Шишман Ангеловски ( 1937 – 1995 )

Роден во Софија, Бугарија 1937 – 1995 во Скопје е починат

Професионалната кариера Шишман Ангеловски ја започна во Куклениот театар во Скопје во 1957 година. Истата година почна да настапува и на сцената на Македонскиот народен театар.

Член на Драмскиот театар станува во 1959 година, каде што има одиграно преку 80 улоги. Добитник е на Наградата на Здружението на драмските уметници на Македонија, како и на неколку други признанија добиени за остварувања на филмот. Беше прогласен за Најпопуларно ТВ лице во Македонија.
Ќерка му е прекрасната актерка Ѕвезда Ангеловска.

Филмографија

  • 1969 – Време без војна (Главна улога)
  • 1971 – Македонски дел од пеколот (Споредна улога)
  • 1972 – Истрел (Споредна улога)
  • 1973 – Татко (Колнати сме, Ирина) (Споредна улога)
  • 1976 – Најдолгиот пат (Главна улога)
  • 1980 – Време, води (Главна улога)
  • 1981 – Црвениот коњ (Споредна улога)
  • 1991Тетовирање (Споредна улога)
  • 1993 – Македонска сага (Споредна улога)