27/11/2018
Почина Горан Стефановски, еден од најпознатите македонски драмски автори.
Стефановски починал на возраст од 66 години, по кратко боледување.
Стефановски престојуваше во Велика Британија, во близина на Лондон, од каде што вечерва стаса и веста за неговата смрт.
Стефановски завршил Филолошки факултет во Скопје, англиски јазик и книжевност. Студирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград каде што и магистрирал на тема „Сценските напатствија како основа на драматургијата на Семјуел Бекет“.
Тој работел во драмската редакција на Телевизија Скопје, а потоа како асистент на скопскиот Филолошки факултет. Од 1986 година е професор по драматургија на Факултетот за драмска уметност во Скопје. Стефановски бил член на Македонскиот ПЕН центар, на Друштвото на писатели на Македонија од 1979 година, а од 2004 година бил член и на Македонската академија на науките и уметностите.
Драмите на Стефановски имаат нешто заедничко: преку трагедијата на едно семејство, Стефановски ни ја предава историјата на македонскиот народ, со сите свои болки и рани, со социјалните неправди, политичките разијдувања, стремежот за подобро утре. Во неговите драми се издвојуваат три вида на ликови:
Стефановски е добитник на наградите „Стале Попов“, „11 Октомври“, двапати на „Стериинта награда“, потоа шестпати ја добил наградата „Војдан Чернодрински“.
Стефановски зад себе остави богато творештво на драми, радио драми, филмови, тв серии меѓу кои „Јане Задрогаз“, „Чиракот Шекспир“ , „Томе од бензиската пумпа“, „Диво месо“, „Лет во место“, „ХИ-ФИ“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Бушава азбука“, „Кула вавилонска“, „Чернодрински се враќа дома“, „Демонот од Дебар Маало“.
***
Дипломира англистика на Филолошкиот факултет во Скопје (1974). Магистрира на Филозофскиот факултет во Белград (1979), со тезата Сценските упатства како основа на театарот на Семјуел Бекет. Исклучителен познавач на англиската книжевност, особено на делата на Вилијам Шекспир.
Работи во драмската редакција на Македонската телевизија (1974-1978). Асистент е на Филолошкиот факултет (1978-1986) и професор по драматургија на Факултетот за драмски уметности во Скопје (1986-1998). Под негово менторство дипломираа три класи драматурзи.
Живее и работи во Кантербери, Велика Британија, каде што предава драматургија на Christ Church College на Универзитетот во Кент. Исто така, предава и на Институтот за драма во Стокхолм, Шведска.
Претставник е на модерната македонска драматургија и еден од најзначајните и најизведувани македонски драмски автори, воопшто.
Драмски текстови:
26 декември 1974 – деби на Горан Стефановски
На сцената на Драмски театар и во режија на Слободан Унковски, праизведена е првата пиеса на Горан Стефановски, народна фантазија со пеење пишувана по мотивите на Марко Цепенков, а насловена според името на својот протагонист – „Јане Задрогаз“. Претставата доживува успех рамен на триумф, не само во Македонија туку и на многубројните гостувања во странство.
Јане Задрогаз (1974); Диво месо (1979); Лет во место (1981); Хај-фај (1983); Дупло дно (1984); Тетовирани души(1985); Црна дупка (1987); Лонг плеј (1988); Кула вавилонска (1989); Травиатта (рок- опера, 1989); Зодијак (рок-балет, 1990); Чернодрински се враќа дома (1991); I Love Chernodrinski (1991); Сараево (изведба на промоцијата на Антверпен како европска културна престолнина, 1993), Олд Ман Драггинг Стоне (кореодрама, 1994); Казабалкан (1998); Еуралиен (сценарио за театарски проект во изведба на 50 актери и 13 режисери, порачано од “Интеркулт”, Стокхолм и изведено во склоп на Европската културна престолнина – Стокхолм, 1998); На пат за Багдад (изведен од денс-театарот Greencandle, Saddler`s Wells, Лондон, 1999); Хотел Европа (концепт, сценарио и драматургија за европски театарски проект во режија на девет режисери од Источна Европа; копродукција на „Интеркулт”, Стокхолм и на фестивалите во Виена, Болоња, Бон и Авињон, 2000), Everyman (изведен во „Ателје 212“, Белград, 2003).
Пишува и сценарија за повеќе телевизиски драми (Клинч, 1974; Томе од бензинската пумпа, 1978; Тумба, тумба, дивина, 1980) и серии (Наши години, 1979; Бушава азбука, 1985). Автор е на драматуршкиот формат за ТВ-серијата за деца Наше маало (продукција на SCC, САД, во соработка со Children`s Television Workshop, 1999-2001), како и на сценаријата за два играни филма (Хај-фај, 1988 и Приказна од Дивиот Исток, 1994).
Награди: Награда 11 Октомври (1980); Стеријина награда за најдобар драмски текст (за драмите Диво месо, 1980 и Црна дупка 1988); Награда Стале Попов (1982); Награда за најдобар драмски текст на Македонскиот театарски фестивал Војдан Чернодрински – Прилеп (за драмите Хај-фај, 1983; Дупло дно, 1985; Тетовирани души,1987; Кула вавилонска, 1990).
2002:
Драмско – куклен театар „Константин Величков“ – Пазарџик, Република Бугарија: премиерна постановка на драмата Диво месо во режија на Љупчо Ѓоргиевски.
2003:
Драмско – куклен театар „Константин Величков“ – Пазарџик, Република Бугарија: премиерна постановка на драмата Тетовирани души во режија на Љупчо Ѓоргиевски.
Народно позориште/Narodno kazaliste Nepszinhaz – Суботица, Србија и Црна Гора:премиерна постановка на пиесата Баханалии во режија на Кокан Младеновиќ.
Ателје 212 – Белград, Србија и Црна Гора:
премиерна постановка на драмата Everyman во режија на Ѓурѓа Тешиќ.
2004:
Theatre Melange – Лондон, Велика Британија: премиерна постановка на драмата Everyman во режија на Сенди Маберли/Sandy Maberley.
2005:
Комеди Франсез – Париз, Франција: премиерна постановка на драмата Хотел Европа.