ЗА ТЕАТАРЧЕТО, СО ЉУБОВ…
Освен театарска продукција и освен правење претстави , во Театарот секогаш и сосема- во доволни количини- недостасувало струење и размена на СВЕСТ И ЕЛЕМЕНТАРНА СМИСЛА. За тој свет…И во тој Свет.А.и за оној околу. Или ,како што би рекол Ти-Борче-електрони..
Јас би рекол-фотони..Оти се врзани за светлина.
Тоа обично би требало да се случува и во бифе, и на улица, и пред претстава,и после неа..да се случува меѓу луѓе, меѓу актери-уметници.. сеедно.. значи сето она што значи рефлексија од Театарот,негово доживување, и сето она што може да значи некој негов катализатор на било кој начин.Било да се работи за разговор,слика или пишан збор.Нешто што е живо,импулсивно,креативно а можеби и искрено.Нешто што ќе остане.
Тоа Ваше,- Наше театарче-,може да биде важен дел од сето тоа! Значи, може да се занимава со последиците, а понекогаш да иницира и некои причини.
Тоа нешто- Во таа смисла – секогаш недостасувало, дури и тогаш кога го имало одпојќе.
Во нашево време, со самото тоа што и Театарот во суштина на некој начин е ставен во една чудна позиција, што му дава посебно значење ,- секое нешто- од овој тип е пред се една романтична, многу романтична идеја!.. Но театарот, или – Театарчето не се прави без Љубов.Нели?..Дури и тогаш кога таа станува по малку патетична или не дај Боже -недоволна…
Вашиот порив и иницијатва може само да радува. Многу малку нешта остануваат откако ќе заврши претставата, многу нешта се забораваат, некои дури и ненамерно,..се муабети се помалку, а за полемика не станува збор… а за да можеме во нешто да напредуваме или барем да исправиме по некоја грешка – онака патем,па макар и своја – најпрвин е потребен разговор. Како и на секое место- така и во Театарот.И околу него – се разбира.
И така, завлечени во своите дупки , секој со своите предрасуди и клишеа, победи и порази,секој задоволен од својата бесмртност или просечност,-очекуваме- ете, овде, во Вашето а и Наше театарче преку пишување, анализи,осврти,информации, критики,есеи и пред се – Мислења и Размисли – да дојдеме барем до едно ниво на Самокритика.Елементарна.Ете, за почеток…
За да можеме да тргнеме понатаму.
Нашето Театарче и покрај тоа што е деминутив, навистина ме радува. Не се сомневам дека формирате едно тло, коешто е многу добронамерно,издржано, слоевито и слободоумно!
Во тој случај- ќе бидам секогаш на располагање, се разбира!
За многу години!
Би било нескромно да кажам дека не сум. Со повеќе од 60 улоги во театар, 20-ина на филм, нема зошто да не бидам задоволен. Проектите ги избирам интуитивно, немам големи планови за себе, а кога ги немам плановите, обично ми е случуваат многу работи. Во 2016 имав шест насловни претстави, мислам дека ќе одморам малку во изборот на нови претстави вгодина, оти треба да здивнам.