Маријан Чакмакоски – Катерина Чакмакоска Клинческа
Театарот и јас, љубов на прв поглед. Уште како мала кога ме носеа да ги гледам детските претстави, се сеќавам како нешто ми играше во душичката. Покрај татко ми, се разбира. ја имав можноста буквално да пораснам со театарот. Јас немав опција за друга професија, едноставно знаев: – или тоа или ништо! На седум години играв џуџе во “ Јунаците од бајките” и така продолжи се. Следуваа многу аматерски престави и одлуката за запишување на Факултет за Драмски Уметности. Се разбија ја имав целосната слобода да одберам што сакам да бидам.
На почетокот татко ми проба да ме предупреди колку сериозна одлука е да се занимавам со оваа професија што е нормално за ротител. И ете бидна и тоа. Завршив на ФДУ. Веќе четири години професионално сум дел од Народен Театар “Војдан Чернодрински”. Татко ми е најобјективен критичар. Никогаш не е пристрасен, а јас сум пресреќна поради тоа. Има остро око и за се му верувам. Сега сме колеги и играме заедно. Тотално сме различни како актеrски сензибилитети и така треба да биде.
Самата сакам да напредувам да растам како актер а тато секогаш ми бил и ќе ми биде поддршка. Тоа е мој пример за професионалност, посветеност, на крајот на краиштата пример за родител. Му благодарам за се. Всушност ја имаме најубавата професија на светот, искрено го мислам тоа. А дали би сакала моите деца да се занимаваат со ова? Зошто да не! Ако тоа биде нивни избор.