НАГРАДАТА ЗА ПУБЛИЦИСТИКА за 2016 година

  Тони ДИМКОВ и  Аљуш КАМБЕРИ

Наградата „Мито Хаџивасилев­ Јасмин“ за новинарство врачена денес

Во Собранието на Република Македонија денеска беше врачена државната награда „Мито Хаџивасилев­Јасмин“ за 2016 година, на годинашните лауреати Аљуш Камбери ­ за публицистика и на Тони Димков ­ за новинарство.

Тони Димков има 25­годишна новинарска кариера остварена во повеќе печатени, дневни и периодични списанија и електронски медиуми. Професионалното искуство го изградил работејќи во Македонската телевизија од 1995 до 2004 година. Во две и полдецениската работа има подготвено повеќе од 500 ТВ­-прилози, педесетина ТВ­-емисии и стотици интервјуа и текстови од областа на културата и уметноста.

Неговиот долгогодишен новинарски опус резултираше со трудот „Зборот остава траги“ во кој се собрани интервјуа на значајни личности од клтурата.

mkd-299649_cr

„Денешното признание го сметаме и како чин на поттикнување уште повеќе да ја возвишиме нашата љубов кон новинарската професија. Вистинскиот новинар знае да ги надмине сите предизвици, а со тоа новинарскиот збор и новинарската мисла да остави белег на едно време и простор“, рече Камбери.

Лилјана Грџо Дамовска, претставник на Одборот за доделување на наградата за 2016­та, рече дека таа им се врачува на двајца исклучителни професионалци новинарим кои, рече таа, аргументирано можат да бидат и синоним на новинарството какво што тоа е по дефиниција.

„Во ова време кога работите во многу сфери, па и во новинарството, се излезени од дефиницијата и како да се сака да се каже дека новинарството не било во криза туку дека ова е само некаков процес на негово редефинирање, ќе потсетам на нешто на што нè обврзува овој 21 декември, наградата Мито Хаџивасилев Јасмин, а тоа е професионалност и одговорност“, истакна Дамовска.