„Сонот на летната ноќ“ ја доби наградата „Ѕвезда на театарот“ во Русија
УЖИВАЈТЕ
http://fomenko.theatre.ru/performance/dream/
Овде мозе да се види дел од претставата
Оваа година во гласањето учествуваа околу 69.000 гледачи. На почетокот на септември беше оформен потесниот избор (shortlist), од по три претставници, за гласањето да заврши на 30 ноември и на 5 декември на свечена манифестација во „Театарот на Вахтангов“ да бидат прогласени победниците.
Претставата на македонскиот режисер Иван Поповски „Сонот на летната ноќ“ победи во две категории –
„Најдобра епизодна женска улога“ за улогата на Елена за актерката
Ирина Горбачова
и „Главната награда“ на фестивалот за „Најдобра претстава во целина. Голем формат“.
Покрај претставата на Иван Поповски, во најтесниот круг влегоа и претставите „Куќата што ја изгради Свифт“ на Театарот „Пушкин“, а кој што во почетокот на 20. век беше еден од најпознатите театри на Русија и Советскиот Сојуз, Камерен театар предводен од легендарниот режисер Александар Таиров (еден од четирите руски театарски столбови, покрај Станиславски, Мејерхољд и Вахтангов, врз кои се темелеше рускиот театар во тоа време) во режија на Евгениј Писарев, и претставата „Сказните на Пушкин“ на Театарот на нациите во режија на големиот Роберт Вилсон.