Зафир Хаџиманов

Зафир Хаџиманов
 11069892_10153120224324192_7292810881242959512_n
Роден 25 декември 1943
Кавадарци, Македонија
Националност Македонец
Занимање Актер, пејач и композитор
Сопружник Сенка Велетанлиќ
Татко
Родители Васил Хаџиманов
Деца Васил Хаџиманов

Зафир Хаџиманов (25 декември 1943, Кавадарци) е македонски актер, пејач, композитор и поет.

Биографија

По таткова линија, Зафир Хаџиманов потекнува од Кавадарци, додека по мајчина линија е скопјанец. Неговиот татко, Васил Хаџиманов, бил првиот во семејството кој започнал да се занимава со музика уште од неговите средношколски денови во Велес. Подоцна, тој се запишал на фармацевтски факултет во Белград, но го напуштил и се запишал на Вишата педагошка школа во Скопје, отсек музика, по што својот животен век го посветил на фолклористиката. Зад себе, Васил Хаџиманов оставил над 5.000 записи од македонски изворни песни.

529285_10200284611532343_2136456506_n

Зафир Хаџиманов дипломирал на Факултететот за драмски уметности во Белград, во 1967 година. Тој речиси целиот животен век го поминал во Белград, во брак со една од најпознатите југословенски пејачки Сенка Велетанлиќ – Хаџиманов, со која го имаат синот Васил Хаџиманов, познат џез-музичар.[1]

Зафир Хаџиманов дипломирал на Факултететот за драмски уметности во Белград, во 1967 година. Тој речиси целиот животен век го поминал во Белград, во брак со една од најпознатите југословенски пејачки Сенка Велетанлиќ – Хаџиманов, со која го имаат синот Васил Хаџиманов, познат џез-музичар.[1]

zafir-hadzimanov-1a

Зафир Хаџиманов дипломирал на Факултететот за драмски уметности во Белград, во 1967 година. Тој речиси целиот животен век го поминал во Белград.

По завршувањето на студиите во 1967 година, Зафир Хаџиманов одвреме на време успешно се појавува на театарската и музичката сцена, како и во светот на филмот. На штиците кои живот значат, успешно игра на театарската сцена во Белград (Театарот на Теразие, Атеље 212), Скопје (Драмски театар), Нови Сад (СНП) и Бостон, САД (Forum Theatre).  Во 1967 година Зафир игра главни улоги во два филма „Нож“ на Ж, Митровиќ и „Македонска крвава свадба“ на Т. Попов, а  заедно со Сенка го имаат својот прв рецитал во театарот „Атеље 212“ во Белград, со кој постигнуваат голем успех. Истата година гостува и на меѓународните фестивали во Сопот (Полска) и Варадерта (Куба), каде ја освојува наградата за најпопуларен пејач на фестивалот.

Зафир Хаџиманов не ја заборава ни домашната македонска сцена. Во 1968 година игра главна улога во музичката комедија на Т. Арсовски и А. Џамбазов во „Драмскиот театар“ во Скопје, а во дует со Љупка Димитровска ја освојува првата награда на фестивалот „Скопје 68“. Во 1969 година повторно се појавува на филмското платно во филмот „Време без војна“, од Бранко Гапо. Таа година по втор пат заминува на турнеја во СССР, а на фестивалот во Опатија ќе ја испее песната на А. Корач, „Био е мај“, која ќе постане дефинитивно голем евергрин.

Почетоците на Зафир Хаџиманов како успешен кантавтор, се во далечните седумдесети години на минатиот век, кога ќе се појави  како автор на стихови и во тандем со композиторот Корач, Зафир ја освојува првата награда на скопскиот фестивал со песната „Земи момче македонче“, а потоа во 1971 година и со песмата „Панаѓур“. Како автор на „Како Вардар“, „Зошто“ и „Туѓа си“, наградуван е на скопскиот фестивал во 1972/73/74 година..

Во периодот по 1971 година интензивно работи на повеќе проекти. Пишува музика за филмот на П. Голубовиќ „(Не) Хигијенски навики на војниците“ каде игра главна улога, а настапува на бројни концерти. По трет пат госува и во СССР каде ги полни салите и добива прекрасни критики. Постигнува голем успех како дома така и во светот. Со сопругата Сенка за ТВ Белград. го снимаат првиот ТВ шоу во боја „Јас и мојата сенка“. Зафир Хаџиманов работи како музички уредник на ТВ Белград, каде од 1976 година интензивно пишува музика за разни програми и ТВ серии. По повод десетогодишнината од смрта на својот татко, Зафир во 1979 година го снима албумот „Песните на Васил ги пее Зафир“

Зафир Хаџиманов тргнат по стапките на својот татко, како никој друг од неговата бранша ја негува со посебна почит старата македонска песма. Познат во народпот како кантаутор кој е доминантен во светот на шансоните, односно поезија, компонира десетина шансони и балади од песни на македонските поети Константин Миладинов, Коста Рацин, Блаже Коневски, Аце Шопов и Радован Павловски. Еднакво е активен и плодотворен во компонирање на стиховите на големите светски и српски поети меѓу кои Милош Црњански, Душко Радовиќ, Десанка Максимовиќ, Бране Црнчевиќ и многу други. Како награда за неговата плодотворна активност, неговите витрини ги красат бројни награди и признанија од фестивалите на поезија и музика, од Струшките вечери на поезијата во 1975 година до Интернационалниот фестивал на шансонат во Загреб во 2003 и 2005 година.

Сам или во дует со својата сопруга Сенка Велентанлич – Хаџиманов, снимил повеќе ТВ програми и го поминал светот пеејќи на концертите во СССР, Франција, Германија, Шведска, Полска, Чехословачка, Унгарија, Романија, Бугарија, САД, Канада, Куба, Австралија и т.н.  Настапувал и раскошно ја сееше македонската музика на сцените како што Олимпија – Париз, Опера хаус – Сиднеј, Бољшој театар – Москва.

Зафир Хаџиманов паралелно со сценските и музичкото настапи, пишува и објавува поезија на македонски и српски јазик.  Во 1978 година излегува неговата првата збирка со стихови „Шансони на папиру“, по која е снимен истоимен албум и концерт на фестивалот „Белградска пролет 78“. Од од 1980 до 1990 година Зафир објавува три поетски книги, меѓу кои „Пас певачица“ (Плакета за најдобра книга на поезија „Стражилово“ во 1984 година), „Азил“ и  „Народен пејач“. Сокоја од овие три книги била пропратена со аудио издание на плоча или касета, и бројни коцертни настапи.

Во периодот на распадот на Југославија, од 1990 до 2000 година, Зафир се враќа на театарот и филмот. Најпрво игра како јеромонах во филмот на Бранко Гапо „Македонска сага“, а потоа игра во преставите  „Виолинист на покривот“ и „Човекот од Ла Манча“, во СНП, Нови Сад. Постигнува врвен успех, за што говорат добрите критики и преполните сали. Од друга стран тој продолжува со публикувањето на свои дела. Во 1994 година ја објавува првата книга проза „Кисело весело“, а во 1997 година книгата со избрани и нови песни „Брат“.  Со песмата „Са ноќ седам“ ќе влезе меѓу пеесете одбрани македонски поети на сите времиња во антологијата на тонското издание на Македонското Радио. Автор е на текст, стихови и музика на првиот македонски мјузикл „Ало будење“.

Во 2007 година објавува CD со своите најголеми фестивалски успеси „Био је Мај“ (PGP – RTS) и CD со најубавите македонски балади „Од љубов не се бега“ (TAKE IT OR LIVE IT). Во 2008. Година објавува книга и CD „Македонија пее “ во соработка со Министерството за наука и образование на Република Македонија. Истата година, за улогата во мјузиклот „Les miserables“ ја добива големата награда на Опера театарот MADLENIJANUM за врвно глумечко и пејачко остварување. Во 2009 година Македонски издавачки центар во Србија му издаде двојазично издание на неговиот мјузикл „Ало будење“ со ЦД и нотна тетратка со сите сонгови .

Зафир Хаџиманов е почесен претседател е на српско-македонското друштво „Шар Планина“. Вредно работеше на неколку културни уметнички проекти како што е например Илинденскиот собир кој постана дел од Белградското културно лето, потоа традиционалната македонска вечер на денот на Свети Климент „Вечерва Вардар низ Белград нека тече“ и вечер на поезијата и виното „Од љубов не се бега“.

За својата работа Зафир Хаџиманов е добитник на повеќе награди како што се: Наградата на Југословенската естрада и прогласен е за Истакнат уметник на Србија; Наградата за животно дело на скопското Радио Буба во 2002 година; Мара;  Награда за животно дело, по гласање на гледачите на ТВ Јесењин, Нови Сад 2003 година и  во 2006 година наградата „Златна маска“ за ширење на македонската култура по светот. Покрај неколкуте награди за животно дело и Владата на Република Македонија во 2009 година го прогласува за Амбасадор на културата на Република Македонија во Република Србија.

 

Во брак со една од најпознатите југословенски пејачки Сенка Велетанлиќ – Хаџиманов, со која го имаат синот Васил Хаџиманов, познат џез-музичар. По стапките на својот татко и дедо Васил, денес се движи синот на Зафир и Сенка, Васил Хаџиманов, пијанист и  композитор.

10308174_10205343333317226_7748628497421439504_n

Творештво

Зафир Хаџиманов е автор е на стихозбирките „Шансони на хартија“, „Азил“, „Народен пејач“, „Пес-Пејачка“ и „Брат“, објавени на македонски и на српски јазик. Исто така, тој играл главни улоги во неколку филмови, како, на пример, „Македонска крвава свадба“.

Зафир Хаџиманов е носител на повеќе награди и признанија на фестивали за поезија и музика, меѓу кои на Струшките вечери на поезијата, во 1975 година и на Интернационалниот фестивал на шансони во Загреб, во 2003 година.

Од бројните песни што ги испеал, најпознати се: „Како Вардар“, „Љуби ме и главата горе“, Од љубов не се бега“ итн. По повод 55 години од неговото музичко творештво, на 28 ноември 2014 година бил промовиран неговиот компилациски албум со 19 песни, којшто во тираж од 10.000 примероци, на 3 декември бил дистрибуиран како подарок, во склоп на списанието „Теа модерна“. Проектот бил поддржан од Министерството за култура на Македонија, а издавач на албумот била продукциската куќа „Пасворд“.[2]

Во 2007 година, Зафир Хаџиманов бил промовиран во почесен амбасадор на културата на Македонија во Србија.[3]

2236_1094387074298_4726_n

Фестивали

  • 1965. Загреб – Човјек као ја
  • 1966. Опатија – Тамара
  • 1966. Сплит – Вражја Маре, друга награда публике
  • 1966. Сплит – Трешња (со триото “Јека”)
  • 1967. Сплит – Риђе косе
  • 1967. Сплит – До виђења у јесен (со Сенка Велетанлиќ)
  • 1969. Опатија – Био је мај
  • 1970. Загреб – Мари, Мари, Мари
  • 1971. Скопје – Панаѓур
  • 1972. Скопје – Како Вардар
  • 1973. Опатија – Украшћу те
  • 1973. Београдско пролеће – Циганске очи
  • 1973. Скопје – Зошто, награда “Сребрни мост”
  • 1974. Опатија – Хајде да се играмо мала (дует со Сенка Велетанлиќ)
  • 1974. Скопје – Туѓа си
  • 1975. Београдско пролеће – Од сунца до сна
  • 1976. Београдско пролеће – Спавај (со Владо и Бајко, и ансамблот Лоле)
  • 1978. Београдско пролеће – Плави жакет
  • 1978. Скопје – Љубов неверна, победничка песна
  • 1980. Београдско пролеће – Свирај свирче док зора не сване (со Тамбурица 5)
  • 1981. Загреб – Голубице, победничка песна (дует со Сенка Велетанлиќ)
  • 1982. Београдско пролеће – Београд, стари бекрија (дует со Сенка Велетанлиќ)
  • 1984. Опатија – Песма људе воли (со Сенка и Бисера Велетанлиќ)
  • 1985. Загреб – Треба нам лове (со Владимир Савчиќ Чобија)
  • 1986. Београдско пролеће – Докле тако Соња, прва награда
  • 1986. Макфест – Пуста била
  • 1986. Нишка јесен – Ромска песма, апсолутен победник
  • 1990. Макфест – Јануарска ноќ
  • 1991. Београдско пролеће – Јани Баћи, награда за интерпретација
  • 1993. Београдско пролеће – Свирај мој маестро

hadzimanov-05-custom-740x478

Наводи

  1. Следно Семејство Хаџиманови
  2. Следно Андријана Андова, „Да не ја сретнев мојата Сенка, ќе бев поинаков човек“, Антена, број 857, 28.11.2014, стр. 4-5
  3. Следно „Зафир Хаџиманов амбасадор на културата во Белград“

421523

Надворешни врски