Во 1911 година се преселиле во Франција, каде што останале до 1922 година, а по враќањето во Романија малиот Ежен морал повторно да го учи романскиот јазик. Неговите родители се развеле во 1916 година уште додека живееле во Франција.
По завршувањето на средното училиште во 1028 година Јонеско ги започнал студиите по француска книжевност на универзитетот во Букурешт, каде што дипломирал во 1933 година. За време на студиите се запознава со Емил Сјоран и Мирча Елијаде, со кои останува пријател до крајот на животот. Во 1936 година се оженил со Родика Бурилеано (1910-2004), имале една ќерка Мари-Франс, за која Јонеско напишал многу неконвенционални приказни. Во 1938 година добил стипендија и бегајќи од романскиот фашизам се вратил во Франција, каде што докторирал. По избувнувањето на Втората светска војна, останал во Марсеј, а по ослободувањето на Париз (1944), Јонеско со семејството се преселува таму.
Во 1970 година станува член на Француската академија на науките и уметностите. Добитник е на многу награди за книжевност и театар, како во Франција, така и во светот. Најзначајни дела воедно и најиграни се едночинките – антидрами, Ќелавата пејачка (1950, Лексија (1951) Столови 1952 и Жак или Покорност (1955). Од другигте познајчајни дела се Носоорог (1959), Кралот умира (1962), Магбет (1972)… Јонеско умира кон крајот на минатиот век (Париз, март 1994).
Со исмејувањето на најбаналните состојби драмите на Јонеско на реален начин ја опишуваат самотијата на луѓето и безначајноста на животот на поединецот…
Столови напишана 1952
Мал драмски театар Битола 2016