Васил Шишков
![]() Васил Шишков |
|
Роден | 30 јануари 1970 Скопје |
---|---|
Починал | 21 декември 2014 Скопје |
Националност | Македонец |
Познат | по улогата во: Бог да ги убие шпионите Тврдокорни Македонски народни приказни |
Занимање | глумец |
Татко | Ристо Шишков |
Васил Шишков (30 јануари 1970 во Скопје – 21 декември 2014[1][2]) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец, син на Ристо Шишков.
Година | Филм | Улога |
---|---|---|
1991 | Македонија може | Полицаецот |
1992 | Македонски народни приказни | |
1991 | Бог да ги убие шпионите ![]() |
Војин Треновски |
1993 | Тврдокорни | Милан Арсов |
1995 | Македонски народни приказни | |
1995 | Адска машина | Силвестер |
1997 | Џипси меџик | Војник од УН |
2006 | Стрмоглави | Цветко |
2006 | Мост | Дамјан |
2007 | Сенки | Свештеникот |
2012 | Максим | Дејан |
Театар
2012 – “Животот е сон” во режија на Владо Цветаноски
2013 – неговата последна улога во ” Вечна куќа ” во која успешно го одигра ликот на таткому Ристо Шишков, во режија на Дејан Пројковски
Смрт и реакции
„ | Ти си причината заради која ми течат солзи веќе 10 минути… толку е времето за кое знам дека си на подобро место. Ти ми беше прва детска симпатија, ми беше генијален и единствен во она што го правеше. Уметнички. Достојно. Самостојно и своеглаво. Зошто? Ни требаше уште меѓу нас, ни требаше да те гледаме, да не импресионираш… Да не тераш уште повеќе да го сакаме театарот. Па се видовме пред само неколку дена. Беше насмеан таков и ќе останеш засекогаш во моето сеќавање. Почивај во мир голем, генијален, достоен човеку![2] | “ |
– Нина Јанева.
„ | Васил Шишков почивај во мир генерацијо, колега …последната улога му беше Ристо Шишков во Вечната куќа …апсурдот да биде поголем ..и беше бескрајно среќен на секоја изведба …тажно, многу тажно …се надевам Шиле дека конечно ќе го најдеш својот мир и ќе испиеш една чашка со стариот…[2] | “ |
– Весна Петрушевска.
Бајка за еден сон и едно враќање
“Дали сонот е живот или животот е сон?”. Ова прашање најчесто го поставуваше актерот Васил Шишков и приватно и пред јавноста повеќе од два и пол месеци, додека ја работеше заедно со своите колеги и режисерот Владо Цветановски, претставата “Животот е сон” по Калдерон де ла Барка… за одговорот да го добие завчеравечер на сцената на МНТ. Додека сонуваше, сонот му се оствари! Повторно е на сцената, сугестивен, грамаден, не многу речит (со оглед на вербалните барања и можности на ролјата), но громогласен и разбирлив, кога за тоа му се укажуваше прилика… Потврда доби на крајот кога овациите и по некоја солза се згушија во громогласниот аплауз… Тој аплауз, се разбира, не беше само негов, туку и на уште негови 13 колеги и на професорот и режисер Владо Цветановски… Овој последниов како диригент создаде бајка за сонот, сон во кој се трагаше по едно шамивче, кое како желба и цел ги водеше сонувачите… Бидејќи, секој во сонот е крал и секој крал на јаве може да биде питач… И кога сето тоа ќе се отвори до бескрај во кутијата – сцена преполнета со магија, наративна моќ карактеристична за одличниот актер Владо Јовановски, имаме навистина една отворена сказна која треба да се гледа, а преку тоа и да живее…
Неблагодарно е сал да се набројува, тоа е навреда за актерската личност. Но ако тоа сочинува Едно, тогаш спомнати да бидат заслужија: Петар Мирчевски, Малиот, а голем Крал и неговата свита: Висар Вишка, Славиша Каевски, Борче Начев, Мирослав Петковиќ и актерките – самовили – принцези: Искра Ветерова, Арна Шијак, Софиа Насевска, Јелена Мијатовиќ, Дарја Ризова, Тина Трпкоска и Наташа Петровиќ…
И повторно во МНТ се слеаја добронамерници од фелата и љубители на Талија, кои на крајот по заслуга, десет минути им отстоаја на нога на актерите, трикратно враќајќи го повратникот Шишков и останатите, за печат што останува за навек.
Борче ГРОЗДАНОВ
ЖИВОТОТ Е СОН – 06.05.2012
Автор: Педро Де Ла Барка Калдерон
Режисер: Владо Цветановски
Сценографи: Владо Ѓоресвки и Тодор Даевски
Костимограф: Благој Мицевски
Композитор: Оливер Јосифовски
Кореограф: Александра Кочовска
Актери:
Петар Мирчевски
Висар Вишка
Борче Начев
Искра Ветерова
Софиа Насевска Трифуновска
Дарја Ризова
Наташа Петровиќ
Владо Јовановски
Васил Шишков
Славиша Кајевски
Мирослав Петковски
Арна Шијак
Јелена Мијатовиќ – Галевски
Тина Трпковска
Техничка екипа:
Зорица Благоевска- Суфлер
Александар Петровски- Тон – мајстор
Илија Тарчуговски- Светло – мајстор
Дарко Младеновски- Светло – мајстор
Никола Кимовски- Инспициент
Продуцент: Симона Угриновска
Лектор: Цветанка Недановска