Наше Театарче

Почитувани,

Kлиенти, пријатели, колеги и соработници!

ВЕБ страницата Наше Театарче ќе се занимава само и исклучиво со театар, односно во 90% па и повеќе со македонскиот театар! Бидејќи сме први во елктронскиот медиум кој во центарот го има македонскиот театар очекуваме театарските вљубеници, да не посетуваат, а со тоа да имаме од 20.000 до 50.000 клика дневно.
Нашата претензија не е да бидеме голем сајт, но идејата е нашите тетарски писма да бидат насладување на сладокусците, како и за сите оние кои се или биле потенцијални и веќе :видени: гледачи во Театарот.

Со идеја и молба да ни се приклучите во нашево театарско патешствие, од сега па и во иднина.
За контакт е – маил: teatarce@gmail.com,

Адреса: ” Стокхолмска ”   бр. 9   3/6

1000 Скопје

тел: /078 – 330 964           / 071 – 242403

Главен уредник:     Борче Грозданов

Директор:               Катерина Грозданова

 

%d0%bd%d0%b0%d1%88%d0%b5-%d1%82%d0%b5%d0%b0%d1%82%d0%b0%d1%80%d1%87%d0%b5-%d1%84%d0%b5%d1%98%d1%81%d0%b1%d1%83%d0%ba        Ѕидовите вековно биле граница

 

на овој или оној начин, но мене ми се најстрашни и најнеприфатливи Ѕидовите во мислата, зборот, идеата. Ѕидовите во умовите кои шетаат на секаде околу нас. Од тие причини, овие неколку години, месеци, денови сакав да земам мал чекан и да почнам прво од својата мисла, прво неа да ја рушам.
Како тоа, се прашувате!? Да се прашував и себе исто така!?.
ЗАВЕСАТА, бордо плишана се дигна, ТЕАТАРОТ почна, МАСКИ се разиграа, КОСТИМИТЕ лелеави, ЗБОРОВИ се тркалаат и се така до мигот кога стануваш дел од искрени вљубеници кои сакаат да туркаат ѕидови. Меѓу кои спаѓа и мојата маленкост. Преку Уметноста, а најмногу од се земската љубов Театарот. Маѓијата ТЕАТАР што ја храни душата некогаш слатко, некогаш отровно.
Така и отпочна оваа приказна за Наше Театарче, да се борам во сивилото, за белина и малку сонце, да го живеам и да го работам, она што ме и не прави најмногу среќни. Секако и успешни.
Катерина ГРОЗДАНОВА