ДИМИТАР СТАНКОСКИ ( 1946 – 2007 )

ПРОСТУВАЊЕ ОД РЕЖИСЕРОТ ДИМИТАР СТАНКОСКИ – Дебелото

 

 

Човекот кој сакаше две работи во животот: ќерка му Бисера и Драмски театар… за кој зборот естетика се содржи од два збора ест-етика, што значи – за да работиш уметност и да ја сакаш, треба да си чесен. Тој немаше влакна на јазикот и ја претпочиташе искреноста пред културата и куртоазијата. За него културата не ретко подразбираше конвенционалност искривоколчување, па и “лигавење”… повеќе ги сакаше искрените непријатели од неискрените пријатели. Во градот на светлината бараше зрак за себе, но и за македонскиот театар и култура. Од Париз го испратија со неверување дека тргнал по патот од кој нема враќање, во Штутгарт го чекаа да режира…
За тоа говореа рас(при)кажаа, со солзи во очите, неговите колеги драматурзи, актери, режисери (кои во Салонот на неговиот Драмски ги имаше многу и од секаде) со кои заедно сработи повеќе од 100 претстави… Се испраќаа со нивниот голем другар, пријател, колега, режисерот Димитар Станкоски… За незаборав на нивниот Диме, Димуш Дебелото… Човекот кој зад себе ги остави култните

“Нажалена фамилија”,

“Косанчиќев венец бр. 7”,

“Чија си”,

“Грев или шприцер”,

“Женски оркестар”,

“Вујко Вања”,

“Платонов”,

“Трите високи жени”…

“Оркестар Титаник”…

Ги промовираше Сашко Насев, Југослав Петровски, Венко Андоновски, Братислав Димитров… бидејќи, нели без македонска драматургија нема национален театар… Слава му!