награда за животно дело за 2016 год „Петре Прличко“ е Кирил Гравчев
1952 година
Завршил академија во Бугарија, во класата на Александар Илиев.
Во Народниот Театар „ Јордан Х.К.Џинот “ работи од 1970 година.
Кир Дима во „ Кир Јања “
Судски чиновник во „ Јазовец пред суд “
Марлиш во „ Стапица за беспомошен човек “
Тасим во „ …и така ја повикаа тајната “
Младичот во „ Кој ќе го спаси орачот “
Спиро во „ Чорбаџи Теодос “
Селанецот во „ Суд “
Цар Тројан во „ Цар Тројан “
Молерчето во „ Злосторство и казна “
Втор просјак во „ Расколникот од Хете им “
Дудук во „ Пеш “
Таса во „ Сомнително лице “
Цар Алексеј и Пил во „ Крал Иби “
Отец Хипотадеј во „ Панургие “
Степан во „ Женидба “
Гузман во „ Дон Жуан “
Јонче во „ Хамлет од Долно Дивјаци “
Антиох и Чиновник во „ Смртта на Тарелкин “
улога во „ Болницата на крајот од умот “
Тасе –Бербер во „ Последниот балкански вампир “
Воскресиј во „ Крчма на патот за Јевропа “
Ангароние во „ Шамокло Августина “
Прока во „ Нажалена фамилија “
Кире во „ Утешение грешним “
Кире во „ Грешните се утешија “
Болчински во „ Ревизор “
Чувар-Грујо во „ Килиба “
Бригела во „ Арлекин –слуга на двајца господари “
Генерал во „ Полицајци”
Бринг во „ Сиво со призвук на олово “
Прв Стражар во „ Фортинбрас е пијан “
Болничар-Бизнисмен во „ Соната во А-мол “
Матеј во „ Четириесет маченици “
Таткото, Полјак и Ѓаволи во „ Патенталија и Тантелина “ Кодошот и Хор во „ Плутос “
Зани во „ Комедија А “
Аурелие во „ Измамници “
Куси во „ Елешник “
Пастир во „ Ојдип тиранин “
Мачор во „ Змејот “
Гласникот во „ Лисистрата “
Кола во „ Провинциски плејбој “
Стрепсијад во „Облаци “
Арнаутин во „ Будење “
Дон Сабас во „ На полковникот нема кој да му пишува “
Соседот во „Жени во Народното Собрание “
Тома Диафоарус во „ Вообразен Болен “
Владимир Платонович Смирнин во „ Душичка “
Бринк во „ И што сега “
Тасо во „ Сомнително лице “
Сем во „ Враќање “
Пројко во „ Железно Пиле “
Фратар во „ Галилео “
Елис и Емерсон во „ Проклетството на изгладнетата класа “
Прв Граѓанин во „ Да се заборави Херострат “
Евелпид и Трибалот во „ Птици “
ИГРАНИ ФИЛМОВИ :
Тетовирање
Ангели на отпад
Преку езерото
Големата вода
Години на надеж
Прашина
Хај фај
ТВ ФИЛМОВИ :
На Балканот не се пие чај
Проколнати
Заборавени
Непокорни
Милтон Манаки
Мостот
Скопски Сновиденија
Северна грешка
Претежно ведро
Погрешно време
„Тоа што го научив од Прличко, се гледа на сцената“, рече Гравчев
Годинешен добитник на актерската награда за животно дело „Петре Прличко“ е Кирил Гравчев. Гравчев е актер на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов- Џинот“ кој зад себе има повеќе од сто актерски ролји во драмски претстави, во телевизиски филмови, а одигра и впечатливи епизоди во филмовите „Тетовирање“, „Големата вода“, „Преку езерото“, „Години на надеж“, „Прашина“.
Одлуката за наградата ја донесе жирито во состав: Кети Борисовска, Александар Ѓоргиев и Деан Дамјановски, а беше вчера објавена на прес-конференција.
„Неговиот богат дијапазон на ликови, топлината со која ги претставува на сцената, хуморот кој стигнува до последниот гледач во салата, го прават Гравче да биде еден од амблемите на велешки театар. Нему му е доволно да се појави на сцената и да ја освои публиката. Шармот и непосредноста со кои им пристапува на улогите, го прават поразличен и препознатлив, но и единствен меѓу плејадата актери од неговата генерација. Ако не беше тој, ќе имавме голема празнина на велешката сцена“, ја образложи наградата Александар Ѓоргиев, актер, член на жирито и колега на Гравчев од велешката театарска сцена. Кирил Гравчев е миленик на публиката, поседува препознатлив суптилен хумор, настапувал заедно и со Петре Прличко во претстави на театарот „Џинот“. Возбуден и среќен се заблагодари на признанието. „Со чичко Перица сме играле заедно, сум настапувал во негови престави. Многу сум среќен за оваа награда. Благодарам, ми значи и ме исполни. Тоа што го научив од него, се гледа на сцената“, рече Гравчев, кој е на театарската сцена од 1970 година.
Во велешкиот театар Кирил Гравчев доаѓа по укинувањето на професионалниот ансамбл и станува дел од младинското студио. Наградата спомен плакета со ликот на познатиот актер Петре Прличко и пари во висина од 500 евра ќе му биде врачена утревечер кога во негова чест, во театарот „Џинот“ ќе биде одиграна претставата „Старицата од Калкута“. Публиката ги помни неговите улоги како Кир Дима во „Кир Јања“, Спиров во „Чорбаџи Теодос“, Таса во „Сомнително лице“, Степан во „Женидба“, Бопчински во „Ревизор“. Тој настапуваше и во многубројните антички претстави изведувани на локалитетот Стоби.