НЕФОРМАЛНО СО ВАНЧО ПЕТРУШЕВСКИ

ЛАУРЕАТ НА НАГРАДАТА “23 ОКТОМВРИ”

Нашата работа врз секоја улога е магистерска работа

Театарот секогаш играл многу важна улога во целокупното општествено и политичко живеење. Нормално, денес меѓу другото некои си го земаат правото само тие да се занимаваат со политика, а ќе прашам дали докторите, машинските инженери и слично имаат повеќе или посебно право дали се поначитани или пообразувани од нас актерите#, вели Ванчо за својот политичко-уметнички ангажман

Што значи за еден уметник да биде награден, односно верифициран за својата работа и остава ли тоа трага навистина за навек?

Петрушевски: Секоја награда е верификација на досегашната работа, нашата работа врз секоја улога е еден вид магистерска работа, а повеќе награди од такви стручни жирија и еминентни државни театарски фестивали го одбележуваат целиот творечки живот на актерот.

До каде и колку смее поклоникот на Талија директно да се инволвира во општествените текови?

Петрушевски: Театарот секогаш играл многу важна улога во целокупното општествено и политичко живеење. Нормално, денес меѓу другото некои си го земаат правото само тие да се занимаваат со политика, а ќе прашам дали докторите, машинските инженери и слично имаат повеќе или посебно право, дали се поначитани или пообразувани од нас актерите.

Може ли да се направи дистинкција помеѓу театарската сцена и сцената живот во овие (не)времиња?

Петрушевски: Животот на сцена од обичниот за некои се разликува, но е тесно поврзан, бидејќи е инспирација за нас.

Дали Вашата втора пасија, сликарството, е бегство во некое поинакво катче на уметниковата душа?

Петрушевски: Точно! Сликарството е скриено катче бидејќи отвора нов видокруг и ги открива тајните на артистот.

Можете ли да ни кажете нешто за македонската приказна денес , во однос на оние кои интензивно ги снимавте некогаш, и од аспект на тоа дека снимате и денес?

Петрушевски: Приказните кои на времето ги почнавме станаа бренд и нормално е да се сака да се снимаат што повеќе бидејќи тие се оживувања на еден историиски текст за животот на нашиот народ, а тоа е историиски чин на оживување на литературниот пишан текст на македонски јазик.

До каде и каков е хуморот во денешниот 21 век во Македонија, колку тој Ви се допаѓа во споредба со она со што живеевме и се смеевме, заедно со Рамче, Театарче лево ќоше, Хихирику…?

Петрушевски: Хуморот во последно време се маргинализира… Здравиот хумор бил и ќе биде одлика на секој народ. Ние како екипа која ја оформи нашата естрада на еден начин поставивме корени на она што беше хумор. Хихирику трае веке 40 години. Од оваа емисија произлезе и Театарче лево ќоше. Ликот на Рамче е лик кој е човек од нашето живеење. Тој е пандан на Итар Пејо, Помет итн…
(Б.Г.)