Во прво лице
Љубовта – Суштина и слобода … Стјепан!
1. За себе: Своја, сигурна, збунета, среќна, тажна, храбра, плашлива, оптимистична, љубопитна…се што доброто битие може да го носи во себе!
2. За љубовта: Суштина и слобода. Избор на припадност и верба. Стјепан!
3. За животот: Сега!
4. За театарот: Бескрајна игра!
5. За доброто: Хранете го, будете го, носете го со себе. Така ќе сте на вистинсkиот пат!
6. За злото: Трули темели кои се рушат. Не градете живот на нив!
7. За непријателите: Ви благодарам што ме правите посилна!
А пријателите: Мое најчисто огледало. Човек сум богат што ги имам!
8.За глумата во животоt: Дајте друго повредно прашење.
9. За сценската прашинка: …и љубов и солза…и шамар и насмевка…и громогласен аплауз…траги од сенешто кои таа ги носи. Делче од магијата, магија на делото!
10. За колегите: Еден за сите и сите за еден!
11. За неодиграните улоги: Ќе дојдат кога треба да дојдат, во вистинското време и на вистинското место!
12. За идејата: Загонетливост која турка кон раст, развој и реализација!
13. За сонот: Бесплатна неограничена имагинација. Таму -можам се!
14. За јавето: Авантура која секојдневно ја откриваме!
15.За виното: Поезија во шише!
16. За семејството: Животно гориво, моето СЕ!
17. За крај: Верувај, ова е точка пред нов почеток!