ДО ВИСТИНСКИТЕ ПРИЈАТЕЛИ НА ТЕАТАРОТ
Најпрво големо БЛАГОДАРАМ што постоите.
Театарот со својата ефемерност ја има судбината да останат во сеќавања впечатоцитеkои ги има публиката што ја следела претставата, а Вие сте тие кои тие впечатоци знаете, умеете и разбирате како да ги срочите во реченици кои ќе останат напишани за сегашните и идните генерации. Да не се заборават прекрасните моменти, вложениот труд, големите улоги, претстави, турнеи…Се радувам неизмерно на Вашето постоење, бидејќи ја знам Вашата непристрасноsт, Вашата огромна желба за следење на секоја секунда помината на сцената, за Вашата огромна љубов кон театарот. Веќе 25 години професионално се занимавам со оваа уметност,со одиграни околу стотина улогиво Народниот театар Битола и во неколку други театри, со околу 2500 одиграни претстави, со награди и голем број на турнеи по светот. Се чувствував kako вистински амбасадор на културатана Република Македонија, горд македонец-актер, кој никогаш не се посрамотил пред нашата и странската публика, актер кој е повеќе сакан од публиката – отколку од жиријата на фестивалите (или е склоп на околности). Актер кој својата душа без калкулации ја фрла на сцената. До сега за тоа говореле многу критики кои ги имаше во првите години (деведесеттите од минатиот век) , странските критики и по некоја до ден денес, каде спаѓате Вие. Жално беше што до сега немаше широк обем на критичари кои ги следат буквално сите збиднувања на сцената и за тоа да пишуваат, жално е сеуште што не можеме театрите меѓу себе да ги гледаме сите претстави во нашата земја, дури ни на фестивалите, зашто немаме можност да се дружиме и бидеме дел од истите за целото време,веројатно поради финансии…Но, убеден сум дека полека работите се средуваат. Вие го започнавте она што се вика историја на нашето битисување и сугурен сум дека ќе razбудите иницијација и за другите да ги razбудитенивните сетила и идеи како да ја приближат големата уметност ТЕАТАРОТ до нејзините вљубеници.
Ве поздравувам од срце и Ве сакам.