Кристина Ласовска – актерка

 

 

Во прво лице

 

Глумата во живото – Недостаток на оргиналност.

 

1. ЗА СЕБЕ: Во се што правам оставам дел од себе. Со она што ми останува на крајот од денот разговараме често и гледам да му останам доследна.
2 . ЗА ЉУБОВТА: Извор на многу нешта. Двигател. Смисла во сите нејзини облици.
3. ЗА ЖИВОТОТ: Свесноста за тука и сега. Со искуството од вчера кон непознатото утре.
4. ЗА ТЕАТАРОТ:Исто како во животот само со многу поголем интензитет. Вода во пустина.
5. ЗА ДОБРОТО:Секогаш да победува. Колку повеќе го храниш, толку повеќе ти враќа.
6. ЗА ЗЛОТО: За вечната борба против.
7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ: Поздрав
– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? Да ми се живи, здрави и среќни.
8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ : Недостаток на оргиналност. Честа појава кај (денес за жал безбројните)изгубени души
9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА: Поетично звучи во рамките на илузијата и сонот – но незгодна е во реалноста
10. ЗА КОЛЕГИТЕ: Луѓе пред се. Ги има во секаков вид. Партнери во создавањето на новисветови.
11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ: Се во свое време. Непишано правило на Универзумот.
12 . ЗА ИДЕЈАТА: Да ја допре реалноста и да прерасне во продукт.
13. ЗА СОНОТ: Да нема крај. Инспирација.
14. ЗА ЈАВЕТО: Можност да се сонува со широко отворени очи, бистар ум и чиста душа.
15. ЗА ВИНОТО : За вистината.
16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО: Безусловна љубов. Столб!
17. ЗА КРАЈ: На здравје за секој почеток! За убаво, за арно!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *