ПРЕМИРА Тартиф од Молиер
режија Галин Стоев Бугарија
продукција Македонски народен театар
Прашањето за Бога и вербата во Него се најчесто причина за себе поткусурување во потрагата на начинот за избавување од слабостите, што секој “попаметен” го користи лицемерно, а не побожно да стигне до врвот на Светот…Тоа се случувало секогаш па и денес. Тоа е и причината за “Тартиф# која Молиер ни ја подарил пред три ипол века а важи и до денес. Оттаму идејата на режисерот Галин Стоев кој како светски патник ни нуди луцидни современи решенија, за приказ на изгубеноста, глупоста , но и добрината наспроти злото кои постојат и ќе постојат додека е светот и векот…Овојпат сценското огледало, превртено се разбира, напати од него не се гледа ништо поради бездушноста на главниот “херој” Тартиф кој под мантијата држи се штоне е Божјо и човечно, за од другата страна да ги има наивците, добрите кои неретко се “украсени” со наивноста и глупоста…Молиер како светски безвременик и современик ни говори за распадот на семејството, за идиотската закоравеност на авторитарноста нудејќи ни мелодиченметрички јазик со кој Стоев и актерите на МНТ беспрекорно се служат. Така, Тартиф алијас Драган Спасов -Дац и Оргон (Ѓорѓи Јолевски) како Хипокритот и главата на семјството одлично и со искуство на стари волци, преку својата енергичност и силина на вербално -5зичкиот израз не носат низ приказната речиси беспрекорно. Верните “содружници” Елмира или Даница Георгиевска, Клеант на Владимир Јачев, Дорина на Тања Кочовска, Марјана на Дарја Ризова, Дармиз на Оливер Митковски,Госпоѓа Пернел на Катина Иванова и Валер со Никола Ацевски, не се само поддршка на главниот дијалошки и драматуршки концепт, ами и неверојатна живост во одлично оформената комедија која имавме и ќе имаме можност да ја гледаме на сцената на МНТ.Тања Кочовска како Дорина е повторно разиграна, луцидна, ветропирно расположена, Дарја Ризова својата Марјана ја слика буквално доловувајќи ја нејзината глупост, наивност но и добрина. Истото важи и за нејзиниот брат Дамис- алијас Оливер Митковски и за Валер на Никола Ацевски… Својата актерска умешност ја докажа и покажа Владимир Јачев преку сериозноста на Клеант, исто така владеејќи го фантастичкиот метричко -мелодичен израз. За пофалба е и стаменоста на Катина Иванова како мајката или госпоѓа Пернел што уште еднаш ја потврди нејзината моќ за сценско владеење…Интересни епизоди имаа (остварија) и Александар Микиќ, и Кире Ѓоревски, првиот по својата карикатуралност донесена верно, како извршителот, а вториот во играта безтекст како Лоран и трансформирајќи се во бескруполозен бранител на законот преку полицаецот. Тука како составен дел на целокупната успешна приказна “Тартиф” беа и Тања Ивановска како Флипот и слугите- агенти од “млада актерска гарда# : Слободан, Никица, Антонио, Андреј, Филип, Кристијан, Харис и Матеј…За приказната да биде отсликана тука и денес заслужни се и минималистичко -прецизната разиграна сценогра5ја на Венелин Шурелов, исто како и Стоев – гостин од Бугарија, а тука беа современо дизајнираните костими на нивната сонародничка Елена Георгиева, за се да се заокружи со само навидум фрагментарното но впечатливо музичко интермецо, но и назнака за прекин и вовед во дејствието на Саша Карлсон, музичар со светско искуство.Ете, по Комеди Франсез Галин Стоев ни го донесе Тартиф и Молиер кај нас преку продукт кој никако не е за занемарување, ами напротив речиси обврзно треба да се погледне.
Борче Грозданов