ВРАЧЕНИ ВЕЧЕРОВИТЕ ЗЛАТНИ МАСКИ

Петте Грации играа како Едно

Тие во “Крпен живот” функционираа беспрекорно точно, и заедно, но и во моментите кога се надополнуваа, без разлика во кој сегмент го бојат женскиот карактер на македонската традиционална жена. Тие беа фантастични и кога се лутеа, и кога озборуваа, и кога милуваа, и кога сакаа, и кога беа тепани, и кога беа љубени…, рече нашиот новинар и театарски критичар Борче Грозданов на доделувањето на традиционалната награда

– Овие пет Грации што ги видовме вечерва, Златната маска што традиционално ја доделува Редакцијата ВЕЧЕР ја заслужија со својата колективна игра како Едно. Затоа и го заслужија ова признание што го доделуваме за најдобра женска ролја, овојпат, за колективна игра во рамките на театарскиот дел на Охридско лето. Тие во “Крпен живот” на НТ Војдан Чернодринскии од Прилеп, функционираа беспрекорно точно, и заедно, но и во моментите кога се надополнуваа, без разлика во кој сегмент го бојат женскиот карактер на македонската традиционална жена. Тие беа фантастични и кога се лутеа, и кога озборуваа, и кога милуваа, и кога сакаа, и кога беа тепани, и кога беа љубени… Затоа со право Златната маска за оваа 2009 година оди во рацете на петте Грации: Марија Спиркоска-Илиески, Катарина Чакмакоска, Даниела Стојковска, Наташа Наумоска и Јасмина Мицоска – Станкоска, рече нашиот претставник, новинарот и театарски критичар Борче Грозданов, врачувајќи им го одличјето и образложувајќи ја одлуката на нашата Редакција во живописниот и речиси автентичен амбиент, на отворено, во Хавзипашините конаци во Скопје, во рамките на Карпошовото лето.

Овој амбиент речиси и соодветствуваше на оној од Заливот на коските во Охрид и мариовското село Витолиште, од каде е всушност црпен животот на оваа претстава и од перото на авторот Стале Попов.

Публиката која го преполни просторот во Конаците во текот на целата претстава здушно ги прими актерите и актерките лауреатки и не ги штедеше аплаузите на отворена сцена.

ДОДЕЛЕНА ВЕЧЕРОВАТА ЗЛАТНАТА МАСКА ЗА НАЈДОБРА МАШКА УЛОГА

Дранговски: Аљоша ми донесе голема радост

Тој ликот преку кој се одвиваат сите премрежја и драми, пред се во психолошка смисла во романот и претставата “Браќа Карамазови” го одигра со фантастични интровертни и екстровертни трансформации, оддавајќи ја и смиреноста и тагата, но и растроеноста со неверојатна точност.

5dea6135-31ba-40ef-be3c-fe6b7ac5cd06_cx0_cy6_cw0_w987_r1_s_r1

Актерот Огнен Дранговски, на матичната сцена на Битолскиот театар завчеравечер ја доби во своите раце, заслужената награда – Златната маска на Редакција ВЕЧЕР. Тој ова традиционално признание на нашата Редакција го заслужи за улогата на Алексеј – Аљоша Карамазов во претставата “Браќа Карамазови” во режија на Дејан Пројковски.

Тој ликот на Аљоша, преку кој се одвиваат сите премрежија и драми, пред се во психолошка смисла во романот и претставата “Браќа Карамазови” го одигра со фантастични интровертни и екстровертни трансформации оддавајќи ја и смиреноста и тагата, но и растроеноста со неверојатна точност. Ова е само дел од перформансите што тој ги искористи градејќи го својот лик. На завчерашното доделување со Златната маска в раце, возбудениот Дранговски кусо рече:
– Му благодарам на режисерот Дејан Пројковски и неговата идеја за создавање на оваа претстава, иако морам да признаам дека бев по малку скептик, како и благодарност до целата екипа (уште 14 актери во поделата на Пројковски – н.з.), за поддршката и заемната енергија која ја даваат на сцена. Аљоша ми донесе голема радост…

Според Борче Грозданов, претставникот на редакција Вечер “со оваа изведба на претставата, на Битолскиот театар, уште еднаш се потврди исправноста на одлуката Златната маска да ја добие Огнен Дранговски.

Да потсетиме, освен оваа награда за Најдобра машка ролја од драмскиот дел на Охридско лето, за Најдобра женска креација беше прогласена онаа на петте актерки – Грации во претставата “Крпен живот” на Прилепскиот театар, доделена за нивната колективна актерска игра.

По ова доделување на отворањето на новата сезона (од октомври) следува уште едно, она за најдобра машка улога на актерот Оливер Дранговски за улогата на Алексеј Карамазов во претставата Браќа Карамазовии а ќе му биде врачена на матичната сцена на Битолскиот театар.