АКТЕРОТ ЕРДОАН МАКСУТ ОД ПРЕТСТАВА ДИРЕКТНО НА ШИЕЊЕ

Од ефектот темно-светло ќе останев без око!

“Во претставата “Хамлет во пикантен сос# во режија на Александра Кардалевска го играв ликот Гунтер. Јас -Гунтер сигурен во себе набрзина се завртив за да избегам и да си прилегнам, но на таа изведба суфитата не беше на своето место, беше малку поместена и поради ефектот светло-темно, а тоа значи влез од силно осветлена сцена во мрак, јас не приметувајќи, се сопнав од невидливиот тег завиткан со црната суфита, буквално летнав и со сета сила со главата налетав на радијаторот во тој темен и мрачен дел од страничниот дел од сцената…#, раскажува Максут

Актерот на Театар комедија, Ердоан Максут, како што вели самиот, не сака често да зборува и да се присетува за ситуациите и лошите моменти што ги доживеал и преживеал на сцена, бидејќи и актерит,е како и фудбалерите не сакаат да се присетуваат на своите повреди, но сепак за ВЕЧЕР тој си ја “отвори душата” и сепак не “почести”, раскажувајќи ни една така немила случка.

“Во претставата ‘Хамлет во пикантен сос’ во режија на Александра Кардалевска го играм ликот Гунтер. Тој, мојот лик, обожава да спие и секоја можност ја користи да си легне. Па така, слушајќи го него во една сцена кога Гунтер и Дрик, исто така, прислужник во дворот, ја привршуваат својата работа, и мојот партнер почнува да му раскажува на ‘шефот-готвач’ Фроги до најситни детали што се зготвило, јас, односно Гунтер, гледам да побегнам и да си легнам. Во еден згоден миг треба да побегнам десно од сцената надвор за да си заспијам.

Но овој пат на патот до сонот ми се испречи страничната црна суфита фиксирана со тег за да не се подместува, но ово пат завиткан со суфитата за да не се гледа, а бидејќи таа е долга тоа може да се направи. Јас -Гунтер сигурен во себе набрзина се завртив за да избегам и да си прилегнам, но на таа изведба суфитата не беше на своето место, беше малку поместена и поради ефектот светло-темно, а тоа значи влез од силно осветлена сцена во мрак, јас не приметувајќи се сопнав од невидливиот тег завиткан со црната суфита, буквално летнав и со сета сила со главата налетав на радијаторот во тој темен и мрачен дел од страничниот дел од сцената…”, вели Максут.
Се разбира, Максут не ни помислувал да не ја одигра претставата, но…

“Воопшто не бев свесен што се случи тој миг. За многу кратко време дотрча инспициентот, ме стана на нозе, ме однесе до најблиска гримиорна и ми рече дека не ќе можам да ја продолжам претставата”. На ова јас слатко се изнасмеав и реков:

“Не ми е ништо, доволно ми е едно фластерче и ќе излезам на сцена да си ја доиграм улогата#. Но, тој ми рече дека не само што ми тече крв од аркадата, туку и од под десното око и дека сум имал голем среќа што не сум го повредил, бидејќи недостасувал само некој сантиметар да го уништам… Дури кога се погледнав во огледалата во гримиорната се шокирав! Половина лице ми беше облеано со крв која течеше како од чешма. Подливот под окото беше огромен и чувствував буквално како расте како квасец…

Еден од моите колеги-соработници ми помогна да се соземам, ме однесе во болница каде што ми ги сошија раните, а моите колеги мораа да ја завршат претставата без мене и да ја решаваат ситуацијата измислувајќи текстови и состојби зашто во моментов останале без Гунтер#, ја завршува својата непријатна сторија Максут, секако, заблагодарувајќи се на сите оние кои му помогнале, но и на колегите актери кои успеале да ја завршат претстават без да се почувствува неговото отсуство.

Сигурно за слична ситуација и Ердоган би постапил солидарно покривајќи некој свој колега… Ете ова е уште еден доказ дека театарот и буквално е живот!