НАЈДОБАР МЛАД АКТЕР НА ЧЕРНОДРИНСКИ
Тешко на оној актер што има сон со краток досег!
29 јули 2012
“Бев дете кога првпат влегов во Театар од службениот влез. На телевизија прочитав за аудиција за детска претстава и појдов. Таму имаше многу деца, посебен живот, луѓе кои и ден-денес ми се драги и ги сакам, таму имаше почеток на нешто што мириса на сон… Не знам што ме натера да бидам актер, ама овие неколку работи дефинитивно ме натераа да останам тоа…”, вели на почетокот на својата приказна за остварувањето на уметничкиот сон, младиот Александар Степанулески, прогласен за најдобар млад актер на неодамна завршениот МТФ “Војдан Чернодрински”.
Тој оваа заслужена награда ја доби за насловната ролја во “Калигула” што по Албер Ками го работеше Зоја Бузалковска во Прилепскиот театар. На љубовта која се раѓа на сцената или “штиците што живот значат гледа како на “љубов на прв поглед…” Но додава: “… Ова уште можеме да го наречеме и љубов на прв мирис, прв влез, прво седнување или прво застанување… Само разликата е во тоа што сонот не се остварува со качувањето на сцената, туку само почнува од таму… И, се разбира, подолго трае во зависност од тоа колку актерот како актер ќе живее и ќе биде продуктивен, како за својата душа, така и за целото негово уметничко опкружување…”
Во неговиот матичен Прилепски театар, тој сонувајќи на сцената и понатаму го продолжува својот пат… “Тешко на оној актер што има сон со краток досег или поточно тешко на оној актер што има само еден сон и брзо станува задоволен од себеси… Јас можам да кажам дека дефинитивно го продолжувам сонот, но не можам да кажам што ќе се случи по неговото остварување… Се плашам дека нема да ми достаса време да ги остварам сите сништа, ги имам поприлично…
Според многумина клучот на успехот што во последните пет години е неспорен во НТ “Војдан Чернодрински” од Прилеп е сплотеноста помеѓу младите и старите актери. За клучот на разбирањето и разбивањето на јазот помеѓу генерациите, Степанулески е дециден: “Клучот лежи во тоа што секој знае што е и за што е таму. Комплексноста и компактноста се темели на добрите меѓучовечки односи, домашното воспитување и добрата енергија која неспорно кружи меѓу нас. Повеќето од нас младите сме од деца во овој Театар, така што постарите ги чувствуваме не само како колеги, туку и како другари, а најчесто како родители”.
Степанулески работата врз себе како уметник и актер ја продолжува и на постдипломските студии на ФДУ, а за тоа дали не е малку прерано за продолжување со театарската верификација на неговите уметнички сознанија, тој исто така има своја девиза: “Лебот се пече во фурна, а актерството на сцена, и тоа е чист закон. Пред да се запишам на факултет точно 10 години се занимавав со театар, а и откако се запишав за моја среќа, до ден-денес уште поинтензивно работам. Јас сум човек кој постојано сака да се надградува и да си отвора нови хоризонти кои ќе ми помагаат во практичната работа… Не само што не мислам дека рано сум се зафатил со таа теоретска верификација, туку напротив сметам дека го погодив точното време”.Борче ГРОЗДАНОВ