![]() |
|
Роден | 1959 Слоештица, Демирхисарско, |
---|---|
Починал | 23 октомври 2012 Скопје, ![]() |
Занимање | режисер универзитетски професор |
Владо Цветановски (Слоештица, Демирхисарско; 1959 – Скопје, 23 октомври 2012) бил македонски режисер и професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје.[1]
Биографија
Цветановски е роден во 1959 година во демирхисарското село Слоештица. Дипломирал на Академијата за уметности во Нови Сад на отсекот за интермедијална режија, во класата на професорот Боро Драшковиќ. Работел како професот на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што го предавал предметот актерска игра.
Починал ненадејно на 23 октомври 2012 година во својот дом во Скопје, а бил погребан следниот ден на скопските градски гробишта Бутел.[2]
Творештво
Цветановски реализирал околу педесет претстави кои се поставeни на театарските сцени во Македонија, како и во Бeлград, Нови Сад, Сараево, Софија, Санкт Петербург, Кишинев, Париз, Каиро, Кан итн. Неговата последна претстава била “Архелаос или Еврипид се враќа на Балканот“, чија премиера била поставена во Драмскиот театар во Скопје, една недела пред неговата смрт.:[3]
Притоа, најпознати негови претстави се:[4]
- „Малограѓанска свадба“;
- „Полковникот птица“;
- „Домот на Бернарда Алба“;
- „Среќата е нова идеја во Европа“;
- „Хамлет“
- Архелаос или Еврипид се враќа на Балканот
- “Живото е сон” 2012 год, последна претстава во МНТ
- За своите претстави, Цветановски освоил бројни значајни награди, како: Млад борец, вонредна Стеријина награда за претставата во целина, пет награди за најдобра претстава во целина на МТФ „Војдан Чернодрински“ и четири награди за најдобра режија на истиот фестивал.
Понатаму, Цветановски се занимавал и со филмска режија. Така, во продукција на Македонската телевизија реализирал неколку документарни филмови посветени на македонските традиционални обележја, а го режирал и играниот филм „Тајната книга“.[6] Исто така, подолго време работел и на сценариото за неговиот втор игран филм со работен наслов “Ослепениот воин”, кое останало недовршено поради неговата ненадејна смрт.
овој филм за него е објавен во 2016 година. Промоцијата се одржа во Битола.