Џуди Деч
27 март 2010
Светскиот ден на театарот ни дава убава можност да го славиме Теата рот во неговите безбројни форми. Театарот е извор на забава и инспирација и, тој умее да ги соедини големиот број различни народи и култури низ светот. Но, тој е многу повеќе од тоа, ни дава можност да се образуваме и информираме.
Театарски претстави се играат по целиот свет, и нè само во радиционалните театарски простори. Претстави може да има во некое африканско селце, во подножјето на некоја планина во Ерменија, на некое мало острвце во Тихиот океан. Потребен му е само простор и публика. Театарот може да не насмее и да не расплаче, но треба да не тера на размислување и делување. Театарот се создава со тимска работа. Актери те се тие што се гледаат, но има зачудувачки голем број на лица кои не ги гледаме. Тие се, исто толку, важни колку што се и актерите бидејќи нивните разновидни и стручни вештини овозможу ваат да се случи претставата. Славата и успехот и ним им припаѓа.
Светскиот ден на театарот се слави на 27 март. Но, од најразлични причини, секој ден треба да биде ден на театарот, ние имаме одговорност да ја продолжиме традицијата на забава, образование и просветување на нашата публика без којашто не би можеле да посто име.